17/09/2026
📌 УЈП на форумот „Посилни жени, поодржливи бизниси“
Претставници на Управата за јавни приходи учествуваа на форумот „Посилни жени, поодржливи бизниси“, посветен на поддршка, информирање и економско вклучување на жените претприемачки. Форумот се одржа на 15 септември во Скопје, во рамки на регионалниот проект „Економско вклучување и правда за жените од Западен Балкан“.
На форумот, претставниците на УЈП одржаа презентација на тема „Најчести предизвици за даночна усогласеност“, со фокус на практични информации од значење за микро и малите бизниси.
Учесничките се информираа за основните даночни обврски, роковите и процедурите, правилното водење документација и практичната употреба на електронските системи е-Даноци, е-ПДД и е-Фактура. Беа опфатени и најчестите грешки и предизвици при онлајн продажба, авансни плаќања и даночна контрола, по што следуваше отворена дискусија со прашања, искуства и практични појаснувања.
🤝 На форумот учествуваа и претставници од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, ЕБОР GEFF, ПроКредит Банка и Халк Банка, кои ги презентираа своите информации и можности за поддршка на жените претприемачки.
Преку ваквите активности се придонесува кон подобра информираност на жените претприемачки за нивните права и обврски, достапните форми на поддршка и правилното исполнување на законските обврски во деловното работење.