Форум на жени СДСМ Петровец

Форум на жени СДСМ Петровец Официјална фан-страна на Форумот на жени на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија - ПЕТРОВЕЦ

КООРДИНАТОРКА НА ОПШТИНСКИОТ ФОРУМ НА ЖЕНИ НА СДСМ ПЕТРОВЕЦ -
Трајанка Кираковска
СДСМ беше првиот политички субјект во Република Северна Македонија и меѓу првите во регионот што воведе поттикнувачки механизми за рамноправна застапеност на двата пола во органите и телата на Партијата.
Овие механизми, како докажани и успешни, потоа беа пресликани и во изборната регулатива, што денес ни овозможува г

ордо да кажеме дека еден од врвните социјалдемократски принципи – родовата еднаквост, се применува и во Република Северна Македонија.

СДСМ се приклучува на граѓанскиот протест „Нема да нè снема“.🎙️ Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македониј...
07/03/2026

СДСМ се приклучува на граѓанскиот протест „Нема да нè снема“.

🎙️ Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција соопшти дека СДСМ го откажува традиционалниот марш за 8 Март, кој што требаше утре да се одржи во Богданци и ќе се приклучи на протестот „Нема да не снема“.

„И оваа година како и секоја од изминатите требаше да го одбележиме 8 Март со традиционалниот марш, да славиме за достигнувањата на жените, но и гласно да бараме подобрување на нивната положба во општеството. Но трагичниот настан којшто се случи во Скопје, смртта на мајката и детето не остави длабоко потресени. Оттука е нашата одлука, традиционалниот марш ко јшто требаше да се одржи утре во Богданци се откажува и наместо тоа утре ќе бидеме присутни на протестниот марш кој што го организираат граѓанските организации, поединци активисти, иницијативи и платформи за родова еднаквост и тука ќе бидеме присутни како граѓани.СДСМ ќе биде со граѓаните“, рече Филипче.

Тој посочи дека трагедијата во скопската населба Карпош е само уште еден доказ за непоставување на надлежните институции во однос на заштита на жените од насилство.

„Ова не е само индивидуална трагедија ова е уште еден трагичен доказ за системскиот проблем со насилство врз жените, за неадекватната заштита, за неадекватната реакција на институциите, едноставно неуспехот на институциите да се справат со овој проблем“, рече Филипче.

И оваа година Форумот на жени на СДСМ го организира традиционалниот осмомартовски марш! Се гледаме наши храбри другарки!...
26/02/2026

И оваа година Форумот на жени на СДСМ го организира традиционалниот осмомартовски марш! Се гледаме наши храбри другарки!

🗓️ 08.03 (недела)
⏰ 12 часот
📍 Богданци

17/10/2025
15/10/2025

📍 Почитувани сограѓани,
чест и задоволство е да присуствувате на караванот на СДСМ „Се бориме за нашиот дом“, кој утре ќе се одржи во Петровец!

🗓 Четврток, 16 октомври 2025
🕠 17:30 часот – пред штабот на СДСМ Петровец

🎙 Говорнички:
Гордана Цветковска Маневска
Елизабета Зелениковска
Кристина Костова (Kristina Kostova)

Ве покануваме да бидете дел од овој настан, да поразговараме за идеите, визијата и решенијата за подобар Петровец.

Се гледаме!

Горди сме на овој тим – чесни, посветени и обединети за подобар Петровец! 💪❤️
13/10/2025

Горди сме на овој тим – чесни, посветени и обединети за подобар Петровец! 💪❤️

Елизабета Зелениковска / Elizabeta Zelenikovska 👏❤️
13/10/2025

Елизабета Зелениковска / Elizabeta Zelenikovska 👏❤️

🌹✊️ Десет храбри, посветени жени визионерки, кандидатки за градоначалнички од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, кои со своето знаење, искуство и љубов кон заедницата се подготвени да го променат секој агол од општините во кои живееме.

Тие не се на ова место поради амбиција, туку поради силната желба да работат со и за луѓето, да придонесат за достоинствен живот за секој човек, за граѓаните, за семејствата, за младите, за возрасните, за сите оние што веруваат во правда, еднаквост и подобар живот. 👩‍👧‍👦🌱

Соочени со секојдневни предизвици, тие не отстапуваат, напротив, тие чекорат сигурно, со верба во вредностите на социјалдемократијата: солидарност, еднаквост, човечко достоинство и грижа за заедницата. Секоја од нив е пример за тоа како жените можат и треба да бидат на лидерски позиции, не како исклучок, туку како правило.

📚 Нивната визија е јасна, чисти и безбедни улици, квалитетно образование, грижа за секое дете, поддршка за секое семејство, достапна култура и спорт, инклузивност за сите, од најмладите до највозрасните.

НИВНАТА ЦЕЛ Е ОПШТИНА ШТО ЌЕ БИДЕ ДОМ ЗА СЕКОЈ ‼️

✊ Гласот за нив е глас за промена, за правда, за нова генерација на жени лидери кои не се плашат да бидат гласни, да бидат први и да бидат свои.

На овие историски важни локални избори, кога ни треба храброст, искреност и визија, одлучи се за глас кој значи иднина.

📢 #ЖениЛидери
📢 #ЛокалниИзбори2025
📢 #СДСМБРОЈ5
📢 #ГласамЗаИднината

❤️🌹

💪 Петровец има потенцијал – време е заедно да го оствариме! Поддршка за Елизабета Зелениковска / Elizabeta Zelenikovska,...
12/10/2025

💪 Петровец има потенцијал – време е заедно да го оствариме!
Поддршка за Елизабета Зелениковска / Elizabeta Zelenikovska, жена со визија, енергија и срце за општина Петровец!❤️

01/10/2025

Сè што Мицкоски кажа за власт - излажа? Ќе му поверувате ли повторно?

Се бориме за нашиот дом: Веб страна со сите програми, решенија и информации за кандидатите на едно место.ℹ️ Ве информира...
30/09/2025

Се бориме за нашиот дом: Веб страна со сите програми, решенија и информации за кандидатите на едно место.

ℹ️ Ве информираме дека на официјалната веб-страница www.zanashiotdom.mk се достапни сите информации.

👉 Граѓаните и медиумите може да ги преземат комплетните програмски документи за сите општини, информациите за кандидатите за градоначалници, носителите на советнички листи, како и за решенијата за секоја општина и визијата што ја претставуваме.

Преку едноставен избор ќе добиете пристап до:

▫️Изборната програма за конкретната општина,
▫️Листите на кандидати и носители,
▫️Биографиите и приоритетите на кандидатите,

👉 Дополнително, граѓаните имаат можност да се вклучат и со свои идеи, размислувања и предлози, затоа што веруваме дека секое мислење е важно и секој глас е слушнат.

Се' на едно место: посетете ја официјалната страница: ➡️ www.zanashiotdom.mk

Address

R1102 1047
Petrovec
1043

Opening Hours

Monday 17:00 - 22:00
Tuesday 17:00 - 22:00
Wednesday 17:00 - 22:00
Thursday 17:00 - 22:00
Friday 17:00 - 22:00
Saturday 17:00 - 22:00
Sunday 17:00 - 22:00

Telephone

+38923293100

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Форум на жени СДСМ Петровец posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Форум на жени СДСМ Петровец:

Share