NSDP Prilep

NSDP Prilep Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from NSDP Prilep, Political organisation, Бизнис Центар лок . 87, Prilep.

29/06/2026
26/06/2026

⛔️ДВЕ ГОДИНИ ПРАЗНИ ЗБОРОВИ И ПОЛНИ ЏЕБОВИ НА ВЛАСТА‼️

По две години од работата на Владата на Христијан Мицкоски, НСДП оценува дека граѓаните се соочуваат со изневерени очекувања и низа нереализирани ветувања.

Наместо најавените промени и напредок, сведоци сме на празни ветувања и пропаднат патриотизам кој остана само на зборови, додека реалните проблеми на граѓаните се продлабочуваат.

Власта ужива во удобностите на институциите, додека голем дел од населението се соочува со сè поголема сиромаштија. Нема реален раст на животниот стандард, а инфлацијата и континуираната скапотија директно го уриваат стандардот на граѓаните.

Во изминатиот период не се реализирани значајни капитални проекти кои би донеле долгорочен развој и стабилност. Наместо тоа, јавноста е сведок на секојдневни политички настапи и беседи на премиерот насочени кон пресметка со неистомислениците, наместо кон решавање на реалните проблеми.

Работниците остануваат на маргините на општеството, без јасна перспектива и без вистинска заштита на нивниот труд и достоинство.

Дополнително, државата нема јасна и доследна стратегија за европските интеграции. Додека регионот се движи напред кон Европската Унија, Владата покажува отсуство на јасна насока и конкретни чекори за придвижување на евроинтеграцискиот процес.

НСДП смета дека е потребна одговорна, развојна и европска политика која ќе биде насочена кон граѓаните, а не кон политички маркетинг и поделби.

Изборот на нова влада „Мицкоски 2.0“ се сведува на обид за замачкување на реалноста, на неработењето и безидејноста, додека главната изборна лага „Твоја Македонија“ сè повеќе се претвора во систем на тесни кругови и фирми кои добиваат тендери и привилегии.

По две години власт, јасно е дека власта сè повеќе се оддалечува од народот и реалните проблеми. Итно е потребно сериозно соочување со сопствените грешки, отсуство на резултати и неработењето, наместо постојано барање виновници на друго место.

НСДП смета дека одговорноста за состојбата во државата е исклучиво кај оние кои ја водат Владата, а граѓаните очекуваат подобрување на животниот стандард и конкретни решенија за нивните проблеми.

06/06/2026

Фотогалерија од Седмиот конгрес на НСДП, 31 мај 2026 година, хотел Хилтон, Скопје

31/05/2026

Претседателот на Нова социјалдемократска партија (НСДП), Горан Мисовски, од говорницата на седмиот конгрес на партијата порача дека државата се движи во погрешна н...

Address

Бизнис Центар лок . 87
Prilep
7500

Opening Hours

Monday 19:30 - 23:00
Tuesday 19:30 - 23:00
Wednesday 19:30 - 23:00
Thursday 19:30 - 23:00
Friday 19:30 - 23:00

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when NSDP Prilep posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share