Општина Прилеп

Општина Прилеп Официјална страна на Општина Прилеп.

УСПЕШНО ЗАВРШИ ПРОЕКТОТ „ПЕДАЛИ И ПРИКАЗНИ“Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, присуствуваше на завршни...
04/06/2026

УСПЕШНО ЗАВРШИ ПРОЕКТОТ „ПЕДАЛИ И ПРИКАЗНИ“

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, присуствуваше на завршниот настан од проектот „Педали и приказни“, со кој официјално беше заокружен шестмесечниот процес на креативни, едукативни и активистички активности насочени кон промоција на велосипедската култура, младинското учество и грижата за животната средина.
Проектот беше реализиран од Форумот за авангардна креативност – ФАК Прилеп во соработка со здружението „Go Green“, а со финансиска поддршка од фондацијата HEARTEFACT и Амбасадата на Швајцарија.
Централно место на настанот имаше промоцијата на новиот мурал во дворот на СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ изработен од учениците под менторство на професорот Методи Исков. Преку својата креативност и уметнички израз, младите испратија силна порака за значењето на одржливата мобилност, велосипедизмот и заштитата на животната средина. Муралот ќе остане како траен белег во училиштето и градот, сведоштво за ангажираноста, талентот и визијата на младите генерации.
Во рамките на завршниот настан беше организирано и велосипедското дефиле „Критична маса“, кое започна од плоштадот „Александрија“, а заврши во дворот на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, симболично поврзувајќи ги јавниот простор, активниот начин на живот и граѓанската одговорност. Настанот беше дополнително збогатен со музичка програма, настап на училишниот бенд и диџеј-сет на учениците од СОУ „Ѓорче Петров“, што уште еднаш ја потврди одличната соработка меѓу средните училишта во градот.
Во своето обраќање, градоначалникот Проданоски ја нагласи важноста од поддршка на иницијативите кои ги поттикнуваат младите да бидат активни чинители во заедницата, истакнувајќи дека Прилеп отсекогаш бил град на културата, креативноста и прогресивните идеи.
„Преку вакви проекти се создаваат нови можности за младите, се поттикнува културниот живот, се развива граѓанската свест и се градат вредности кои придонесуваат за поубава и поодржлива иднина за сите“, истакна градоначалникот.
Општина Прилеп изразува искрена благодарност до СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, Форумот за авангардна креативност – ФАК Прилеп, здружението „Go Green“, фондацијата HEARTEFACT и Амбасадата на Швајцарија за нивната поддршка и доверба во проектите што ги афирмираат младите и ја унапредуваат локалната заедница.
Благодарност упатуваме и до професорот Методи Исков, до учениците кои беа директни креатори на муралот, до СОУ „Ѓорче Петров“, до наставниците, волонтерите, поддржувачите и сите учесници кои придонесоа за успешна реализација на проектот.
Општина Прилеп и понатаму ќе биде активен партнер на иницијативите кои ги обединуваат образованието, културата, младинскиот активизам и одржливиот развој, со цел создавање поквалитетна, поинклузивна и поактивна заедница за сите граѓани.

„КОГА ЗБОРУВА РАЦИН – ЗБОРУВА МАКЕДОНИЈА“Во организација на ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп, а со поддршка на Општина Прилеп, ...
03/06/2026

„КОГА ЗБОРУВА РАЦИН – ЗБОРУВА МАКЕДОНИЈА“

Во организација на ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп, а со поддршка на Општина Прилеп, успешно се одржаа вторите по ред Рацинови средби, манифестација посветена на ликот и делото на големиот македонски поет и револуционер Кочо Рацин.

Во соработка со училиштата „Кочо Рацин“ од Могила, Дојран, Блатец и Велес, дводневната манифестација беше исполнета со бројни културни, образовни и забавни активности, кои на учениците им овозможија да се запознаат со богатото културно и историско наследство на Прилеп и Македонија.

Програмата започна со полагање цвеќе на Могилата на непобедените, а учесниците ги посетија Меморијалниот музеј „11 Октомври“, Галеријата на икони, Музејот за тутун, манастирот „Св. Архангел Михаил“ – Варош и повеќе значајни локалитети во градот.

Во текот на средбите се реализираа драмски изведби, едукативни натпревари, тимски игри, музички настапи и туристички тури низ Прилеп. Преку секоја активност учениците ја оживуваа мислата и делото на Кочо Рацин, потврдувајќи дека неговото творештво и денес претставува силна порака за идните генерации.

Завршната свеченост се одржа во амфитеатарот во Варош, каде преку богата музичко-културна програма, песни и рецитали посветени на Рацин, беше заокружено овогодишното издание на Рациновите средби.

Општина Прилеп ќе продолжи да ги поддржува настаните што го негуваат македонскиот јазик, литературата, културното наследство и вредностите што нè обединуваат како народ.

03/06/2026
02/06/2026

Кампањата „Zero Waste – Биди дел од играта – Да ја чуваме нашата планета“ е дел од Plazma спортските игри на младите. Главната цел на оваа иницијатива е да развие еколошка свест кај децата и младите, да ги поттикне на здрави животни навики и физичка активност, како и да укаже на важноста од заштитата на животната средина преку спорт и дружење. 🟢

Програмата се реализира на креативен и интерактивен начин преку два главни дела:
Првиот дел опфаќа теоретска едукација и квиз преку кои децата учат за заштитата на воздухот, водата, биодиверзитетот, климатските промени и правилното рециклирање на отпадот.
Вториот дел е спортски натпревар на таканаречениот „зелен SIM полигон“, каде екипи во штафетен формат водат топка околу препреки и имаат задача практично и правилно да го сортираат отпадот во соодветните контејнери за пластика, лименки и хартија.

СЕ ГЛЕДАМЕ ВО ПРИЛЕП! 🏃🫶⚽

Министерство за спорт / Ministry of sports
Plazma (zvanična stranica)
Plazma Sportske igre mladih
Sparkasse Leasing Macedonia
Sparkasse Bank AD Skopje
Пивара Скопје / Pivara Skopje
Coca-Cola

02/06/2026
На 3 јуни (среда), со почеток во 10:00 часот на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“, Прилеп ќе биде домаќин на зонските...
02/06/2026

На 3 јуни (среда), со почеток во 10:00 часот на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“, Прилеп ќе биде домаќин на зонските натпревари во рамките на проектот „Спортски игри за млади – Плазма“, најголемата спортско-едукативна манифестација за деца и млади.

На спортските терени своите вештини, спортски дух и натпреварувачки способности ќе ги покажат ученици од основните училишта од општините Прилеп, Долнени, Демир Хисар, Кривогаштани и Крушево, кои преку дружење, фер-плеј и тимска игра ќе испратат силна порака за значењето на спортот во правилниот развој на младите генерации.

Настанот е во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија и Сојузот за училишен спорт на Општина Прилеп, а се реализира под покровителство на Општина Прилеп и Министерството за спорт.

Ги покануваме сите граѓани да дојдат и да ги поддржат младите спортисти, да уживаат во натпреварите и заедно да бидеме дел од една прекрасна спортска приказна која ги промовира здравите животни навики, другарството и вистинските вредности.

Да навиваме за младите, да го славиме спортот!

Советот на Општина Прилеп го усвои Општинскиот енергетски план за 2027 годинаНа денешната 15-та вонредна седница, Совето...
01/06/2026

Советот на Општина Прилеп го усвои Општинскиот енергетски план за 2027 година

На денешната 15-та вонредна седница, Советот на Општина Прилеп го усвои Општинскиот енергетски план за 2027 година, стратешки документ чија основна цел е намалување на трошоците за електрична енергија и унапредување на енергетската ефикасност преку конкретни, одржливи и издржани решенија.

Со донесувањето на овој план, за првпат се воспоставува јасен, структуриран и контролиран систем за планирање на енергетските инвестиции на локално ниво. Планот овозможува поголема регулација, предвидливост и рамномерен развој на енергетските капацитети во општината, создавајќи услови за поефикасно управување со енергетските ресурси.

Општинскиот енергетски план за 2027 година содржи предлози за инвестиции и иницијативи на инвеститори кои планираат реализација на енергетски објекти со инсталирана моќност до 1 мегават. Воедно, предвидува мерки за зголемување на уделот на обновливите извори на енергија, рационално користење на енергијата и подобрување на енергетскиот менаџмент.

Планот е усогласен со стратешката визија за одржлив локален развој преку зголемување на локалното производство на енергија од обновливи извори, пред сѐ преку поставување фотоволтаични системи на кровни површини и на соодветно избрани локации, како и преку намалување на потрошувачката на енергија во јавниот сектор.

Со воспоставувањето на овој систем се поставуваат темелите за долгорочно, стратешко и контролирано управување со енергетските инвестиции, во интерес на граѓаните, Општина Прилеп и локалната економија.

Општинскиот енергетски план за 2027 година е изработен согласно националното законодавство во областа на енергетиката, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија. Документот е усогласен со националните цели и мерки утврдени во Интегрираниот национален енергетски и климатски план, во соработка со Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Во интерес на целосна транспарентност и информираност на јавноста, Општинскиот енергетски план за 2027 година ќе биде објавен на официјалната веб-страница на Општина Прилеп.

Почитувани сограѓани,Ве информираме дека на ден 26.05 (вторник) и 27.05 (среда), во периодот од 22:00 до 05:00 часот, ек...
26/05/2026

Почитувани сограѓани,
Ве информираме дека на ден 26.05 (вторник) и 27.05 (среда), во периодот од 22:00 до 05:00 часот, екипа од Центарот за јавно здравје – Скопје ќе ја спроведе првата фаза од адултицидната терестрична дезинсекција (од земја) на територијата на Општина Прилеп, со цел уништување на комарци.

Дезинсекцијата ќе се изведува со УЛВ апаратура за ладно замаглување, поставена на пикап возило, со претходница од друго возило означено со ротационо светло.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени сите урбани заедници во градот Прилеп и неговата периферија, како и населените места:
Мажучиште, Ореовец, Лениште, Селце, Лагово, Беровци, Кадино Село, Галичани, Тополчани, Ерековци, Канатларци, Чепигово, Тројкрсти, Мало Коњари и Големо Коњари.

Се известуваат пчеларите навремено да преземат соодветни превентивни мерки за заштита на пчелните семејства, со цел избегнување на евентуални несакани последици.

Во случај на неповолни временски услови (дожд и ветер), дезинсекцијата ќе биде одложена за првиот нареден поволен ден.

Општина Прилеп апелира до граѓаните за разбирање и почитување на препораките, со цел успешно и безбедно спроведување на активностите.

24/05/2026

Address

Prilep

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Telephone

+38948401701

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Општина Прилеп posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share