Centre for Macedonian History and Documentation

https://www.facebook.com/kukuzelMakedonija/posts/211481860640623?__cft__[0]=AZWuckZItNIqyAVM-leQ6zUf7qbY4yIOKCpCLoaITY-W...
20/02/2021

https://www.facebook.com/kukuzelMakedonija/posts/211481860640623?__cft__[0]=AZWuckZItNIqyAVM-leQ6zUf7qbY4yIOKCpCLoaITY-WaKCzT26HXeMNGpIWDEY_c91-uO7qSwe-e-KThDHrLEMFMltPEV5j3QAh3VpA55OgDt65fGAQpoEjQmTBeDXoTuZqjzj2xDfD-ZcNPCa-d7Q0&__tn__=%2CO%2CP-R Денес кога Македонија и Македонците се на работ на исчезнување останаа уште многу мал дел на луѓе кои се занимаваат со истражување и собирање на историски факти од светски архиви, весници, списанија, книги итн. Ниту историчарите, а уште помалку наставниците и професорите по историја се занимаваат со оваа работа. Сите ја користат истата причина како оправдување: владата не финансира истражување. Ако љубовта кон татковината и професијата која сте ја одбрале за вас има цена, тогаш нејсе, немој да се лутите ако никој не ве почитува бидејќи се знае кој се се продава за пари. За сметка на вашата цена, ние непрофесионалните ќе продолжиме чисто од љубов кон Македонија да го вложуваме цело свое слободно време и да се бориме за нејзин опстанок, со цел да му докажеме на светот дека ние сме Македонци, потомци на Филип и Александар и имаме континуитет долг од најмалку 4500 години.
Неспорно е дека денешницава е се помалку заинтересирана за историјата и целиот нејзиниот фокус е вперен кон материјални добра. За ова најголема вина сносат наставниците и професорите по историја кои не се потрудиле да ја вродат љубовта кон историјата во децата, потоа научниците по историја, па медиумите и секако политичарите на сите досегашни влади на Македонија. Како е можно било која влада да дозволи една нација, еден народ да не си го знае своето потекло!? И вие се нарекувате академици! Срамота! Секоја чест на исклучоците!
Ние имаме објавено куп документи, извадоци од весници и други факти како доказ дека Македонците немаат никаква допирна точка ни со Грците, ни со Бугарите, ни со Србите ниту со Албанците туку Македонците се посебна етничка група и се еден од најстарите народи на Балканот.
Да се потсетиме, првото има на Балканот и на Европа биле Македонија. Се надевам дека некои од овие академици па и наставници и професори ќе се заинтересираат да ги погледнат, па и прочитаат. Ако сакаат дури можат и да им ги презентираат на своите ученици. Тоа би било за поздрави препорачливо!
Сите овие штетни договори кои илегалната влада на Македонија ги потпиша со Грција и Бугарија а при тоа незаборавајќи ја и тиранската платформа ќе не чинат многу во иднина. Се надевам свесни сте за ова. Овие големи тектонски грешки мора да се исправат и тоа од нас, оваа генерација затоа што ние сме дирекни виновници за ова. Сепак македонската јавност најголемата вина ја гледа во академската фела која молчеше низ целото обезличување на Македонија. Очигледно материјалните добра надвладеаја над професионалноста и академскиот интегритет. Не е јасно како вие еминентни историчари и професори си дозволивте да бидете толку понижени од политичарите. Требаше да станете и да кажете јасно и гласно: За ИМЕТО кое е и наш ИДЕНТИТЕТ и наша ИСТОРИЈА ПРЕГОВОРИ НЕМА И НЕ СМЕЕ ДА ИМА!
Кој што сака и како сака нека слави. Ние ќе си го славиме нашето. Ние Македонците и Македонија сме запишани во библијата! Не се Бугарите, не се Грците, ниту Србите, ниту Албанците туку ние, Македонците и нашата Македонија! Нема друга земја на светот со тоа име Македонија освен ние!
Сите грешки кои се направени од осамостојувањето до денес почнувајќи од знамето, па територијалната распределба, рамковниот договор па се до злобните договори и тиранската платформа ние како генерација сме должни да ги исправиме. Ние како генерација не смееме овие штети како аманет да им ги оставиме на идните генерации.
Кој ќе биде нашиот влог во исправањето на овие катастрофални грешки ќе зависи од секој еден индивидуално во сооднос со способностите и професионалноста.
***
Македонци, џабе pаботете, џабе не седете! Баpajте, истpaжувајте по нетов, посветете и го слободното вpeмe на Македонија! Посетете некој музеј, библиотека, галерија. Видете, побаpajте сe што e повpзано со Македонија и македонците да го извадиме на виделина, да му ја презентираме на светот вистината.
Од нашата ризница за историјата на Македонија овој пат ви презентираме извадок од магазинот "Големиот Тркалезен Свет", објавен на 20 јуни 1903 година. Овој извадок за прв пат ние денес го објавуваме на социјалните мрежи достапен за пошироките народни маси. 👇
„Турската забрана го вознемири Американското библиско друштво со приговор за увоз на библии во Турција, освен ако не се направат одредени промени во текстот. Историскиот збор "Македонија" како што стои во Новиот Завет да биде заменето со „Вилаетите на Солун и Монастир (Битола)“.
From the Great Round World, June 20, 1903:
"The Turkish censor is annoying the American Bible Society by objecting to the importation of bibles into Turkey unless certain changes are made in the text. The historic word "Macedonia", as used in the New Testament, the censor desires changed so as to read "The Vilayets of Salonika and Monastir."
извор: https://babel.hathitrust.org/cgi/pt?id=chi.79266461&view=1up&seq=641&q1=The%20historic%20word%20%22Macedonia%22
Interesting Quotes About Macedonia from History
https://www.facebook.com/kukuzelMakedonija/ #Кукузел
https://twitter.com/1VidiVidi/status/1353101075398750209

The latest Tweets from Види Види (). #МАКЕДОНИЈА #НикогашС̶е̶в̶е̶р̶н̶а̶ #МакедонијаВечна #ДвижењеБојкотирам. Мacedonia

https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%8...
20/02/2021

https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B8_%D0%B7%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82_%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5%D1%82?fbclid=IwAR0-uonDThLWk2ZsRCe90iQrqIfCnn1Nj-jeN1AXH7k18Ag6WAVR6UkmfS4

Македонски извори за македонскиот идентитет се пишани документи или изјави на видни македонски национални дејци кои говорат за посебноста на македонскиот национ....

Ова е само дел од записите на магазинот Нешионал Џеографик кој за среќа се уште има многу оригинални копии, а во кој нов...
08/01/2021

Ова е само дел од записите на магазинот Нешионал Џеографик кој за среќа се уште има многу оригинални копии, а во кој новинарот Кори многу убаво нотирал дека патува низа Македонија и дека сретнува Македонци.
Но она што е најтажно во целото негово патеписание е фактот дека Македонците бил сериозно злоставувани од страна на Бугарската војска, особено по пробивот на Српската војска. Следуваат неколку моменти од тоа специјално издание на Нешионал Џеографик - насловено како „On the Monastery Road" или „По патот накај Битола“. Оригиналното списание се наоѓа во продажба и на онлајн продавниците Амазон и Ebay
Следуваат неколку извадоци текстови од целото специјално издание , кои за жал ги опишуваат трагичните моменти на Македонците во Првата Светска Војна, наши предци кои многу страдале од оние кои „наместо да ни бидат браќа, сакаат и сакале да ни бидат татковци “ ( изјава на Премиерот Заев н.з. ).
Прочитајте ги овие тажни сведоштва на наите македонци од пред 100 години, за нивните страдања од Бугарската војска, а нотирани од новинарот Херберт Кори

„Нешто такво нешто се случи во Брод ( Македонски Брод н.з. ). Ова е град со фер големина за северниот дел на македонската земја. Можеби има 150 куќи расфрлани на падините на карпестиот рид или потонати во гнасната кал на долината на реката Црна. Тука Бугарите се однесуваа „прилично добро“, рекоа селаните. Некои од мажите беа претепани, а некои беа однесени за да копаат ровови, а некои бегаа кон ридовите; но градот не бил изгорен и жените не биле малтретирани. Селаните беа благодарни.“
Па продолжува...

„Еден селанец ја раскажал селската приказна ( за село Сливица н.з. ).
„Бугарите не беа љубезни со нашиот Татко ( претходниот Поп н.з. ) тука“, рече тој, посочувајќи го Попот. „Исто така, тие беа сурови кон нас“. Попот се смешкаше безобразно. Никогаш не сум видел Поп ( „новиот“ Поп бил Грк н.з. ) кој изгледаше дека е во толку лоши односи со своите парохијани. Тој на половина разговор се сврте да си оди. Потоа пак се сврте назад, како да сакаше да ја слушне приказната.
Селанецот продолжи :„Бугарите рекоа дека ќе го обесат нашиот Поп на пладне ако не им дадеме 200 динари“, импресивно рече селанецот. Ми се чинеше дека Попот не сакаше да им се сретнат погледите со селанецот.
'Што направи?' го праша српскиот офицер кој го спроведуваше истрагата. Селанецот објасни дека жителите на Сливица се многу сиромашни. Немале 200 динари. Понатаму, повеќето од жителите на Сливица се криеле во ридовите кога дошле Бугарите.
„Значи, единственото нешто што можевме да го сториме за нашиот Татко ( претходниот нивен Поп )“, рече селанецот, весело, „беше да ги замолиме Бугарите да го одложат настанот за во 4 часот. Тоа ќе им даде време на нашите луѓе време да се симнат од ридовите и да го видат обесен нашиот татко “....завршува тука „исповеста“ на македонскиот селанец какви „ браќа“ ни биле Бугарите во 1917 год.
Новинарот Кори при крајот на својата патеписна репортажа која ја правел заедно со трупите на Алијансата, односно Србските , Германските и Француските војници кои имале задача да ја истераат Бугарската војска навор од Македонија, забележува што правела таа иста Бугарска восјак при повлекувањето, па вели:

„Денес патот завршува кај Битола. Вистина, градот се наоѓа како на раскрсница меѓу Ниш, Скопје и Прилеп на север од една страна , а од друга страна ги преминува ридовите до Јадранското Море. Но, преку овие овие линии се наоѓа бугарската линија. Битола е град со 40.000 жители, прилично чист според источните стандарди, добро изграден, со широки улици и мала река што минува низ својот убав булевар. Беше заробен од сојузниците во ноември 1916 година, но Бугарите ги држеа ридовите од кои се командуваше. Тие го гранатираа Битола секој ден до средината на април и можеби сега го гранатираат, затоа што не сум таму сега.
Тоа беше дури и одвратен вид на гранатирање што тие го изведоа ( мисли на Бугарската војска н.з. ). Иако имале доволно количество на топови, понекогаш фрлале околу 210 гранати среде шеталиштето на градот само за да го докажат тоа, најголемиот дел од пукањата кон градот се одвивале со т.н. теренските парчиња од 77 калибар. Гледате колку блиску беа до градот - оддалечени само на четири или пет километри. Ноќе, можеше да се слушнат татнежи на митралезите кои доаѓаа од самиоте краеви на градот.
Еден по еден им беше дозволено да заминат, но кога ја видов Битола за последен пат, во јануари ( 1917 год. н.з. ), половина од неговото население сè уште се криеше во визбите и се надеваше дека Бугарите ќе бидат протерани. Улиците беа празни. Едното кафуле што останало отворено го изнајмувале само француски војници, пеејќи во стил на галски хор; а во единствениот ресторан единствените гости покрај мене беа италијанските офицери. Ноќе никогаш нема светло во градот“.

Ова специјално издание на Нешионал Џеографик од Мај 1917 год. напишано од новинарот Херберт Кори кој патувал со Алијансата, која ја завршила Iта светска војна како победници, а за жал оние кои ја „фалшираат“ историјата,која за нивна жал не може да се избрише, како и во IIта Светска Војна, и во оваа Војна, биле на страната на губитниците.
Дополнително ова издание старо преку 100 год. точно и прецизно ја дефинираат уште тогаш нашата земја како македонија, жителите како македонци, а тогашните Бугари како окупатори и убијци на нашето, македонско население кое пропатило како ниеден народ во период на војната уште позната како Војна на Нациите или Големата Војна која траела од јули 1914 до 11 ноември 1918

Да не се заборави, со уште неколку автентични фотографии направени од новинарот Кори за време на I-та Светска Војна

Ова е само дел од записите на магазинот Нешионал Џеографик кој за среќа се уште има многу оригина...

      every other name is a name of invaders of    every other name is a name of   of Macedonian  if you want mutual res...
26/09/2019




every other name is a name of invaders of

every other name is a name of of Macedonian

if you want mutual respect with Macedonians you will use our genetic and historic,
our name Macedonia and

http://www.historyofmacedonia.org/ConciseMacedonia/Documents.html

Macedonians of today are DIRECT descendants of the Ancient Macedonians
http://www.historyofmacedonia.org/ConciseMacedonia/AncientGenes.html

Ancient Quotes on the Macedonians as Distinct Nation
http://www.historyofmacedonia.org/AncientMacedonia/AncientEvidence.html

of the of as distinct country, as and as distinct since 8 centuries before until and in
http://www.historyofmacedonia.org/ConciseMacedonia/Documents.html

ANCIENT AND MODERN MACEDONIAN LANGUAGE IS ONE SAME LANGUAGE
http://rosetta-stone.feit.ukim.edu.mk/en/node/75

What follows are documents that speak of the continued existence of Macedonia and of the Macedonian nation through the last 25 centuries. Macedonia is clearly distinguished from Greece (Hellas), Thrace, Illyria, Bulgaria, Serbia, and the Macedonians are likewise distinguished as distinct nation from...

27/06/2019

Грчкиот весник „Емпрос“ на 8 јули 1905 година донел алармантна вест. Претходниот ден, нивниот репортер од Виена го испратил текстот отпечатен во весникот „Неа Имерисиа“ (весник во Австрија што го издавале Грци), врз основа на телеграфирана вест од Белград, по што „Емпрос“ пишува:

„Како пример за словенските итроштини, ја пренесуваме од виенската Неа Имерисиа следната вест телеграфирана од колешката од Белград, бидејќи Бугарите обично ги испраќаат до европскиот печат сите тие работи што не им одговара да се гледа дека доаѓаат директно од Софија.

Од пред неколку месеци, беше формирана во Битола, од страна на Македонската организација, комисија чија задача е создавање македонска граматика.

Комисијата се состои од седум професори по лингвистика (каде постојат овие професори и на кој универзитет предаваат лингвистика? Во Софија? Таму има само виша школа, а не факултет и нема ниеден професор по лингвистика. Во Белград? Но и таму не постои катедра по лингвистика…).

Како основа на граматиката ќе се земе дијалектот (се разбира словенскиот) што се зборува во битолскиот вилает и ќе се прогласи и од страна на Комисијата како македонски јазик! (Јазиците според Словените се прогласуваат!)

Учителите на словенските училишта во Македонија ќе имаат наредба да предаваат на овој јазик, наместо на српскиот или бугарскиот за да се постават преку тоа основите на автономна Македонија.

Наскоро на овој јазик ќе се издадат читанки и други книги. Штом ќе се постигне ова, Организацијата планира да ја забрани употребата на српскиот и бугарскиот јазик во Македонија.

Се чудиме како еден таков сериозен весник како што е Неа Имерисиа од Виена прифаќа да објавува такви глупости.“



Вовед во независност

Од самиот текст на „Емпрос“ во 1905 година, се гледа каков шок била таа вест за Грците. Тоа е само девет месеци откако Грците започнаа позасилено да ги испраќаат своите андартски чети во Македонија со цел да ја „ослободат“, и само 7-8 месеци откако го добија првиот херој во таа борба – Павлос Мелас, официјално убиен од Турците по предавство од Македонците, а неофицијално убиен од еден од неговите соборци за да му го земе ќесето со злато (Димитрис Литоскоу – Грчката антимакедонска борба). Печатењето македонска граматика и протерувањето на другите јазици од македонските училишта, како вовед во создавање автономна Македонија, повеќе од сигурно би значело крај на „ослободителните“ грчките аспирации и многу веројатно, ќе ја изменело и денешната карта на Балканскиот Полуостров. Тоа, пред еден век и четири години, многу добро се сфаќало.

Истовремено, на 8 јули 1905 година, алармантна вест ја објавил и атински „Скрип“. Според веста на „Скрип“, се создава „нова македонска граматика која ќе се употребува во бугарските училишта во Македонија“.(зошто нова ако веке биле Бугари? н.з.) Известувачот на весникот вели:

„Оваа вест веќе ви ја имав телеграфирано. Денес ги додавам овие детали: Пред неколку месеци во Битола беше формирана една комисија од страна на Македонската Организација која има задача да создаде македонска граматика. Комисијата се состои од седум професори по лингвистика. Како основа на оваа граматика ќе се земе дијалектот кој се зборува во битолскиот вилает. Овој дијалект веќе е прогласен од страна на Комисијата како македонски јазик. Учителите во словенските училишта во Македонија имаат наредба да го учат овој јазик наместо српскиот или бугарскиот и преку него да се постават основите за создавање независна Македонија. Наскоро на овој јазик ќе се испечатат училишни и други книги, а Организацијата потоа размислува да ја забрани употребата на српскиот и бугарскиот јазик“.

Грците и грчкиот јазик не се споменуваат во двете вести, но ако од македонските училишта си заминел бугарскиот јазик, протерувањето на грчкиот останувало како мала шега. Какво е значењето на еден таков чекор, доловиле и самите известувачи – тоа е вовед кон автономна и независна Македонија и тоа на севкупната нејзина територија.

Една од клучните причини поради која подоцна големите сили ја аминувале поделбата на Македонија е стравот од нејзино евентуално приклучување кон Бугарија. Во тоа време, најголемиот дел од македонските цркви биле под надлежност на бугарската егзархија, а училиштата и јазикот, исто така, го имале епитетот бугарски. Се сметало дека со можното приклучување на Македонија кон Бугарија, би се нарушила рамнотежата на Балканот меѓу Србија, Грција и Бугарија, на што големите сили не се согласувале. Русија не сакала поради таквата можност да го изгуби сојузништвото со Србија, која ја сметала за брана од Австро-Унгарија, а Австријците пак, стравувале дека на тој начин би се зајакнало руското влијание на Балканскиот Полуостров. Излез од оваа ситуација се гледало во останување на Македонија под Турција, до нејзината поделба меѓу трите соседи.

Во таква положба, појавата на активна идеја за создавање македонска граматика и протерување на српскиот и бугарскиот јазик од училиштата (нужна последица би била создавање брана и за грчкиот јазик), неминовно водело кон уверување на големите сили дека Македонија може да биде независна за што лесно ќе добиела поддршка (што е потврдено од британскиот крал и рускиот цар во Ревал – Талин – во 1908 година). Евентуален противник би била Франција, но подоцна и кај нејзе се јавуваат поинакви размислувања (во 1916 година, токму францускиот разузнавач Рене Пикард и препорача на својата влада став за создавање автономна Македонија).

Во такви услови, сосема е јасно зошто веста за македонски јазик и македонска граматика изгледала безмалку апокалиптично во Атина, Белград и Софија и зошто, ако тоа се остварело, денес картата на Балканскиот Полуостров би изгледала многу поинаку.
Оттука, таквата информација и не можела да биде пренесе поинаку во Грција освен со многу гнев. Но, што навистина станало со печатењето граматика во Македонија и дали за такво нешто, освен медиумски написи, постои и некаква одлука на ВМРО?

Потрага по одлуката

За жал, пишан документ за такво нешто досега не е откриен. Д-р Михајло Миновски, д-р Ванчо Ѓоргиев, академик Блаже Ристовски, д-р Зоран Тодоровски и д-р Ване Стојчев, кои ги консултиравме во последните неколку седмици во врска со ова прашање се едногласни: идејата за македонска посебност постоела и пред посочената 1905 година, но за некаков документ во врска со граматиката и јазикот во македонските училишта, веројатно, ќе треба да почекаме попријатни времиња помеѓу државите на Балканот и поголема отвореност на нивните архиви. Д-р Михајло Миновски вели дека постои голем дел од архивата на ВМРО, посебно таа која му била предадена на Иван Гарванов, а која се уште е недостапна. Не дека тој очекува да види документ потпишан од Гарванов за македонски јазик, но го наведува како пример дека мислењето оти тој период од нашата историја е горе-долу истражен, е заблуда. За затвореноста на грчките архиви, и да не зборуваме.

Сепак, постојат низа причини кои упатуваат на тоа дека е можно формална одлука на ВМРО за македонска граматика и македонски јазик во училиштата во 1905 година и да не била донесена, иако во Неа Имерисиа се зборува за одлука на „Македонската Организација“. Еден од клучните авторитети на ВМРО во тоа време, Даме Груев, пролетта 1905 година се наоѓал во Бугарија, а најмногу што си дозволил е да дојде до скопскиот регион. Во април 1905 година била донесена и наредба од битолскиот судија – истражител за апсење и судење на Даме Груев и Ѓорги Сугарев заради револуционерна активност, а отоманската држава побарала од Софија тие да и бидат испорачани. На 28 април, односно 11 мај 1905 година, со нотата број 284 бугарското Министерство за надворешни работи одговорило негативно на таквото барање, со образложение дека „нивната врска со наведените дејства по судски пат не е утврдена, ниту е утврден барем еден конкретен факт кој би налагал екстрадирање“. Но, тоа што е битно за овие редови е дека оваа турско-бугарска преписка ја покажува положбата во која тогаш се наоѓале клучните луѓе на Организацијата. Во Македонија им се заканувало апсење, а единствена шанса за спас им била Бугарија. Во такво услови, очигледно е дека по однос на прашањето за македонска граматика тие би се однесувале внимателно во смисла на оставање официјален писмен траг кој би им ја загрозил заштитата од Бугарија.

Истовремено, самата Организација се наоѓала речиси пред распаѓање, што фактички и се случило по неколку месеци на Рилскиот конгрес. Заради тоа, донесена е одлука револуционерните окрузи во Македонија да имаат што поголема автономија. Можно ли е тогаш една таква одлука за македонска граматика и за протерување на српскиот и бугарскиот јазик од македонските училишта да била донесена од Битолскиот револуционерен округ, а потоа во извештаите во весниците тоа да било оквалификувано како одлука на целата Организација?

Англичанецот Хенри Брејлсфорд, еден од водечките коментатори на „Дејли њуз“ и член на хуманитарниот Македонски помошен комитет, во својата книга „Македонија, нејзините народи и нејзината иднина“, издадена 1906 г. напишал:

„Комитетот или некои негови делови, дури размислува (1905) за политика на наметнување на македонскиот словенски дијалект, наместо литературниот бугарски, како јазик во сите егзархистички училишта во Македонија. Се зборува дека за таа цел се печатени граматики. Ова, ми се чини, ја докажува искреноста на локалниот автономистички патриотизам“.

Пиштол в уста на Чуповски

Брејлсфорд, кој пет месеци престојувал во Македонија и секако имал можност изворно да се запознае со многу работи, зборува за Комитетот или некои негови делови и за локален автономистички патриотизам. Тоа не води кон Битола, чиј Комитет, според белградска Политика од 26 март 1905 година, го сочинувале Димитар Ризов, Наум Ристов, Петар Лигуши, Анастас Лозанчев, Алтипармак и д-р Владев. Белградскиот весник односно неговиот известувач од Битола, кој го криел идентитетот заради страв од ликвидација, тврди дека овој состав дури испратил и меморандум до големите сили во однос на положбата на Македонија, нешто што исто така недостига како документ во нашата историја. Но, Ризов, Лозанчев, како и Груев, во тоа време се надвор од овој регион, што ја исклучува нивната улога во сето ова.

Останува тогаш да се разгледа можноста дека одлука за печатење македонска граматика била донесена во друг состав, можеби од останатите членови на округот, но и по повеќе од еден месец истражување (што за историската наука е малку, но за еден весник премногу долго време) поконкретни податоци за тоа не најдовме.

Сепак, постои друга линија што упатува на тоа дека пролетта 1905 година во Битола и Битолско навистина се подготвувало такво нешто. Тогаш, таму пристигнува Димитрија Чуповски со иста идеја и цел. Академик Блаже Ристовски тоа го опишал на следниот начин:

„Во 1905 година, кога во Одеса се печати списанието Вардар на Мисирков, Д. Чуповски доаѓа во Македонија и во текот на неколку месеци држи тајни состаноци и има многу средби со истакнати македонски дејци во врска со организирањето на просветата на македонски јазик… Европскиот печат почна да пишува дека во Македонија се подготвуваат македонски учебници, македонска граматика и сл., што предизвика аларм среде заинтересираните кругови во соседните метрополи“, запишал Ристовски.

Но, продолжува тој, „некои бугарофилски формации на ТМОРО, во велешко… му се заканија на Чуповски со смрт и тој мораше да се врати во Русија“. Станува збор за војводата Стефан Димитров кој му ставил пиштол в уста на Чуповски, по што тој немал избор освен да си замине.

Дали тука пропаднала целата идеја? Не, и во тоа не уверија Англичанецот д-р Карло Билд и д-р Ванче Стојчев, кој во 1993 година открил и публикувал еден друг текст од странски весник.

Граматика и кај Сандански

На 5 јули 1905 година, д-р Карло Блинд, противник на македонската идеја, во лондонскиот весник Пал Мал Газете објавил текст кој од битолско не води во спротивниот крај на Македонија под контрола на Јане Сандански. Блинд расправајќи се со идејата на Сандански за независна Македонија вели дека таа не е оправдана, па оттука било залудно „Македонскиот комитет да се обидува да создаде јазик единствен за сите“. Тоа што нас не интересира, следи во следните редови на Блинд:

„Учените од Комитетот на Сандански создаваат граматика на македонски јазик како јазик на целата област. Дијалектот на битолскиот вилает се земал за основа на тој нов македонски есперанто. Новиот македонски јазик требало да го истисне српскиот и бугарскиот јазик од Македонија, бидејќи македонскиот јазик бил различен од тој што се зборувал во Бугарија и Србија“.

Ова веќе внесува поинаква димензија на целиот случај. Потребата еден Англичанец да ја напаѓа оваа идеја укажува на тоа дека станувало збор за многу посериозен проект, кој очигледно излегувал од битолските рамки и ја покривал цела Македонија.

Како и да е, улогата на Сандански во серскиот регион, на Чуповски во битолскиот, пишувањата на Неа Имерисиа, на Хенри Брајлсфорд, на Карло Блинд, се премногу факти на едно место за да може да се каже дека станува збор за работа преку која може лесно да се помине. Тоа што досега не се откриени документи во врска со ова, не значи и дека ги нема. Сосема друга е работата што е очигледно дека целата идеја не била реализирана, но се чини, допрва ќе треба да се утврдува како и зошто.

Во секој случај, станува збор за една непријатна работа за нашите соседи, пред се за Грците и Бугарите, кои македонската посебност сакаат да ја врзуваат за Коминтерната. Ова дава и поразбирлива слика зошто целиот проект е обвиткан со еден вид мистерија. Документите за македонското прашање, сепак, повеќе ги има во туѓите архиви отколку во нашите.

Address

MACEDONIA
Ohrid
6000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Centre for Macedonian History and Documentation posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Centre for Macedonian History and Documentation:

Share