Црвена Младина - Прилеп

Црвена Младина - Прилеп Локален огранок на Црвена Младина

13/08/2026

🚩Како е можно директори поставени од власта да ги дискриминираат родителите, односно Татковците ?

Зарем мајките имаат поголемо право да одлучуваат за иднината на своите деца од татковците?

Дали учениците во тоа училиште треба да добиваат порака дека мислењето и грижата на мајката вредат повеќе од оние на таткото?

Родовата дискриминација не смее да има место во образованието, а најмалку во училиштата, каде што треба да се воспитуваат идните генерации во духот на еднаквост и почитување!

🚩Вечна им слава! На 8 август 2001 година 10 резервисти беа убиени, а тројца ранети кога конвој од хермелин, два автобуса...
08/08/2026

🚩Вечна им слава!
На 8 август 2001 година 10 резервисти беа убиени, а тројца ранети кога конвој од хермелин, два автобуса, камион и комбе од Прилепската касарна одел кон Тетово. Кај месноста Карпалак конвојот бил пречекан во терористичка заседа во 9:30 часот и врз него бил отворен жесток оган од тешки митралези и рачни ракетни фрлачи. Едно транспортно возило било погодено со ракетен фрлач, при што загинале осум војници и двајца офицери, сите од резервниот состав. Со ракетен фрлач бил погоден и еден од автобусите. Борбите за извлекување на преживеаните 108 луѓе траеле повеќе часови.

✊Вера Циривири Трена (1923–1944) е една од позначајните млади личности од македонското Народноослободително движење во В...
15/07/2026

✊Вера Циривири Трена (1923–1944) е една од позначајните млади личности од македонското Народноослободително движење во Втората светска војна.
🚩Вера Циривири Трена е родена во 1923 година во Прилеп. Потекнувала од семејство со револуционерни традиции. Уште од младоста била заинтересирана за општествените случувања и за борбата против неправдите и окупацијата.
🚩По окупацијата на Македонија во 1941 година, Вера се вклучила во антифашистичкото движење. Како млада активистка учествувала во илегална работа:
пренесувала пораки и материјали,
помагала во организирање на отпорот,
одржувала врски меѓу борците и илегалците,
учествувала во активности против окупаторските сили.
🚩Поради нејзината храброст и посветеност била почитувана меѓу соборците.
Во октомври 1944 година, непосредно пред ослободувањето на Прилеп, Вера Циривири Трена загинала во борбите против окупаторските сили. Нејзината смрт на 21-годишна возраст ја вброила меѓу младите борци кои останале запаметени по својата жртва.
🚩По војната нејзиниот лик бил прогласен за симбол на:
младешка храброст,
борба за слобода,
посветеност кон идеалите во кои верувала.
🚩Во нејзина чест има улици и спомен-обележја, а нејзиното име е присутно во историјата и меморијата на Прилеп и Македонија.

08/05/2026

🚩Денес пред Прилеп уште еднаш се покажа колку тешко се прифаќа гласот на младите кога зборува гласно и без страв. Наместо слух и дијалог добивме порака да не доаѓаме на седница. Претседателката на советот не извести пред седницата дека нема потреба да присуствуваме, поднесовме барање за присуство и тоа го одби .
Но ова не е крај.
🚩Ова е само доказ дека сме на вистинското место и дека нашите барања допираат таму каде што најмногу боли. Време е младинскиот глас да се слушне гласно, без игнорирање и без празни ветувања. Бараме повеќе транспарентност, реални решенија и вистинска поддршка за младите во градот.
Промените не доаѓаат сами — тие се создаваат со присуство, став и борба. ✊🏻

Сакаат да верувате дека „работничката класа“ исчезнала со рудниците за јаглен.Само затоа што носите слушалки, седите зад...
01/05/2026

Сакаат да верувате дека „работничката класа“ исчезнала со рудниците за јаглен.

Само затоа што носите слушалки, седите зад лаптоп или возите за апликација, не значи дека сте ја надминале борбата. Ако не ја поседувате компанијата, софтверот или земјиштето, вие сте работник.

Без разлика дали сте келнер, фриленсер, студент или фабрички работник: денес е ден за штрајк.

Нема работа, нема училиште, нема трошење. Време е да се затвори сè.

Обединети, имаме моќ.

28/04/2026

Нема да молчиме за геноцидот, апсете нѐ сите!

16/03/2026

Премногу изгубени млади животи за да остане сѐ исто...
💔 16.03.2025 🕊️

08/03/2026

🚩8 Март не е ден за рози и празни зборови.
Тоа е ден кога се потсетуваме дека женските права се изборени со борба, штрајкови и отпор.
🚩 Додека политиката зборува за „еднаквост“, реалноста е ниски плати, експлоатација и дискриминација.
🚩 Денес стоиме со жените кои секојдневно се борат за достоинство и правда. Борбата не завршува со честитка – таа продолжува секој ден. ✊

#Левица

02/03/2026
21/02/2026

Денес, на 21 февруари — Меѓународниот ден на мајчиниот јазик — потсетуваме дека јазикот не е само средство за комуникација, туку право, идентитет и културна меморија.
Во свет во кој доминираат економски и политички центри на моќ, малите јазици сѐ почесто се туркани на маргините. Борбата за мајчин јазик е борба за еднаквост, за пристап до образование, за достоинство и за глас на секоја заедница.
Да зборуваш на својот јазик значи да постоиш.
Македонскиот јазик е жив доказ дека идентитетот, историјата и правото на самоопределување не се преговараат — тие се бранат и негуваат.

Address

Prilep
7500

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Црвена Младина - Прилеп posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Црвена Младина - Прилеп:

Shortcuts

Share