31/05/2026
РАБОТНА АКЦИЈА - ДА БИДЕМЕ ПРИМЕР КАКО СЕ САКА ДРЖАВАТА КОГА НАДЛЕЖНИТЕ СЛУЖБИ СПИЈАТ
♥️ Со многу љубов, слога и добра организација го средивме детскиот парк и му дадовме нов живот! Му ја вративме душата, па сега дечињата конечно имаат чисто и безбедно место каде што можат безгрижно да си играат.
💙🤍♥️Ги враќаме во мода поранешните работни акции кои беа пример во Југославија за тоа како се сака и чува сопствената држава.
Тие некогаш имаа голема улога во изградбата и обновата, но уште повеќе во зближувањето и социјализацијата на луѓето.
⚠️ Пред акцијата, ова место беше буквално извор на зараза – обраснато во грмушки и претворено во змијарник кој личеше на сè, освен на парк за деца!
🤝 Големо БЛАГОДАРАМ до сите комшии за нивната вклученост и безрезервна поддршка!