25/03/2026
ДЕМОКРАТИ: 250 МИЛИОНИ ЕВРА ОД УНГАРСКИОТ КРЕДИТ НА ОРБАН ЗАВРШИЈА ВО ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА
Проектите од јавниот повик за унгарскиот кредит, на кој се јавија општините, требаше да го подигнат квалитетот на живот на граѓаните и да ја подобрат инфраструктурата во општините, но парите
завршија буквално во џебовите на неколку омилени фирми, блиски до власта и најверојатно во џебовите на функционерите-криминалци.
Од вкупно 80 општини во Македонија пристигнаа вкупно 1116 проекти финансирани од унгарскиот кредит на Виктор Орбан.
Најголем дел од парите се потрошени за реконструирањето улици (крпење дупки) или изградба на атмосферска или фекална канализација.
Инаку, тендерите ги добиваат истите фирми, а има случаи кога една фирма добива по неколку проекти од јавниот повик.
На пример, фирмата„Урбан Павер ДОО увоз-извоз“ од Скопје, за реконструкции на улици, ќе заработи 923.000 евра.
Градежната компанија „Жикол“ од Струмица ќе гради детска градинка за 2.4 милиони евра.
Компанијата „Пирамид Билдинг Солушнс ДООЕЛ“ од Скопје ќе врши реконструкција на улици во Општина Гази Баба за 500.000 евра.
Реконструкција на улици во општината Гази Баба ќе изведува „Пирамид Билдинг Солушнс“, која ќе добие 651 илјада евра.
И од Општина Аеродром, проектите ѝ се доделени на истата компанија „Пирамид Билдинг Солушнс", која
ќе заработи околу 2,5 милиони евра.
Општина Бутел за крпење дупки, ќе и наплати на фирмата "Изолација Дамјан Сиљановски" околу 700.000 евра а
фирмата" Димовски Пет ДООЕЛ" ќе гради и реконструира за 500.000 евра.
Општина Штип доби два милиони евра и „Стентон Градба“ од Битола ќе ги изведува работите за сума од 2,3 милиони евра и ќе го гради и градскиот парк за 1,92 милиони евра.
Во Општина Велес,
Фирмата „Делта-Пром ДООЕЛ“, добила седум тендери за вкупна сума од речиси 2,5 милиони евра.
Во Општина Битола фирмата „Стентон Градба“ го санираше фудбалскиот стадион, за што инкасираше 750.000 евра.
Компанија од Кавадарци, „Градба Промет“ е изведувач на сите проекти во Општина Кавадарци во вредност од околу 2,1 милиони евра.
ДЕМОКРАТИ го прашуваат јавно премиерот Мицкоски, каде се трошат парите од унгарскиот кредит на Орбан и зошто едни исти фирми ги добиваат тендерите и инкасираат милиони евра?
Како ќе го подобри животниот стандард на граѓаните со вакви проекти од типот (реконструкции на улици-пополнување дупки и изградба на канализации)?
На крајот граѓаните се тие кои ќе ги враќаат кредитите и високите камати, а за возврат не добиваат ништо?!!
Поради ваквиот криминален начин на делење тендери ДЕМОКРАТИ бараат од истражните органи, детално да испитаат на кој начин едни исти фирми ги добиваат милионските тендери финансирани од унгарскиот кредит!
ДЕМОКРАТИ најжестоко се борат против корупцијата и криминалот во Македонија!