05/06/2026
УЧЕНИКОТ НИКОЛА ПАВЛЕСКИ СО МЕЃУНАРОДЕН УСПЕХ ВО ШАХ
СОУ „Ристе Ристески - Ричко“ упатува најискрени честитки до нашиот ученик од III-1 клас, Никола Павлески, за извонредниот успех остварен на шаховските турнири во Алексинац, Република Србија.
Како член на ШК „Мулти Есенс“, Никола во двата настапи беше најдобро пласиран македонски шахист. На турнирот во стандарден шах „Опен Лав 2026“ го освои второто место и нови 36 рејтинг поени, со што стигна до рејтинг од над 2000 поени, додека на турнирот во забрзан шах го освои високото четврто место – и во двата пресмета останувајќи целосно непоразен.
Со овие врвни резултати, Никола обезбеди пласман на претстојното Светско младинско првенство кое од 14 до 27 јуни 2026 година ќе се одржи во Монтесилвано, Италија, каде што ќе биде единствениот македонски претставник во својата категорија.
Му честитаме на Никола за покажаниот талент, дисциплина и исклучителен успех. Училишниот колектив е горд на неговите постигнувања и му посакува среќа и нови победи на Светското првенство во Италија🍀♟️