19/08/2023
Денес означуваме 33 години од постоењето на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
Прилеп и прилепчани, нашите сограѓани и сопартијци, секогаш биле меѓу првите на браникот на татковината. Секогаш знаеле да го препознаат вистинскиот момент кога на Прилеп и Македонија им биле најпотребни, никогаш не потклекнувајќи пред заканите и неправдите.
Живееме во време на масовен грабеж врз грбот и маката од народот, време на бесрамно тргување со националните интереси и распродавање на историјата и се' она што како наследство ни оставија нашите предци, во време кога криминалците на власт од редовите на СДСМ и ДУИ не знаат за доста.
Како во минатото, така и сега, наша обврска е да го спречиме тоа. Така ќе биде и овој пат.
Честит роденден ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. Заеднички ќе се избориме Прилеп и Македонија да бидат пристојни места за живеење.