ОНБ "Браќа Миладиновци" - Радовиш

ОНБ "Браќа Миладиновци" - Радовиш Официјална facebook страна на Општинска Народна Библиотека "Браќа Миладиновци" од Радовиш

📚🇲🇰 24 Мај – Ден на сесловенските просветители Св. Кирил и МетодијДенес со особена почит и благодарност им оддаваме чест...
24/05/2026

📚🇲🇰 24 Мај – Ден на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј
Денес со особена почит и благодарност им оддаваме чест на светите браќа Кирил и Методиј – творците на словенската писменост, просветители и духовни водители на словенските народи.
Нивното дело претставува темел на словенската култура, образование и писменост, а нивната мисија оставила неизбришлива трага низ вековите. Благодарение на нивната посветеност и визија, словенските народи го добиле правото да учат, пишуваат и се изразуваат на свој јазик.
24 Мај е ден кога го славиме знаењето, книгата, просветата и силата на пишаниот збор. Ден што нè потсетува колку е важно да го чуваме и негуваме македонскиот јазик, култура и духовно наследство.

ОНБ ,,Браќа Миладиновци” – Радовиш, во соработка со НУ-УБ ,,Гоце Делчев” – Штип, денес го одбележа 15 Мај – Меѓународнио...
15/05/2026

ОНБ ,,Браќа Миладиновци” – Радовиш, во соработка со НУ-УБ ,,Гоце Делчев” – Штип, денес го одбележа 15 Мај – Меѓународниот ден на семејството со промоција на сликовницата „Кога ќе пораснам и јас сакам да бидам како Карло“, дело кое ги промовира семејните вредности, љубовта, почитта и другарството. 📚💚
На ова прекрасно дружење присуствуваа ученици од ООУ ,,Никола Карев” и ООУ ,,Крсте П. Мисирков” од Радовиш, како и ученици од ООУ ,,Ванчо Прке” од Штип, кои со големо внимание и љубопитност ја проследија приказната за малиот Карло.
Промотор на сликовницата беше Долорес Петров, претседател на Здружението на Хрвати во Македонија, која на прекрасен начин им ја доближи на децата пораката за семејството, љубовта и вистинските вредности.
Посебно уживање на настанот приредија учениците од ДМУЦ ,,Сергеј Михајлов” – Штип, кои со прекрасна музичка изведба внесоа дополнителна убавина, емоција и топлина во целокупната атмосфера.
Голема благодарност до колешката Соња Манева и до Долорес Петров – претседател на ЗХ ,,Либертас" во Македонија, за успешната организација и прекрасната соработка во реализацијата на овој настан.
Библиотеката денес беше исполнета со детски насмевки, радост и љубов кон книгата, потврдувајќи дека семејството и вистинските вредности се темел на секое детство. 💚

Преку прекрасната сликовница „Кога ќе пораснам и јас сакам да бидам како Карло“, заедно ќе ја славиме убавината на семеј...
14/05/2026

Преку прекрасната сликовница „Кога ќе пораснам и јас сакам да бидам како Карло“, заедно ќе ја славиме убавината на семејството, љубовта, почитта и вистинските вредности.
Ве очекуваме! 📚💚

Во чест на 15 Мај - Меѓународен ден на семејството, во соработка со Библиотеката "Браќа Миладиновци" од Радовиш, Карло на дружба и промовирање на семејните вредности со децата од овој град.

🎨Во просториите на ОНБ „Браќа Миладиновци“ беше отворена една поинаква, нежна и инспиративна изложба – „Цветот душата ја...
12/05/2026

🎨Во просториите на ОНБ „Браќа Миладиновци“ беше отворена една поинаква, нежна и инспиративна изложба – „Цветот душата ја краси“, од нашата талентирана сограѓанка Лидија Ивановска-Трајчева.
Изложбата претстави несекојдневен спој на природата и уметноста, каде преку внимателно пресувани цвеќиња беа создадени уникатни уметнички дела исполнети со нежност, боја и емоција. Секое дело раскажуваше своја приказна и ја доловуваше убавината на природата преточена во креативност и инспирација.
Посетителите имаа можност да уживаат во богатата палета од цветни композиции, изработени со многу трпение, љубов и посветеност, како и одблизу да ја видат уникатната техника со која природата се претвора во вистинска уметност. 🌸
Изложбата ја отвори г-ѓа Наташа Спасевска, која со своите инспиративни зборови ја истакна уникатноста на творештвото на Лидија Ивановска Трајчева и убавината што може да се создаде кога природата и уметноста ќе се спојат во едно.
Во текот на оваа недела изложбата ќе биде поставена во просториите на библиотеката, а посетителите ќе имаат можност да ги видат и разгледаат овие прекрасни уметнички дела.
Благодарни сме што нашата библиотека беше дом на оваа уникатна убавина и инспирација. 🌸📚✨

🎨 Почитувани љубители на уметноста,ОНБ „Браќа Миладиновци“ – Радовиш, Ве поканува на промоција на уметничката изложба „Ц...
07/05/2026

🎨 Почитувани љубители на уметноста,
ОНБ „Браќа Миладиновци“ – Радовиш, Ве поканува на промоција на уметничката изложба „Цветот душата ја краси“ – природа претворена во уметност, од нашата талентирана сограѓанка Лидија Ивановска-Трајчева. 🌸
Со многу љубов, креативност и посветеност, нашата сограѓанка од пресовани цвеќиња создава вистински уметнички дела, претворајќи ја природната убавина во нежна и инспиративна уметност. Секое дело носи своја приказна, емоција и дел од магијата на природата.
📅 12 мај
🕕 18:00 часот
📍 ОНБ „Браќа Миладиновци“ – Радовиш
Повелете да уживаме заедно во вечер исполнета со уметност, инспирација и убавина. ✨

📚 По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик  🇲🇰✍️Денес во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, со голема радост ...
05/05/2026

📚 По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик 🇲🇰✍️
Денес во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, со голема радост ги пречекавме учениците од четврто и петто одделение од ПОУ „Орце Николов“ с. Покрајчево, заедно со нивната наставничка Елена Милчов-Кулишиќ.
Покрај креативната работилница, учениците беа и во посета на библиотеката, каде имаа можност да читаат и слушаат делови од книги на македонски автори, уживајќи во светот на литературата и дружењето со книгата.
Преку творење, цртање со буквите и зборовите, тие ја покажаа својата љубов кон македонскиот јазик. Просторот беше исполнет со насмевки, детска радост и инспирација, а секое детско дело беше мал доказ за богатството на нашиот јазик.
Ваквите средби нè потсетуваат дека љубовта кон јазикот се гради од најрана возраст и дека токму преку креативноста и читањето тој најубаво се доживува.
Им благодариме на учениците и на наставничката за прекрасната дружба и со нетрпение очекуваме повторна средба! ✨

Јазикот е наш дом, наш корен и наша гордост.Да го чуваме македонскиот збор - денес и секогаш! ✨️🇲🇰✍️
05/05/2026

Јазикот е наш дом, наш корен и наша гордост.
Да го чуваме македонскиот збор - денес и секогаш! ✨️🇲🇰✍️

📚 Во ОНБ „Браќа Миладиновци“ – Радовиш се одржа општинскиот натпревар „Млади библиотекари 2026“, на кој учество зедоа уч...
30/04/2026

📚 Во ОНБ „Браќа Миладиновци“ – Радовиш се одржа општинскиот натпревар „Млади библиотекари 2026“, на кој учество зедоа ученици од основните училишта од општините Радовиш и Конче.
Натпреварот се одвиваше во пријатна и мотивирачка атмосфера, каде младите љубители на книгата го покажаа своето знаење, љубопитност и интерес за литературата и библиотечното работење.
🏆 По извршеното оценување, комисијата ги утврди следните резултати:
🥇 Прво место – Давид Манчев, од ООУ „Гоце Делчев“ – општина Конче, IX одделение, под менторство на Валерија Алексова;
🥈 Второ место – Теа Стојанова, од ООУ „Гоце Делчев“ – општина Конче, IX одделение, под менторство на Валерија Алексова;
🥉 Трето место – Викторија Станкова, од ООУ „Крсте П. Мисирков“, VIII одделение, под менторство на Томе Постолов.
📌 Ученикот Давид Манчев се стекна со право на учество на републичкиот натпревар „Млади библиотекари 2026“, кој ќе се одржи на 15 мај во Ресен.
👏 Искрени честитки до наградените ученици за постигнатите резултати, како и до сите учесници кои покажаа знаење, посветеност и љубов кон книгата.
Посебна благодарност упатуваме до нивните ментори, наставници и родители за поддршката и вложениот труд.

24/04/2026
По повод Светски ден на книгата и авторското право, во  ОНБ „Браќа Миладиновци“ – Радовиш се одржа промоцијата на книгат...
23/04/2026

По повод Светски ден на книгата и авторското право, во ОНБ „Браќа Миладиновци“ – Радовиш се одржа промоцијата на книгата ,,Радовиш и Радовишко од памтивек до денес“,
од нашиот роднокраен автор Оливер Бојаџиев.

📖 Ова значајно дело е резултат на долгогодишна посветеност и истражувачка работа.
Пред присутните се претстави богатата историја на Радовиш и Радовишко, збогатена со архивски податоци, сведоштва и вредни записи што го поврзуваат минатото со сегашноста.

Книгата беше препознаена како значаен придонес во зачувувањето на културното наследство и идентитетот на нашиот град.

✍️ Авторот Оливер Бојаџиев, преку ова дело, остави траен белег во афирмацијата на локалната историја, традиција и културни вредности.

Промотор на книгата беше Игор Чапов, кој со својот стручен и аналитички пристап понуди продлабочен осврт на содржината и значењето на книгата.

🎶 Настанот беше дополнително збогатен со музичка илустрација, чиј настап внесе посебна емоција и уметничка димензија во целокупната преубава атмосфера.

🖼 Во рамките на настанот беше поставена и изложба посветена на Радовиш, која преку визуелни елементи го долови духот, традицијата и културното богатство на нашиот град Радовиш.

Address

Ulica , Ilindenska" B. B
Radovis
2420

Opening Hours

Monday 07:00 - 19:00
Tuesday 07:00 - 19:00
Wednesday 07:00 - 19:00
Thursday 07:00 - 19:00
Friday 07:00 - 19:00

Telephone

+38932630028

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ОНБ "Браќа Миладиновци" - Радовиш posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to ОНБ "Браќа Миладиновци" - Радовиш:

Share

Category