Europass North Macedonia / Европас Северна Македонија

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Europass North Macedonia / Европас Северна Македонија

Europass North Macedonia / Европас Северна Македонија Подготвени да научите нешто ново?

Europass може да ви помогне да го направите следниот чекор во вашата кариера:

-лесно пребарување курсеви
-предлози прилагодени на курсот
-подгответе кратка биографија, мотивациско писмо и апликации
-статии за студирање, обука и волонтирање

Креирајте го вашиот Europass денес и испланирајте го учењето .

Вчера одржавме Европас кафе со две ученички од 4 та година од СУГС Георги Димитов-Скопје. Ученичките отворија свој Европ...
08/05/2026

Вчера одржавме Европас кафе со две ученички од 4 та година од СУГС Георги Димитов-Скопје. Ученичките отворија свој Европас профил и креираа Европас кратка биографија. Исто така на ученичките им беа презентирани и други алакти кои се наоѓаат на Европас платформата како Тест за дигитални вештини и мотивациско писмо. Европас центарот и понатаму продолжува со реализација на оваа активност.

21/04/2026

Did you know you can higlight Green Skills on your Europass profile? 🌱

Europass gives you a structured, internationally recognised way to do exactly that. Add your green competencies to your profile under My Skills — Europass will suggest related ESCO-aligned skills you may not have thought to include. Pair them with your language skills, and you present a competitive profile for the European green economy.

Your skills are already there. Make sure employers can see them. 🌱

🎯 Јануари исполнет со вештини, избори и нови перспективи 🌟Амбасадор Марија РашковскаВо текот на јануари 2026 година беа ...
25/02/2026

🎯 Јануари исполнет со вештини, избори и нови перспективи 🌟
Амбасадор Марија Рашковска
Во текот на јануари 2026 година беа реализирани активности во рамките на програмите Европас и Еврогајденс, со фокус на развој на кариерна писменост, саморефлексија и зајакнување на личните компетенции.

👥 44 учесници | 2 интерактивни работилници
Активностите беа спроведени во соработка со Општинската организација на Црвен крст – Струмица, што придонесе за одлична организација, ефективна координација и позитивна работна атмосфера.

🎯 Работилница за кариерно планирање
„Вашиот избор е ваша иднина – како кариерните одлуки ја обликуваат вашата иднина“
Сесијата беше насочена кон разбирање на кариерата како доживотен процес. Посебен акцент беше ставен на себеспознавањето – интересите, способностите и личните вредности како основа за поквалитетни одлуки.

💡 Работилница за Европас
Работилницата беше посветена на Европас како практична дигитална алатка за структуриран и компетентност-ориентиран приказ на личниот профил.
Преку дискусија и примери беше истакната важноста на јасно и релевантно претставување на стекнатите вештини.

🚀 Што покажаа активностите?
✔ Високо ниво на вклученост и интеракција
✔ Зголемена свесност за личниот развој
✔ Подлабоко разбирање на кариерното планирање
✔ Изразен интерес за користење на Европас

🤝 Партнерската соработка со Црвен крст – Струмица уште еднаш ја потврди важноста на заедничките иницијативи во поддршка на младите.

Кариерата се гради чекор по чекор – преку избори, искуства и континуирано учење. ✨

#Кариера #КариеренРазвој #Струмица #Млади #Вештини #Образование

24/02/2026
🎙️ Од клупа до кариера со Европас: Инспиративни јануарски емисии на УКЛО ФМ! 🌟Амбасадор: Кристијан СаламовскиЈануари го ...
24/02/2026

🎙️ Од клупа до кариера со Европас: Инспиративни јануарски емисии на УКЛО ФМ! 🌟Амбасадор: Кристијан Саламовски

Јануари го започнавме работно и креативно зад микрофонот на Универзитетското радио УКЛО ФМ-Битола. Снимивме две нови епизоди од емисијата „Од клупа до кариера со Европас“ кои се фокусираат на клучните чекори за успех на секој студент.

🌍 Студентски мобилности и искуства од Полска
Се споделија искуства од мобилностите како порта на студентите кон Европа. Преку реални примери од студентски престои во Полска, споделиме како меѓународното искуство гради самодоверба и отвора нови професионални хоризонти.

🎓 Активен студент или пасивен набљудувач: Изборот е твој
Ја анализиравме разликата помеѓу студентите кои чекаат можности и оние кои ги создаваат. Истакнавме зошто е важно редовно да се надградува Европас профилот со сертификати, конференции и пракси, наместо да се чека дипломирањето за креирање на првото CV .

✅ Што научивме? Како правилно да се документираат вештините стекнати преку мобилност. Зошто работодавачите ја ценат проактивноста повеќе од самиот просек. Како да се надминат изговорите и да се искористат достапните шанси за напредок. Особено нè радува фактот што по емисиите интересот кај студентите за аплицирање за мобилности е значително зголемен! Продолжуваме да информираме и мотивираме. 🚀

#Кариера #Мобилност #Битола #Студенти #Образование

Нови вештини за нова иднина: Успешни јануарски работилници! 🌟Амбасасор : Јасмина Калеовска​Месец јануари го заокружуваме...
24/02/2026

Нови вештини за нова иднина: Успешни јануарски работилници! 🌟
Амбасасор : Јасмина Калеовска
​Месец јануари го заокружуваме со одлична енергија и продуктивни презентации.
​🎓 Со учениците од СУГС „Панче Караѓозов“ - Скопје
Разговаравме за нивните идни професии и вештините кои им се потребни за успех. Младите матуранти покажаа огромен интерес за Europass платформата, учејќи како да креираат квалитетно CV кое ќе им ги отвори вратите за идна пракса и вработување.
​👩‍🏫 Со тимот на ЈУДГ „8 Март“ (клон Стапалче) - Скопје
Одржавме сесија со воспитниот кадар и негувателите. Се фокусиравме на моќта на Европас профилот и како истиот може да им помогне во пронаоѓање на дополнителни ангажмани и хонорарна работа во НВО секторот. Беше инспиративно да се види нивната мотивираност за доусовршување!
​✅ Што научивме?
​Како правилно да се користи Europass платформата.
​Што е потребно за едно CV да биде професионално и забележано.
​Важноста на постојаното надградување на дигиталниот професионален профил.
​Благодарност до сите учесници за проактивноста! Продолжуваме понатаму со нови знаења. 🚀
​ #КариеренРазвој #Образование #Вештини #Скопје #Работилници

Европас во училницаНа ден 11.02.2026 година во ООУ „Љубен Лапе“ – Аеродром, Скопје, беше реализирана едукативна работилн...
24/02/2026

Европас во училница

На ден 11.02.2026 година во ООУ „Љубен Лапе“ – Аеродром, Скопје, беше реализирана едукативна работилница на тема „Европас во училница“, под раководство на наставничката по англиски јазик Јасминка Костадиновска. Во активноста активно учествуваа околу 100 ученици од IX одделение.

Целта на работилницата беше учениците да се запознаат со значењето на биографијата (CV) како личен и професионален документ, како и со можностите што ги нуди европската платформа Europass за систематско и стандардизирано претставување на знаењата, вештините и компетенциите. Посебен акцент беше ставен на развивање на кариерната свест, дигиталната писменост и поттикнување на самостојноста кај учениците во процесот на планирање на нивниот понатамошен образовен и професионален развој.

Работилницата започна со интерактивна презентација за структурата и функцијата на CV-то, неговата примена при аплицирање за образование, обуки и вработување, како и за важноста од јасно и прецизно претставување на личните постигнувања. Преку дискусија и практични примери, учениците ги анализираа сопствените интереси, силни страни, училишни успеси и воннаставни активности.

Во практичниот дел беше демонстриран процесот на регистрација и креирање профил на платформата Europass. Учениците, со соодветна поддршка и насочување од наставничката, успешно се регистрираа и започнаа со изработка на сопствено Europass CV, внесувајќи податоци за образование, јазични и дигитални вештини, како и лични компетенции. Овој дел претставуваше конкретна примена на стекнатите знаења и значително придонесе за нивната мотивација и активно учество.

Во текот на реализацијата беше забележан висок степен на ангажираност, интерес и одговорност од страна на учениците. Тие пројавија високо ниво на свесност за сопствениот кариерен развој и способност јасно да ги идентификуваат и систематски да ги претстават своите знаења, вештини и постигнувања во стандардизиран формат на биографија.

Со спроведувањето на оваа активност се придонесе кон унапредување на дигиталните, комуникациските и кариерните компетенции кај учениците, како и кон нивно запознавање со современи европски алатки за личен развој и мобилност. Работилницата претставува значаен чекор во процесот на рано кариерно насочување и зајакнување на самодовербата кај младите.

За активноста беше објавена информација на официјалните профили на училиштето на социјалните мрежи:

Instagram: https://www.instagram.com/p/DUppL2ZCOTi/?utm_source=ig_web_copy_link&igsh=MzRlODBiNWFlZA== Facebook: (објава на официјалната Facebook страница на училиштето) https://www.facebook.com/share/p/1DDgnokXvB/

Со ова, училиштето ја потврдува својата заложба за континуирано унапредување на квалитетот на наставата и подготовка на учениците за идните образовни и професионални предизвици.

Спроведена обука „Европас во училница“, наменета за наставници од основни училиштаНа 19 февруари 2026 година во ООУ „Кир...
23/02/2026

Спроведена обука „Европас во училница“, наменета за наставници од основни училишта

На 19 февруари 2026 година во ООУ „Киро Глигоров“ – Скопје беше реализирана едукативна работилница на тема „Европас во училница“, наменета за учениците од деветто одделение. Активноста имаше за цел да ги запознае учениците со можностите што ги нуди европската платформа за планирање на образование и кариера – Europass.
На работилницата доброволно се пријавија и активно учествуваа 18 ученици, кои покажаа искрен интерес за темата и желба да стекнат нови знаења поврзани со кариерното планирање и дигиталните алатки. Нивната мотивација и одговорност придонесоа за создавање позитивна и работна атмосфера, исполнета со интеракција и практична работа.
Во текот на работилницата, наставникот Ѓорѓи Ристески го презентираше својот Европас профил и CV како практичен пример, објаснувајќи ги клучните елементи на квалитетна биографија, начинот на јасно и прецизно прикажување на личните вештини, компетенции и искуства, како и значењето на дигиталното портфолио во современиот образовен и професионален контекст. Особен акцент беше ставен на правилното структурирање на податоците, изборот на релевантни информации и прилагодувањето на биографијата во зависност од целта на аплицирањето.
Во практичниот дел учениците се регистрираа на платформата, ја верификуваа својата електронска пошта и успешно се најавија на сопствените профили. Со поддршка и насоки, тие започнаа со внесување на основни информации, образование, јазични и дигитални вештини, како и лични интереси. Дополнително, им беше демонстрирано како се креира биографија, како се уредува и редовно ажурира, како може да се преземе во различни формати (PDF, Word) или да се сподели електронски преку линк. Беше нагласено дека платформата е достапна на сите европски јазици, што овозможува полесна комуникација и аплицирање во меѓународен контекст.
Учениците покажаа висок степен на заинтересираност и ангажираност, поставуваа прашања и активно учествуваа во дискусијата, споделувајќи ги своите размислувања за идните професии и образовни патишта. Стекнатите знаења и вештини ќе им бидат од особена корист при аплицирање за идни европски проекти, мобилности, стипендии, размени и други образовни и професионални можности, како и при нивното понатамошно средношколско и академско насочување.

Работилницата беше реализирана со поддршка на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, во насока на поттикнување на европските вредности, развој на дигиталната писменост и јакнење на кариерното насочување кај младите. Ваквите активности претставуваат значаен чекор кон градење самоуверени, информирани и проактивни ученици подготвени за предизвиците на современото европско општество.

Реализирана работилница „Европас во училница“Во текот на денешниот наставен ден беше реализирана работилница со ученицит...
23/02/2026

Реализирана работилница „Европас во училница“
Во текот на денешниот наставен ден беше реализирана работилница со учениците од 9-то одделение во ООУ „Димитар Миладинов “– Центар, Скопје, со цел промоција и практична примена на платформата Европас како алатка за кариерно ориентирање и планирање на понатамошното образование.
Часот започна со воведно излагање за значењето, намената и можностите што ги нуди платформата Европас. Потоа следеше практичен дел, при што сите 22 ученици успешно креираа свои лични Европас профили, со насочување и поддршка од наставникот.
Работилницата беше реализирана под менторство на наставник по биологија – Апостолова Рената. Учениците покажаа висок степен на заинтересираност и активно учествуваа во реализацијата на активностите. Поставените цели на часот беа целосно остварени, а учениците стекнаа основни знаења и дигитални вештини поврзани со користење на Европас платформата.
Работилницата помина во организирана и работна атмосфера и претставува значаен придонес во подготовката на учениците за нивниот понатамошен образовен и професионален развој.
Во прилог на овој извештај се доставуваат фотографии од реализираната работилница, како и документ со список на учениците и нивните електронски адреси, креирани за потребите на активноста и платформата Европас.

Европас во училницаИме на активноста: „Европас во училница“Реализатор: Магдалена Сајкова, предметен наставник по македон...
23/02/2026

Европас во училница

Име на активноста: „Европас во училница“
Реализатор: Магдалена Сајкова, предметен наставник по македонски јазик
Време на реализација: 19.02.2026 – 20.02.2026
Училиште: ООУ „Стив Наумов“ – Битола
Општина: Битола
Број на учесници: 32 ( ученици од VIII и IX одделение)

1. Општо

Во периодот од 19 февруари до 20 февруари 2026 година, во просториите на ООУ
„Стив Наумов“ – Битола се реализираа дводневни работилници со ученици од осмо и деветто одделение во времетраење од еден час, како дел од ,,Европас во училницата“ со цел зајакнување на дигиталните и кариерните компетенции на учениците преку практично запознавање со европската платформа Европас, како официјална алатка на Европската Унија за претставување на европското образование, вештините, компетенциите на учениците и натаму, работните места.
2. Цели на работилницата

 Презентација на Европас платформата и суштинските документи кои обезбедуваат стандардизиран начин за презентирање на вештините и квалификациите низ Европа, олеснувајќи ја мобилноста и вработливоста.;
 Стекнување на вештини за правилно креирање на CV( Curriculum Vitae) во стандарден европски формат;
 Развивање на компетенции за лично претставување и планирање на образовниот план;
 Развивање на дигитална писменост и активно користење на дигиталните алатки на платформата за европско образование и мобилност.

3. Реализација

Во двата дена, 19-20.02.2026г. вкупно беа опфатени 31 ученици од осмо и деветто одделение.
Работилниците се одвиваа во еден час( шеесет минути).
Користени ресурси: лаптоп и проектор, бела табла, мобилни телефони со интернет.
 учениците се запознаа со платформата на Европас;
 креираа со насочување свои Европас-профили и се регистрираа на платформата;
 изработија сопствени Европас CV-а;
 успешно ги споделија CV-ата преку опцијата за споделување и преку хиперлинк, кој го испратија на меил кај реализаторот на работилницата;
 создадоа прво мотивациско писмо со користење на алатките на Европас;
 стекнаа компетенции за самостојно користење на платформата и ажурирање на податоци.

4. Резултати од работилницата

 Учениците се логираа на платформата преку сопствен профил;
 Изработија своја прва стандардизирана кратка биографија (CV) во европски формат со користење на понудените алатки на платформата;
 Дел од учениците изработија мотивациско писмо;
 Развија дискусија за корисноста и важноста на платформата и изразија желба работилницата да се продолжи за да се прегледаат сите понудени алатки и да се направи тестот за дигитални вештини понуден на платформата;

 Ја препознаа Европас платформата како корисна и бесплатна алатка за нивниот понатамошен развој и учество во понудените европски образовни програми на платформата.

5. Резиме
Работилниците ги постигнаа поставените цели и придонесоа за развој на дигиталните, комуникациските и социјалните компетенции на учениците, а во насока и на нивните идни професионални и кариерни определби.

По барање на учениците:
се препорачува работилниците да продолжат со цел да се истражат и искористат сите поставени алатки на платформата; да се има работилница за тестирање на дигиталните вештини на учениците; да се вклучат поголем број на ученици во работилниците; периодично да се случуваат работилници на кои ќе се прегледува напредокот, ажурирањето и содржините на CV-ата и мотивациските писма.
Да се следат и одржуваат слични работилници за да се биде во тек со европското образование; да се вклучуваат и поголем број на наставен кадар за да се следат понуди на проекти и вклучување во истите.

РЕАЛИЗИРАНАТА ЕДНОДНЕВНА оБУКА „ЕВРОПАС ВО УЧИЛНИЦА“Наставник: Љубинка СтојановскаУчилиште: ООУ „Ѓорѓија Пулевски“Датум ...
23/02/2026

РЕАЛИЗИРАНАТА ЕДНОДНЕВНА оБУКА „ЕВРОПАС ВО УЧИЛНИЦА“
Наставник: Љубинка Стојановска
Училиште: ООУ „Ѓорѓија Пулевски“
Датум на реализација: 18.02.2026 год
1. Предмет на извештајот
Известување за успешно реализирана работилница на тема „Европас во училница“, наменета за ученици од основното образование (VIII и IX одделение).
2. Цели на активноста
Активноста беше спроведена со цел промоција на европските алатки за транспарентност на вештините и квалификациите. Специфични цели:
• Запознавање на учениците со новиот Europass портал.
• Развивање на вештини за самоевалуација и идентификување на личните компетенции.
• Практично користење на дигитални алатки за креирање на Европско дигитално портфолио.
3. Опис на главната активност
Централниот дел од работилницата беше фокусиран на директно креирање на Europass профил. Активностите се одвиваа во неколку фази:
• Фаза 1: Информативна сесија. Презентација на можностите на Europass порталот и неговото значење во рамките на Европскиот простор за образование.
• Фаза 2: Креирање на профил. Учениците пристапија на официјалната веб-платформа europa.eu/europass и започнаа со процесот на регистрација.
• Фаза 3: Дефинирање на личните вештини и цели. Со помош на насоки од наставникот, учениците ги пополнија клучните секции:
• Лични податоци и образование: Со посебен осврт на моменталното образование во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“.
• За мене (About me): Каде учениците ги дефинираа своите кариерни цели и афинитети кон одредени професии (ИТ, медицина, уметност итн.).
• Дигитални и меки вештини: Мапирање на вештините за комуникација и тимска работа.
4. Постигнати резултати и влијание (Impact)
• Учениците се стекнаа со вештини за самостојно управување со сопственото дигитално портфолио, што е основа за доживотно учење.
• Секој присутен ученик започна или целосно го заврши својот прв дигитален Еуропас профил
• Преку методот на саморефлексија, учениците научија како да ги артикулираат своите неформални вештини (soft skills) на јазик разбирлив за образовните институции и идните работодавачи.
• Со дефинирањето на јасни цели во нивниот профил, учениците добија поголема сигурност во сопствените одлуки за понатамошно школување.
• Учесниците ја согледаа вредноста на Europass како универзален стандард кој им овозможува видливост на нивните квалификации низ целиот европски простор.

5. Предизвици во текот на работилницата

При реализацијата на практичниот дел, се соочивме со следните предизвици, кои беа успешно совладани:
• Технички препреки и пристап: Поради големиот број ученици кои истовремено пристапуваа на порталот, се појави привремено забавување на интернет конекцијата.
Решение: Учениците беа поделени во две групи, кои се приклучија на две посебни wi-fi мрежи.
• Тешкотии при самоевалуација: Учениците првично имаа потешкотии да ги дефинираат своите воннаставни активности како вештини.
Решение: Преку насочена дискусија, им беше објаснето дека училишните проекти, спортските активности и волонтерските акции се извор на клучни вештини како тимска работа и лидерство.
• Креирање на EU Login: Процесот на верификација на е-маил адресите одзеде повеќе време од планираното.
Решение: Беше применет моделот на „peer-to-peer“ поддршка, каде учениците кои побрзо ја завршија верификацијата им помагаа на своите соученици, со што се поттикна соработката.
6. Заклучок и евалуација
Работилницата „Europass – мојот пат кон иднината“ претставуваше успешно реализирана интервенција во областа на кариерната ориентација и развојот на дигитални компетенции кај учениците од завршната година. Преку примена на структуриран методолошки пристап, учениците ги надминаа почетните предизвици поврзани со користењето на дигиталните алатки и верификацијата на податоците.
Успешната техничка организација, особено во делот на менаџирањето со мрежните капацитети преку сегментација на пристапните точки, овозможи оптимална средина за работа. Резултатите од работилницата потврдуваат дека ваквиот тип на практична едукација е есенцијален за зајакнување на транспарентноста на компетенциите и за подготовка на учениците за предизвиците на европскиот пазар на трудот и образованието.

Address

Булевар Кузман Јосифовски Питу
Skopje
17

Opening Hours

Monday 08:30 - 16:30
Tuesday 08:30 - 16:30
Wednesday 08:30 - 16:30
Thursday 08:30 - 16:30
Friday 08:30 - 16:30

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Europass North Macedonia / Европас Северна Македонија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Europass North Macedonia / Европас Северна Македонија:

Share

Category