Здружение Центар за развој и едукација- Прилеп

  • Home
  • Macedonia
  • Prilep
  • Здружение Центар за развој и едукација- Прилеп

Здружение Центар за развој и едукација- Прилеп Лиценциран давател на социјална услуга помош и нега во домот

🫶Имавме чест да бидеме домаќини на претставници на Светска банка и Единицата за управување со Проектот за развој на соци...
03/06/2026

🫶Имавме чест да бидеме домаќини на претставници на Светска банка и Единицата за управување со Проектот за развој на социјални услуги, со чија поддршка беше воспоставена услугата „Помош и нега во домот“, а воедно и услугата „Центар за дневен престој на стари лица за активно стареење“.

🧩На средбата присуствуваа директорот на Центарот за социјална работа – Прилеп, градоначалниците на општините Кривогаштани и Долнени, како и претставник од Општина Прилеп, со кои преку заедничка соработка успешно се реализираат активности во областа на социјалната заштита.

🎯Тимот на Здружението ги презентираше социјалните услуги што ги обезбедува за постарите лица, како и тековните иницијативи за социјално менторство и пилотирањето на интегрирани социо-здравствени услуги.
Посебно задоволство беше да ги слушнеме искуствата и приказните на негувателите ангажирани во услугата „Помош и нега во домот“, како и сведоштвото на корисник кој директно ја чувствува придобивката од оваа услуга.

🤝Ваквите средби се значајна потврда за важноста на партнерството, посветеноста и заедничките напори за унапредување на квалитетот на живот на постарите лица и развојот на социјалните услуги во заедницата, и можност да се заблагодариме на нашите поддржувачи и соработници за дадената доверба.

Продолжуваме со нашите хуманитарни активности Секој мал гест може да донесе надеж, насмевка и чувство дека никој не е са...
28/05/2026

Продолжуваме со нашите хуманитарни активности
Секој мал гест може да донесе надеж, насмевка и чувство дека никој не е сам

#социоздравствениуслуги #секоједеневажен

Пред три години започнавме една посебна приказна – услугата „Помош и нега во домот“ стана наша должност, наша мисија и н...
26/05/2026

Пред три години започнавме една посебна приказна – услугата „Помош и нега во домот“ стана наша должност, наша мисија и наш придонес за заедницата во општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени.

Зад нас се три години исполнети со многу предизвици, но уште повеќе успеси и достигнувања. Најголемата вредност што ја создадовме е колегијалноста, заедништвото и посветеноста меѓу сите 60 колеги и колешки, кои секојдневно несебично даваат поддршка, грижа и внимание.

Особено сме горди што преку оваа услуга обезбедивме помош и поддршка за над 200 лица во социјален ризик, внесувајќи сигурност, и човечка топлина во нивните домови.

Денес со гордост одбележуваме три години од почетоците на услугата, со желба уште многу години заедно да создаваме убави приказни, да се радуваме на заедничките успеси и да продолжиме да бидеме поддршка за оние на кои им е најпотребна.

Благодарност до сите кои се дел од оваа приказна !

Горди на нашиот тим! 🌟Со големо задоволство споделуваме дека нашите координаторки успешно ја завршија обуката и се стекн...
23/05/2026

Горди на нашиот тим! 🌟

Со големо задоволство споделуваме дека нашите координаторки успешно ја завршија обуката и се стекнаа со сертификати за Ментори за работна интеграција! 🎓

Во нашата организација цврсто веруваме дека континуираното усовршување е клучот за успех.
Со стекнувањето на овие нови знаења и вештини, нашиот тим е уште поподготвен да даде поддршка и да отвори нови можности во заедницата.

Честитки до нашите вредни координаторки за посветеноста и желбата за напредок! 👏

Паблик / Public

#социјалноМенторство #РаботнаИнтеграција #Успех #ДоживотноУчење

💚 Денес, заедно со учениците од секторот Текстил, кожа и слични производи при  СОУ “Ѓорче Петров„-Прилеп  изработивме ма...
22/05/2026

💚 Денес, заедно со учениците од секторот Текстил, кожа и слични производи при СОУ “Ѓорче Петров„-Прилеп изработивме марами кои ќе се користат во нашите активности за постарите лица.

➡️Поврзувањето на младите и повозрасните е иницијатива што овозможува заедничко вклучување на сите нас во креирање на средина исполнета со почит, поддршка и меѓугенерациска солидарност.
Преку ваквите активности се поттикнуваат креативноста, емпатијата и чувството на заедништво, а младите
добиваат можност одблиску да ја почувствуваат вредноста на
малите нешта кои може да ги направиме за постарите лица.

🍀 Голема благодарност до учениците и професорите за соработката,
вложениот труд и покажаната хуманост.💚

https://otv.mk/humanost-i-grizha-prezentirani-pozitivnite-efekti-od-proektot-transact/?fbclid=IwdGRjcAR68UxleHRuA2FlbQIx...
20/05/2026

https://otv.mk/humanost-i-grizha-prezentirani-pozitivnite-efekti-od-proektot-transact/?fbclid=IwdGRjcAR68UxleHRuA2FlbQIxMQBzcnRjBmFwcF9pZAo2NjI4NTY4Mzc5AAEe0rDWt0YQeA_-zv3DwocRN4GAVgWxTzQX7RaR0GmSI5S5Q901doxGUlict0Y_aem_MpgMm5PAHHL5QrifDOCaSQ

На 19.05.2026 година во Центарот за социјални претпријатија – Скопје се одржа презентација на постигнувањата од проекти финасирани од Австриското

https://www.mtsp.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/soopstenija/sabriu-zaednicki-gradime-sistem-na-poddrska-za-najranlivite-...
19/05/2026

https://www.mtsp.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/soopstenija/sabriu-zaednicki-gradime-sistem-na-poddrska-za-najranlivite-kategorii-gragjani?fbclid=IwdGRjcAR5fJ1leHRuA2FlbQIxMQBzcnRjBmFwcF9pZAo2NjI4NTY4Mzc5AAEeIKKGQsvVL0EJEc0n_WmCnuUDysnF8Xd3FlyK1tt1Z5R7lZcPnEAOjqgAJ64_aem_B0uv4Axx_bri5dxfLQk2kw

Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со Амбасадата на Австрија во Република Северна Македонија, денес одржа работилница на која...

🇲🇰🇦🇹 Денес во Центарот за социјални претпријатија – Скопје се одржа презентација на постигнувањата од проектот TRANSACT,...
19/05/2026

🇲🇰🇦🇹 Денес во Центарот за социјални претпријатија – Скопје се одржа презентација на постигнувањата од проектот TRANSACT, по една година теренска работа и практична примена со корисници. 🇦🇹🇲🇰

👉 На настанот беа присутни и претставници од други организации кои работат на проекти поддржани од Австриското Федерално министерство за труд, социјални работи, здравство и заштита на потрошувачи, кои исто така ги презентираа своите проекти.

🇲🇰🇦🇹 Настанот беше свечено отворен од аташето на Австриската амбасада, г-дин Харaлд Бреза-Фугер, како и од г-дин Фатмир Сабриу, државен секретар во Министерството за социјална политика, демографија и млади.

➡️ Настанот претставуваше важен момент за споделување на резултатите, искуствата и досегашниот напредок во рамки на проектот, како и за понатамошна соработка и развој на социјалните услуги.

🍀Проектот ТРАНСАКТ нуди бесплатни услуги: медицинска сестра, физиотерапевт, психолошка поддршка, специјален едукатор и рехабилитатор, логопед, социјален рабитник за територијата на општините Прилеп, Кривогаштани, Долнени, Градско и Старо Нагоричане. До сега се опфатени над 300 корисници и поделени над 350 хуманитарни пакети. Проектот опфати и набавка на мобилна опрема за физиотерапевти, медикаментозна терапија за лица со ретки болести како и низа додатни активности- мерење на мимерален и витамински статус, настани по повод розов октомври како и 16 дена против родово базирано насилство и други настани од социо-здрвствен карактер. 🍀

16/05/2026

Address

Prilep
7500

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Здружение Центар за развој и едукација- Прилеп posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Здружение Центар за развој и едукација- Прилеп:

Share

Category