Општина Охрид

Општина Охрид Официјална Facebook страна на Општина Охрид

Кажале за Охрид

"Охрид, вечниот град на митскиот Балкан, волшебниот рид на Македонија, со своето исконско пулсирање ги поврзува старите во новите времиња, за навек, бидејќи:
Тој е жив град две илјади и четиристотини години, легитимен наследник на Лихнид, град со вткаени дострели на силната античка цивилизација; градот Охрид е всушност културната историја на Република Македонија во мало.
Како еп

ископски центар во античките времиња, а подоцна и преку надалеку прочуената Охридска архиепископија низ вековите, градот ја претставува, исто така, целокупната црковна историја на Македонија и го носи епитетот "балкански Ерусалим".
Во овој град бил лоциран, преку дејноста на св. Климент Охридски во крајот на IX и почетокот на X век и првиот Сесловенски универзитет во Европа.
Охрид, бил и најзначајната официјална престолнина на Првата македонско - словенска држава, поточно на Самуиловото Царство.
Охрид е преродбеничко жариште на Македонија во XIX век со силната максима на еден од најголемите европски интелектуалци од тоа време, охриѓанецот Григор Прличев, наречен Втор Хомер.
Охрид е и денес културен, духовен и туристички центар на Македонија, и накрај, како круна на вредностите, Охрид и Охридското Езеро се светско културно и природно богатство под заштита на УНЕСКО од 1980 година!"
Паско Кузман
(археолог и истражувач на Охрид, 1994 г.) "Кога во сончев ден се капете во Охридското Езеро, и кога наеднаш ќе изроните од неговите длабочини и кога во еден еден миг ќе ја заплискате водата над себе, околу вас во круг, на мазната светлотемна површина се создаваат сребрени, проѕирни, големи и мали меурчиња. Во секое од нив двапати се огледува сонцето, како две искри со нееднаква големина. Кога ќе се доближете до едно од поголемите меурчиња, и ќе го задржите здивот за да не го разбиете, можете во него како во криво огледало да го здогледате своето лице, влажно и насмеано. А, над вас секогаш останува светлото сонце, како огромна ѕвезда. Сето тоа трае кратко, како секоја убавина, а се повторува безброј пати..."
Иво Андриќ, писател и добитник на Нобелова награда за литература
(Фрагменти од патеписот "Крај светлото Охридско Езеро")

"Човек би рекол дека пред себе има дел од море истргнат од океанот и фрлен меѓу недостапните планини кои го опкружуваат од сите страни. На Охридското Езеро навистина му одговара името македонско слатководно море..."
акад. Синиша Станковиќ,
(југословенски биолог - 1959)

"Ги посетив црквите во Охрид, ги има околу триесет. Тоа е единствено сведоштво дека помеѓу византиското црковно сликарство, Равена и Сицилија, од една страна, и италијанската ренесанса од друга страна, не постоела празнина. Охрид е значаен мост на европската уметност..."
Сер Херберт Рид,,
(британски историчар на уметност, 1961 г.) "Во Охрид, во 1945 година, навистина дојдов поради фреските... Запад воопшто не ја познава нашата ренесанса. Запад долго не го сфаќаше словенскиот национален придонес за современото сликарство."
Иља Еренбург,
(советски писател, 1965 г.) "Денес не е можно да се студира византиска уметност ако не се посети Македонија... Гледајќи ги фреските во Света Софија во Охрид, особено се забележува начинот на кој непознатите уметници ги постигнувале ликовните решенија во композициите. Потполно е неоправдано да се зборува за постоење на чиста византиска школа."
Давид Талбот Рајс,
(британски византолог, 1961 г.) "Фасцинантно е тоа што се случува во археолошките локалитети во Охрид. Станува збор за вистинска ренесанса на македонската археологија и уметност поврзани за Охрид."
Академик д-р Дејан Медаковиќ,
(историчар на уметност и претседател на САНУ, 2002 г.) "Како единствен, траен институционален фактор истапувала Охридската архиепископија, црковна организација втемелена уште од времето на Цар Самуил која ги надживеала сите државни творби во Македонија. Згаснала дури кон крајот на XVIII век. Архиепископијата до крајот останала чувар на културните традиции на македонските словени. Во внатрешното општење го негувала словенскиот заедно со грчкиот јазик со кого се служеле јужните епархии."
Академик д-р Цветан Грозданов
(Фрагмент од уводот во студијата Портрети на светителите од Македонија од IX - XVIII век, 1983 г.) "Во Охрид на секој чекор ве следи мислата дека тука пред вас минал некој творец, некој човек, минале луѓе и цели генерации што оставиле свои траги."
д-р Никола Бошале,
(социолог и истражувач на минатото на Охрид, 1997)


Монументален споменик на Св. Климент Охридски, заштитник на Охрид

На 9 август 2006 година, на денот од смртта на Св. Климент Охридски (9 август 916 година) пред 1090 години, на плоштадот „Св. Климент Охридски" во близина на градското пристаниште на Охридското Езеро, беше откриен споменик на словенскиот светител и просветител, дело од скулпторот академик Томе Серафимовски, висок 6,5м. и тежок 4,5 тони. Изработката на споменикот ја финансираше бизнисменот Зоран Зеленковски, како личен подарок во знак на почит кон Охрид и неговата историја.

На свеченоста поздравен збор имаше Александар Петрески, градоначелник на Општина Охрид.

Беседа за Св. Климент одржа академикот д-р Цветан Грозданов, претседател на Македонката академија на науките и уметностите. Осветување на Светиклиментовиот споменик го извршија митрополитите Тимотеј и Агатангел во сослужување на свештениците од Дебарско-кичевската епархија. "Градот Охрид доби споменик на својот заштитник. Тоа е светител кој поседува сила и е моќен исцелител. Тој нуди надеж и верување во исконските вредности на човечкиот дух. Уверен сум дека овој лик на Св. Климент на скулпторот Томе Серафимовски им се придружува на оние ремек дела на скулптурата кој ги создала човечката рака, каква што е Гатамелата на Донатело или Колеоне на Верокио. Тие настанале за да ја истакнат нивната војничка слава."
Академик Дејан Медаковиќ, Белград 2006 година

📖 Охрид се сеќава – на денешен денЗапочнуваме нов серијал преку кој секојдневно ќе се потсетуваме на значајни настани, л...
30/03/2026

📖 Охрид се сеќава – на денешен ден

Започнуваме нов серијал преку кој секојдневно ќе се потсетуваме на значајни настани, личности и моменти од културната историја на нашиот Охрид.

📅 Секој ден – по едно потсетување
📚 Кратко, јасно и вредно за паметење

Следете нè и бидете дел од приказните што го градат културниот идентитет на нашиот град.

На концертот со наслов „Охрид знае љубов што е“, охридската публика уживаше во дел од богатиот музички опус на еден од н...
19/03/2026

На концертот со наслов „Охрид знае љубов што е“, охридската публика уживаше во дел од богатиот музички опус на еден од најзначајните македонски автори – Григор Копров. Со оваа концертна вечер, Охрид уште еднаш ја потврди својата посветеност кон негувањето на вредностите на македонската музика и оддавањето почит на уметниците чие творештво оставило неизбришлива трага.

Григор Копров е автор на повеќе од 500 композиции, а присутните имаа можност да се потсетат на незаборавните хитови што ги изведуваа најголемите музички имиња од македонската сцена. Меѓу нив беа песните на Тоше Проески: „Усни на усни“, „Во коси да ти спијам“, „Излажи ме“, како и дуетот со Каролина „Немир“, потоа хитовите на Маја Оџаклиевска „Сребрени улици“ и „Лидуду“, Калиопи – „Остани во мене“, Владо Јаневски – „Не зори зоро“, „Црно тиквешко“ и „Чаирска романтика“.

На сцената настапија: проф. Љупчо Аслимоски, Андреј Нически, Јане Тодороски, Мартин Мацкоски, како и вокалните солисти Исабела Димовска, Анастасија Таневска, Фросина и Деспина Белистојаноски и Димитар Веслиевски, кои со своите интерпретации донесоа силни емоции и вистинска музичка магија.

За неговите извонредни музички достигнувања и значајниот придонес во македонската музичка култура, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски, му врачи плакета на Григор Копров.

Настанот имаше и хуманитарен карактер. Во Центарот за култура беа поставени кутии за донации, а собраните средства беа наменети за лекување на малата Ева, која се бори со тешка болест.

„Охрид знае љубов што е“ не е само концертен наслов, туку и идеја што ќе продолжи да живее и понатаму – како музичка платформа посветена на големите музички имиња од Охрид, кои со своето творештво оставиле траен белег врз охридската и македонската музичка сцена. Преку вакви вечери, Охрид со љубов и почит ќе се сеќава, ќе слави и ќе им оддава заслужено признание на своите уметници, чие дело останува како културно наследство за идните генерации.

Проектот е целосно финансиран од Општина Охрид!

УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНИ: РАБОТИЛНИЦА ЗА ЛОКАЛНА МОБИЛИЗАЦИЈА И ФОРУМ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ „RECIRCLE MED“
05/12/2025

УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНИ: РАБОТИЛНИЦА ЗА ЛОКАЛНА МОБИЛИЗАЦИЈА И ФОРУМ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ „RECIRCLE MED“

Претставници од јавниот сектор, академски и истражувачки институции, претставници на бизниси, туристички организации и други релевантни чинители од целиот регион...

ПОЗНАТИ ДОБИТНИЦИТЕ НА ПОВЕЛБАТА-ПАТРОН НА ГРАДОТ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
04/12/2025

ПОЗНАТИ ДОБИТНИЦИТЕ НА ПОВЕЛБАТА-ПАТРОН НА ГРАДОТ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

НУ „Завод и Музеј“ Охрид, Јорданка Матова, „Силви Бенд“, Даниел Јовески и The Backdoor Band се годинешни добитници на Повелбата-Патрон на градот „Свети Климент Охридски.....

ВЛАДИМИР АНГЕЛИЧИН – ЖУРА ПОСТХУМНО Е ДОБИТНИК НА НАЈВИСОКАТА ОПШТИНСКА НАГРАДА „ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – ПАТРОН НА ГРАДО...
04/12/2025

ВЛАДИМИР АНГЕЛИЧИН – ЖУРА ПОСТХУМНО Е ДОБИТНИК НА НАЈВИСОКАТА ОПШТИНСКА НАГРАДА „ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – ПАТРОН НА ГРАДОТ ОХРИД“

Познатиот охридски новинар, публицист и хроничар, Владимир Ангеличин – Жура постхумно е добитник на највисоката општинска наградата „Св. Климент Охридски – Патр....

Охрид го празнува СВЕТИ КЛИМЕНТ OХРИДСКИ – ПАТРОН НА ОХРИД!📍Погледнете ја целата програма 👇
02/12/2025

Охрид го празнува СВЕТИ КЛИМЕНТ OХРИДСКИ – ПАТРОН НА ОХРИД!
📍Погледнете ја целата програма 👇

Проектот „Културата расте со децата - за сите деца“ ја збогатува културната сцена во Охрид. Во месец Декември ќе се одиг...
01/12/2025

Проектот „Културата расте со децата - за сите деца“ ја збогатува културната сцена во Охрид.
Во месец Декември ќе се одиграат четири детски театарски претстави.

📅 Кога: Секој ПЕТОК, со почеток од 19:00часот
📍 Каде: Трговски центар Охрид Мол
🎟️ ВЛЕЗ БЕСПЛАТЕН!

Ве очекуваме!

🤩✨Голем број дечиња уживаа во Охрид Мол!Како дел од проектот „Културата расте со децата - за сите деца“ се одржа детскат...
01/12/2025

🤩✨Голем број дечиња уживаа во Охрид Мол!
Како дел од проектот „Културата расте со децата - за сите деца“ се одржа детската театарска претстава “Рибарот и златната рипка” во изведба Театар Колозов.

Ви благодариме на сите што дојдовте и уживавте со нас. Не заборавајте, секој петок е ден за детска радост во Охрид Мол!
🎈Се гледаме повторно во 19 часот во петок 05.12.2025.

Address

Димитар Влахов 57
Ohrid
6000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Општина Охрид posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Општина Охрид:

Share