12/06/2026
Во Брвеница беше одбележан почетокот на проектот „Училишта на 21 век – Фаза 2“, преку кој учениците ќе стекнуваат нови знаења и практични дигитални вештини уште од најрана возраст, со употреба на micro:bit уреди.
Проектот се реализира во партнерство меѓу Министерството за дигитална трансформација, Британскиот совет и Македонски Телеком, со заедничка поддршка од над 350.000 евра.
Во оваа фаза ќе бидат опфатени 100 училишта, со фокус на учениците од 9 и 10 години. Ќе се обучат 1.000 наставници, а училиштата ќе добијат micro:bit уреди и потребна опрема за практична настава.
Преку micro:bit уредите, учениците ќе учат основи на програмирање, логичко и критичко размислување, решавање проблеми и сајбер безбедност. Проектот предвидува и онлајн консултации, онлајн micro:bit курс, како и два Coding Challenge настани, преку кои учениците ќе можат да ги покажат своите идеи, креативност и знаење.
Ова е дигитална трансформација во образованието со јасна цел: технологијата да стане алатка за подобро знаење, повеќе вештини и поголема самодоверба кај секое дете.
Министерството за дигитална трансформација продолжува да инвестира во генерации подготвени за економијата и општеството на 21 век.
#ДигиталнаТрансформација #УчилиштаНа21Век #ДигиталниВештини