Macedonian Krushevo republic / Македонска Крушевска Република

  • Home
  • Macedonia
  • Ohrid
  • Macedonian Krushevo republic / Македонска Крушевска Република
https://www.facebook.com/photo/?fbid=1185446521546797&set=pb.100064799196147.-2207520000..
13/01/2022

https://www.facebook.com/photo/?fbid=1185446521546797&set=pb.100064799196147.-2207520000..

Илустрација на славната битка кај Мечкин Камен против турскиот аскер, во која загинал Питу Гули.

Илинденската илустрација е објавена на 27 јули, 1913 година, во списанието “Македонски Глас“ печатено од Димитрија Чуповски во Санкт Петербург, Русија.

Illustration of the famous “Battle of Meckin Kamen“ near Krushevo, against the Turkish army, battle in which Pitu Guli was killed.

Published in July 27, 1913, in the journal "Macedonian Voice" printed by Dimitri Cupovski in St. Petersburg, Russia.

01/04/2021

МАКЕДОНСКИОТ ВЕЛИКАН ГРИГОР ПРЛИЧЕВ ТВОРЕЛ САМО НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК КОИНЕ КОЈ БИЛ АЛЕКСАДРИЈСКИ ПТОЛОМЕЈОВ ЈАЗИК (19 ВЕК ТАКАНАРЕЧЕН СТАРО-ГРЧКИ). ВО СКЕНДЕРБЕГ ТОЈ НЕ ГИ НАВЕДУВА ДИВИТЕ ГЕГИ (ЧЕРКЕЗИ И ТАТАРИ), А НИВ ГИ ИМА ВО СЕРДАРОТ (ОД 1840 Г.).
ВО СКЕНДЕРБЕГ ПОСТОЈ ПОИМ АРНАУТ- АРНАУТИТЕ БИЛЕ МЕШАВИНА НА 90% ГЕГИ И 10% ТОСКИ !
Македонскиот Великан Григор Прличев бил роден во Охрид,каде тој и се школувал во грчко училиште како припадник на Цариградската патријаршија. Па тој како грк го изучувал само македонскиот Александријски Птоломејов јазик коине, кој станал христијански јазик со Апостол Павле- Павле не го познавал службениот јонски јазик во Атина, кој бил службен и за Александар Македонски. Тој Илијада ја имал на јонски јазик.Таа во Александрија, во 3 век п.н.е. била преведена на коине. Бидејќи коине произлегол од старо-египетскиот, со него не се разбира-л Хомеровиот славо-македонски јазик (грчки лингвист Чулкас-1907). Службен јазик во Елада бил коине, а со доаѓањето на Баварците не баварскиот јазик, на кого не се пишувало туку само германскиот. Исто така, бил и францускиот. Григор Прличев бил учител во Тирана на македонскиот јазик коине. Следи Скендербег и Сердарот биле на коине. Пак, патријаршијата го прифатила катаревуса 1968 г.
Во Скендербег се употребува поимот Арнаут, но не Гегите (Черкезите и Татарите). Во Османовата војска постоел Черкешки ред, а Татарите била платеници. Меѓутоа, поимот Геги се среќава во делото Сердарот:
За СЕРДАРОТ, Григор Прличев, на 25 март 1860 (Прличев) победил среде Атина на конкурсот за најдобра поема на грчки со „Сердарот“. „Сердарот“ (грчки: Ο Αρμάτωλος) - најпознатото дело на македонскиот поет и преродбеник Григор Прличев. Следи делото е напишано во 1860 година, а на 25 март истата година тоа учествува во натпреварот за најдобра поема на грчки јазик (што секоја година се одржувал во Атина), и ја добива наградата Ловоров венец, како и парична награда. Поради силниот впечаток што ја оставила оваа поема, Прличев бил наречен „Втор Хомер“: дефтерос=дефтер=де фтер=втер=втор Омер- брсјачки без Х.
Во Сердарот Гегите веќе постојат. Најрано Черкезите се среќавват во 1840 година, а по Кримската војна масовно се колонизирани Татари и Черкерзи, познати како Геги (Ирби-Мекензи, Хамер, Вајганд, Шових...) И следи тие биле колонизирани меѓу Врање и Шар Планина. Нивниот број изнесувал 1 и преку 1 милион...
Па еве го и биолошкото образложение: множењето може да биде и на вештачки пат, покрај со вештачкото оплодување, и вгнездување на плод во родилката. Бидејќи за да се добие потомство,мора да постои мајка која ќе го носи плодот до породување, и дои после родување, Шкиптарија во 18 и 19 век била со многу мал број женски кои биле родилки и доилки. Па воглавно мајките биле со кавказко потекло, што го потврдуваат самите Арнаути (Черкези, Татари и Шкиптари), кои тврдат, денес во Р.Македонија 90% се Геги (Черкези и Татари) и 10% Шкиптари. Токму со ова наведеното се потврдува, мајките биле Азијатки од Кавказието итн.
Доказ за малкубројните Шкиптарки=Тоски, во Шкиптарија се Власите, Геги, Македонци и други Хомеровци.
Бидејќи Геги (Черкези и Татари) се 90% и Тоски 10%, немало арнаутски народ-пописите секогаш се лажни!

https://www.facebook.com/macedoniaendless/posts/5750810338278142?__cft__[0]=AZVaarFASNwzOmHPuo66UBrbLyLspVeqVWtKYhSpV8oY...
01/03/2021

https://www.facebook.com/macedoniaendless/posts/5750810338278142?__cft__[0]=AZVaarFASNwzOmHPuo66UBrbLyLspVeqVWtKYhSpV8oYgggQJmTzvkrSa4FO0e8e3LcTrkUnWXcDMEmNa24kEKwihPCDk1q_39CnT2P_yOs95LSsW8ntAnHfb1-t35d9Q4Z4erw7zNY40D22IN1F4LLpCbxtrPiJF2G_kRHJFq_D24lxeb7EoWpWHKCzQ2zHSnU&__tn__=%2CO%2CP-R

„Убиен е водачот на македонските револуционери.
Веста за смртта на Дамјан Груев, познат како лидер на македонската револуционерна органицација, е потврдена.”

„Le Siècle”, 10 јануари, 1907.

Грчки историчари: Гоце Делчев и Јане Сандански се бореа против Бугарите, Србите и против Грците, за Македонската нација,...
24/01/2021

Грчки историчари: Гоце Делчев и Јане Сандански се бореа против Бугарите, Србите и против Грците, за Македонската нација, за Македонија на Македонците.

18/01/2021

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ја објави книгата „Григор Прличев и неговиот ХIХ век“ од Вера Сточевска-Антиќ и приредувачот Милчо Јованоски.

Книгата со својата содржина е посебно актуелна денес. Познато е дека доменот на научни истражувања на авторката, проф. д-р Стојчевска-Антиќ, се движи од IX до XIX век. Колку што биле силни и значајни тие почетоци во IX век, толку на одреден начин останале недоволно идентификувани во XIX век. Таа и во овој труд ги бара постојните преоди на нашиот јазик од времето на старословенскиот литературен јазик, кој во разните словенски средини преминува од XII век во црковнословенски, за да се дојде до XIX век со потреба од изрзување на сопствен литературен јазик, различен од бугарскиот, од српскиот, а разбирливо тоа е евидентно и со грчкиот јазик, соопшти издавачот на книгата.

Проф. д-р Георги Сталев, еден од најдобрите познавачи на животот и делото на Прличев, во рецензијата наведува дека „кај нас.Григор Прличев е најочевидниот пример на интелектуалец од Охрид кој во својот постепен и длабок развоен пaт, од детството до знаменит ’Втор Хомер’ во Атина, за да дојде до сознание дека еден ’општословенски’ јазик е за него добредојден, појасно од употребата на бугарскиот јазик.

Во суштина, тој одлично го говори својот мајчин охридски дијалект, но ја чувствува потребата за еден општословенски јазик, кој сака да го поврзе со вековното влијание на словенскиот развоен пат на јазикот, поточно поврзан уште со времето на Климента, како еден вид измислен од него „литературен јазик“. Пред него „и денес горат безбројни кандилца во Охрид“. Толку е длабок Климентовиот култ во Охрид и денес. Вера Стојчевска-Антиќ запира и на заедничките мотивации за создавање на слова, посебно влијанијата на св. Клиемт Охридски врз одредени слова на Григор Прличев, кои се мотивирани од заеднички извори, вели рецензентот Сталев.

Покрај 12 трудови од д-р Стојчевска-Антиќ, книгата содржи и автографски записи, документи, мислења од охридскиот новинар Милчо Јованоски. Тој изнесува податоци и слики за куќата и гробот на Григор Прличев, за семејното стебло (прв жпат во печатена форма) за најастарите македонски изданија на негови значајни дела, филмови за Прличев, Прличевите визити, добитниците на наградата за најдобра поема…

Од Охрид до Атина, Софија, Солун и пак Охрид. Животот на Прличев е преполн со плими и осеки. Воздигнат до Хомера, нападнат од мнозина. Болен не само физички туку и во душата. Разочаран од постапките на луѓето околу него, згаснува неговиот живот. Вљубеноста во родниот Охрид била дотолку голема што градот го нарекувал „таткојна“. Тоа доволно сведочи за него и односот кон сограѓаните, градот и дојденците. Проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ и нејзиниот некогашен студент, а сега наш колега м-р Милчо Јованоски, создадоа концепт кој го спои минатото и сегашноста со надеж дека така ќе привлечат внимание од јавноста и читателите за нов прочит на големиот Прличев. Оваа„книжевна читанка“ истовремено е мал туристички водич низ Охрид. Книга која сум сигурна дека ќе ни го доближи Прличев уште повеќе до нас, вели директорката на Библиотеката, Гордана Змејковска, уредник на изданието.

Се планира книгата „За Прличев и неговиот XIX век“, посветена на патронот на НУ Библиотека во Охрид, да биде промоворана на почетокот од февруари во рамките на манифестацијата „Прличеви беседи“.

ВО СОФИСКИТЕ ВЕСНИЦИ СЕ ПИШУВА "ИЛИНДЕНСКО МАКЕДОНСКО ВОСТАНИЕ"МАКЕДОНЦИ, МАКЕДОНСКИ ДЕЈЦИ...Историјата не може да ја пр...
18/12/2020

ВО СОФИСКИТЕ ВЕСНИЦИ СЕ ПИШУВА "ИЛИНДЕНСКО МАКЕДОНСКО ВОСТАНИЕ"
МАКЕДОНЦИ, МАКЕДОНСКИ ДЕЈЦИ...
Историјата не може да ја промените!!!

Eftim Jovanovski
Денешните бугарски историчари и пропагандисти отворено и дрско ја лажат јавноста (а и самите себе) за наводната „вековнастаро­бугар­­с­ка книжевност“, на која наводно припаѓа и македонската. Наспроти тоа, историските факти збруваат дека по доаѓањето на Балканот турко-моноглските Бугари си имале свој јазик (сличен на јазикот на денепните Татари во Русија), кој останал во употреба во Бугарија дури до 12 век! Цел век и половина турко-монголските Бугари пишувале на грчки, а припадниците на семејството на бугарскиот цар Симеон (кој дејствувал нешто по времето на светите браќа Кирил и Методиј) дома се уште си зборувале на мајчиниот турко-бугарски јазик. Но, наспроти овие факти (преземени од бугарски извори) бугарската пропаганда денес тврди дека светите браќа Кирил и Методија ја создале „бугарската писменост“ (!?), при што алудираат на кирилицата, па не случајно Бугарија е полна со фалсификувани ликовни претстави на ликовите на овие двајца просветители кои во своите раце ја држат кириличната азбука (иако тие ја создале глаголицата, која нема никаква врска со кирлицата). Ова е уште еден од огромниот број докази дека бугарската историорафија е заснована врз фалсификати и вештачки создадени митови се со цел, различниот рој етникуми во Бугарија – Тракијци, Словени, Македонци, Власи, Бугари, Роми, Турци… да ги држи во заблуда дека сите тие се „етнички Бугари“.

·Одговори· 44 мин.

Eftim Jovanovski
Што се однесува од подоцнежните времиња, бројни по­датоци зборуваат дека дури и во почетокот на 19 век нај­големиот дел од Бугарите не само што биле неписмени луѓе, туку не­мале ни свој книжевен бугарски јазик.(Бугарскиот книжевен јазик, ка­ко што е поз­на­то,е создаден дури во втората половина на 19 век).
Така, на пример, англискиот патеписец Роберт Волш во патеписот од неговата посета на Бугарија во 1827 година мошне сликовито ја опишал оваа состојба:
„Таму каде што не се користи грчкиот јазик во богослужбите, се користи древниот писмен јазик, но бидејќи Бугарите не го разби­раат ни едниот ни другиот, тоа значи дека тие прак­тично богос­лужбата ја слушаат на за нив непознати јазици. Во оние малку учи­лиш­та што ги има по градовите сите учебници се напишани на грч­ки, иако тој јазик народот не го познава. Како резултат на сето ова најголемиот дел од луѓето се неписмени. Јази­кот што го ко­ристат е само устен и овој јазик никогаш не бил лите­ратурен. Дури неодамна биле отпечатени неколку книшки на овој јазик, но јас не успеав да видам ниту една од нив… Во многу места нема ни училиш­те, ни црква, ниту пак книги… Низ сите села низ кои поминав не сретнав ниту еден човек што да знае да чита и да пишува“. (Марија То­до­рова „Англиските патеписци за Бугарија“, Софија, 1987).
Во ова сведоштво е многу значајно тврдењето дека Бугарите во­оп­­­што не го разбирале ни т.н. црковнословенски јазик, па нејасно е зош­то некои денес и понатаму, тврдоглаво и вон секаква логика, тврдат дека овој јазик бил – „бугарски“.

·Одговори· 42 мин.

Eftim Jovanovski
Впрочем, за непостоењето на каква и да е бугарска литаратура дури и во првите децении од 19 век,сведочат и бројни национално осоз­­­наени бугарски преродбеници од четириесеттите до седум­де­­сет­тите години на 19 век. Овие бугарски дејци жестоко го крити­ку­вале нис­кото ниво на писме­носта кај Бугарите, како и непос­тое­њето на кни­жевен бугарски јазик. Најго­лем доказ за ова се бугарските пре­род­бенички текстови напишани на срби­зиран словенски јазик, во кои авто­рите недвосмислено се жалат дека Бугарите немаат свој книже­вен ја­зик и бараат веднаш да биде создаден ваков јазик.
Понатаму, во нашата јавност е малку познато дека пред да биде создаден бугарскиот литературен јазик (19 век) тогаш­ните ретки бугарски панслависти отпрвин пишувале на јазик што претставувал мешавина помеѓу старословенскиот, рускиот и српски­от јазик и овој нивни јазик бил тешко разбирлив за ретките Бугари што умееле да читаат, (а за денешните и да не зборуваме).
Ова може лесно да се потврди ако се разгледаат тогашните бу­гар­ски текстови напишани од крајот на 18. век, па се до средината на 19. век. Така, на пример, во книгата „Кратка историја на бугар­скиот народ“, напишана кон самиот крај на 18 век, во оригиналниот текст пишува:
„Болгàрски народ сезаиде дрéвле Чîрнаго мôра и рики Вôôлги сез велñка Скандинáвˆи се звáху са тáмо гимéри и кимéри, сегдà умнô­жиша са…“
Огромните разлики помеѓу јазикот на кој е напишана оваа книга и денешниот бугарски книжевен јазик, се пове­ќе од очигледни и тешко дека кој и да било денешен Бугарин би го разбрал овој јазик без превод на современиот бугарски книжевен ја­зик, иако се работи за текст кој е одвај околу 200 години стар. Секако дека има и други вакви многубројни примери.
Подоцна, по востанието во Србија, во почетокот на 19 век, бу­гар­ските преродбеници почнале да ги пишуваат своите дела на – срп­ски! На српски пишувал и големиот бугарски поет Љубен Ка­ра­ве­лов.

·Одговори· 42 мин.

Eftim Jovanovski
Во четириесеттите, педесеттите, шеесеттите, па дури и во се­дум­де­сеттите години на 19. век, Бугарите почнуваат да пишуваат на еден србизи­ран бугарски јазик, кој денешните Бугари тешко го раз­бираат. Поради ова текстовите на тогашните бугарски прерод­беници денес во Бугарија се преведуваат на современиот бугарски литера­ту­рен јазик.
Како илустрација на сето ова ќе ја спомнеме книгата под наслов „Перио­дически печатÍ преди освобождението“ од В. Пундев (Софија, 1927), во која е застапен поголем избор на оригинални бугарски текс­тови од четириесет­тите до шеесеттите години на 19 век. Во повеќето вакви текстови тогашните бугарски преродбеници се жалат поради погрчувањето на Бугарите и поради немањето свој сопствен бугарски книже­вен јазик. Голем дел од овие текстови се напишани на еден мешан бугарско-српски јазик.
Така, на пример, Константин Фотинов од Смирна во 1842 година пишува: „Народ болгарски спава,(…) Настави…народа оних, кои поју…“ и сл.; Димитар Мутев од Калофер во 1858 год. пишува: „Оно показува что и мие сме хватиле да разумеваме, колко еден народ злополучен и удален (удаљен, з. м.) од своето велико предзначение, кога он се лишават од науките..“ – и многу други примери. Српски (но и грчки) зборови се среќаваат дури и во бугарските преродбенички текстови од седумдесеттите години на 19 век.
Пишувањето на бугарските преродбеници на србизиран јазик не останало незабележано од странската наука. Така, на пример, позна­тиот чешки славист Јозеф Добровски во своите објавени истра­жува­ња за т.н. старословенски јазик, тврдел дека бугарски јазик не постои и дека јазикот на Бугарите претставува наречје на српскиот.
Дека бугарскиот јазик е наречје на српскиот тврдел и Шафарик во 1826 година, за што пишува и бугарскиот историчар Шишманов.

·Одговори· 41 мин.

Eftim Jovanovski
Речиси сите бугарски преродбеници од средината на 19 век се жалеле дека бугарски книжевен јазик не постои и дека треба под итно да се создаде таков. Најдециден во ова е преродбеникот Теохаров, кој во својот труд „Некол­ку зборови за бугарската литература“ (1860) запишал:
„Бугарите не само што немаат современа литература, туку тие се уште немаат направено ни почетни обиди во тој правец… Бу­гарскиот народ пред триесет години беше уверен дека нема свој сопствен книжевен јазик и дека со бугарскиот јазик не може да се пи­шуваат научни книги, туку само со грчкиот, како и дека со помош на грчкиот јазик, може да се описмени секој Бугарин“. („Периодически печат“… цит. дело).
Па, според овие факти само по себе се поставува прашањето: на каков „бугарски кни­жевен јазик“ пишу­вале македонските преродбеници, кога самите Бугари твр­деле дека таков книжевен јазик воопшто не пос­тоел, и тоа дури и во втората половина на 19 век? Ако ја прифатиме ноторната вистина дека првото дело напишано на современиот македонски литературен јазик се појавило во 1903 година, тогаш вре­менската разлика, помеѓу ова дело и првите дела напишани на вис­тин­­скиот, несрбизиран бугар­ски книжевен јазик одвај би изне­сува­ла само нешто повеќе од трие­сетина години! Значи, наполно се руши хипо­тезата за навод­ниот „илја­да­годишен карактер“ на бугар­скиот кни­жевен јазик, на кој навод­но пи­шувале нашите преродбеници и од кој наводно нам ни текнало да се делиме во 1945 година. Напротив, самите бугарски преродбе­ници, дури и во средината на 19 век, тврделе дека тогаш бугарски литера­турен јазик воопшто немало, па поради тоа тие биле принуде­ни прво да пишуваат на српски, а подоцна и на маглив бугар­ски јазик, преполн со српски зборови (за што постојат уште многу примери)!
1📷

·Одговори
· 41 мин.

Ivan Cuculoski
МОРЕ АЛАЛ ДА ТИЕ, КАЈГОНАЈДЕ ВЕСНИЧЕВО ПАРА ВРЕДИ. ОДМА СТАНАА НЕРВОЗНИ БУГАРЧИНАВА.Eftim Jovanovski

·Одговори· 1 мин.

Eftim Jovanovski
Доказ дека овие бугарски преродбенички текстови се напи­шани на јазик што денес современите Бугари воопшто не го разбираат е и фактот дека ду­ри и во овде спомнатото издание (Периодически печат) од 1927 година (во кое се објавени овие тек­ст­ови), како допол­ну­вање на секоја страни­ца има бројни фусноти со пре­вод на одредени зборо­ви од тој јазик на современиот литературен бугар­ски јазик. По­големи­от број на овие зборови се српски и грчки. Ова значи дека и Бу­гарите од дваесеттите години на овој век со тешкотии ги читале тексто­вите од своите предци напишани пред само седумдесетина годи­ни (штом ги објас­ну­вале и преведувале преку фусноти).
Исто така, некои овдешни бугаромани со пот­смев твр­дат дека македонската преродба се сведувала само на неколку книш­ки напишани на западниот дијалект, но тие немаат поим дека и бугарската преродба во 19 век се сведувала само на седум повремени списанија и неколку весници. Од сите тие списанија ни едно не било печатено во Бугарија, што значи дека тие биле недос­тапни за по­ши­роките бугарски маси (се разбира, ова се однесува за пери­одот пред ослободувањето на Бугарија од страна на Русите). Така, на пример, списанието „Љубословие“ било печатено во Смирна (првиот број во 1842 година). Списанието „Мирозрение“ е печатено во Виена (1850). Спи­санието „Блгарски книжици“ е печатено во Цари­град (1857), а така е и со списанието „Читалиште“ (1870). Списанието „Братски труд“,е печа­тено во Москва (1859-1860), а „Знание“ – во Букурешт (1875). Конечно, „Периодичното списа­ние на Бугарското книжовно друш­тво“ е печатено во Браила во Романија (1870-1876).
Инаку, вистината за појавата на бугарскиот книжевен јазик во 19 век е сосема позната и во светот. Како доказ ќе го спомнам цита­тот од големата мултимедијална компјутерска ЦД Гролиер енци­кло­педија (САД, 1995), каде што за бугарската литература пишува:
„Бугарската литература се појавува дури во 19 век како израз на патриотските артикулации против турското ропство“.

·Одговори· 40 мин.

Eftim Jovanovski
Посебен проблем на бугарските преродбеници тогаш било и декларирањето на голем број Бугари како Грци и масовното ширење на грцизмот во Бугарија. Во врска со ова пишува и веќе спомнатиот преродбеник Теохаров, кој во 1860 година пишува:
„Дури и ако Бугарите си го знаеле својот јазик, тие и да сакале, не можеле да пишуваат на него, бидејќи сиромаштијата и прогонот од Грците не им дозволувале да се зафатат со таква работа. Та и самите погрчени Бугари, не само што не ги поддржувале и не им помагале на ваквите луѓе, туку и ги исмевале нивните книги… Грците си ги тегнат кон себе погрчените Бугари… Не е чуд­но што и денес некои Бугари се одметнуваат од својот народ и се при­лепуваат до туѓиот грчки народ. (Периодически печат… цит. дело).
Во продолжение авторот погрчените Бугари навредливо ги наре­кува простаци.
И во предговорот на списанието „Љубословие“ објавено во Смирна (1842) децидно е опишана ваквата состојба, па авторот Фотинов пишува:
„Бугари, благочестиви и православни, до кога ќе спиете во тој длабок сон на незнаење?… Ах, колку е срамно за нас! Многу народи, кои настанаа по нашиот, а кои немаа своја книжевност, се зафатија и почнаа да се просветуваат…,а бугарскиот народ спие!!!“ (Перио­дически печат… цит. дело).
При знаењето на сето ова, навистина се апсурдни тврдењата на денешните бугарски пропагандисти за „илјадагодишниот карактер“ на бугарската писменост и јазик.
Александар ДОНСКИ: БУГАРИТЕ ВО 19 ВЕК ПИШУВАЛЕ НА СРПСКИ И НА ГРЧКИ
https://www.facebook.com/photo?fbid=409031127177322&set=a.149457606468010

https://www.facebook.com/macedoniaendless/photos/a.843277589031466/843295979029627/?comment_id=5372327976126382&force_th...
05/12/2020

https://www.facebook.com/macedoniaendless/photos/a.843277589031466/843295979029627/?comment_id=5372327976126382&force_theater=true¬if_id=1607166487640418¬if_t=photo_comment_tagged&ref=notif

Значението на Илинден - Кочо Рацин, 1940 г.

У историјата на македонскиот народ има многу места кај што се покажује сичко онова што е битно за неговата борба за ослободуење. Секоа народна историја има таквиа места ели датуми, па и македонската историја. А еден таков, и това, може би, најголем е Илинден ели Илинденското восатние. Това е денот, кога заспалиот македонски народ, разбуден од петвековниот сон се разбудуе и стануе да оди со свои нозе по своиот вистински пат. Точно, Илинденското востание не го доврши тој пат. Това само го почна тој пат, поправо, само го покажа за тие што вистински се борат за вистинска слобода на Македонија. И баш затова оти тој пат не е довршен, оти само ако понего се тргне ќе се дојде до слободата на Македонија, баш затова ние младите, напредните синови на оваја поробена земја, треба да го цениме и учиме Илинден, за да би ја постигнале целта на својата борба и слобода на Македонија.

Изучувањето на историјата, особено изучувањето на историјата на еден народ, секој пат значела многу за тиа што се бореле за слободата и прогресот на еден народ. Затоа и се вика, дека историјата била учителка на народите. Но особено таја учителка ни е потребна, баш у овој важен момент, на нас Македонците, за да би могле да си го најдеме едниот вистински пат у нашата борба. Оти баш сега, у овие наши матни денови, кога на многу лесни глави им се завртуе паметот, историската поука, а Илинден има најголемо значение за нас.
Што беше Илинден? Како дојде, како стана и што не учи тој? Ете, това ќе расправаме у оваа прилика и ќе сториме проба уште еднаш да покажеме вистинските патишта на македонскиот народ.

Илинден е најголемата дата у целата досегашна борба на македонскиот народ. Илинден беше првиот вистински пат и едничок начин да се ослободи тој народ, и као таков, тој покажа со крваво платено искуство, како требе да се води таја борба, и како секога, не се оди по него, се праќа со скапа крв и борбата заостануе назад.
Илинден го спреми и организира В.М.Р.О. Таја тогај вистински верна револуционерна организација на македонскиот народ основана од неговите први верни синови, за да го отфрли петвековниот турски јарем, тргна само по едниот верен пат на таја борба: да ослободувањето на Македонците не може да стане само от самите Македонци. И тогај се мислеше дека слободата ќе ни ја донесе некој друг. И тогај некои клапави синови на нашиот народ мислеја и се надеваја дека таа слобода ќе ни ја даде „некој отаде Блгарија, Европа ели некој друг, само не самиот македонски народ. Но неговите верни синови знаеја кој може това вистински да го стори и по кој начин и патишта треба това да стане. Економското состојание, народносното состојание, народните потреби и вистинските револуционерни сили што се развивајат од сичко овова — ете, това беше првата стапка от кај што требеше да се тргне, и от кај што тргнаја верните борци и организатори на Илинден.

Првата В.М.Р.О. била направена од неколку поразбудени Македонци, ама како масвна организација таја почнуе да биде од 1896 г. Тогај на чело стоеше Даме Груев. Таја организација, како вистинска револуционерна организација, јасно се определи што сака и како ќе го постигне: масовно организирана револуционерна акција и самата Македонија, водена од самите Македонци. Оти за организаторите на В.М.Р.О. беше јасно дека само така може да се освојуе слободата на Македониа.
Отогај, па до 20 јули 1903 [сметано по стар календар] кога стана Крушевското Илинденско востание, вистинските народни борци непрестано работеја у народот, пропагандираја, дигаја свест, организираја месни комитети, вооружени борбени одреди — чети — и се што требаше да се дигне едно народно востание.
Но едно е овдека да се каже, за да разбере целиот карактер на едно такво востание. Првите борци на В.М.Р.О. — Даме Груев, Гоце Делчев, и Јане Сандански, како вистински народни борци, убаво знаеја што беше тогај Македониа и какви се вистинските потреби за нејзините народи. Тија пропагираа борба против турската феудална империја, а за една слободна независна автономна Македониа уредена како демократска-гражданска држава. Они сакаја да се земе феудалната земја од беговите и да се даде на селаните што ја копајат. По градовите, да се растурат старите и корумпираните турски власти, да се образуе една демократска власт от народот по градовите и селата, која ќе биде одговорна пред автономното управление на Македонија, избрано и поставено по демократски начин од сичките народи што живејат во Македониа. Оти тија вистински народни борци убаво знаеја, дека само така, по тој начин и со тија сили не само што ќе се ослободи Македонија, ами ќе и се даде начин да се економски културно развие и подигне како нација. Затова они под своето знаме ги викаа сите народи што тогај живееја у Македонија и страдаа од турскиот феудален јарем: Македонците, Турците и Арнаутите. Оти и тогај у Македонија не живееја само Македонци. Една трета и нешто беа Турци, Албанци и др. За да се уреди една автономна и независна Македониа, можеше само на еден начин: да има слободно и демократски избрано, рамноправно и от сите народности, претставление и управление. Друг пат немаше: слобода, кај што ќе управља саде еден народ, значеше да Македонија стане само дел на една од државите околу неја — блгарската, турската, српската ели грчката. Затоа Македониа требаше, да стане една „балканска Швајцарија“ демократска република на народите што живеат у неја. Ете, това беше целта на народните борци на В.М.Р.О.

Но разбира се, това никако не и ујдисуваше на државните управители што беа околу Македониа. Сите тија фрлија око на неја и си ја сметаја како своја земја. Си чекаја само прилика, како да си ја земат. Идеалот на В.М.Р.О. само ги заплаши, и на секој начин гледаја данестане. Најповечку за това се загрижи Блгариа. Блгарското управление сметаше дека кога и да е Македониа треба да биде негова, та затова уште тогај се почна усилена пропаганда да се прикажуваат Македонците како македонски блгари, кои требе да се соединат со својата мајка, и сета нимна борба за ослободување ќе требе да има таква цел. И ете тогај блгарското правитлство почна активно да се меша у македонские работи. Идеата за ослободувањето на Македониа от „мајка Блгарија“ уште тогај стана најголемиот душман на вистинската слобода на Македониа. И Илинден, како прво големо народно дело, покажа сичко това со пример, како што покажа и каде е вистинскиот пат за една вистинска слободна Македониа.

За да не дозволи да дојде до една вистинска слобода на Македониа, блгарското правителство направи еден „Врховен комитет“ со кого сакаше, преку свои човеци, да ја руководи сета борба у Македониа. И от тој комитет почна после трагедијата на Македониа.

Кога се спремаше Македонското востание, се мислеше да биде това вистинско народно востание, подигнато у најпогоден момент и со сичката револуционерна сила. Но това никако не сакаше Врховниот комитет. И ете зошто това востание бидна пред време и до крај исползувано од блгарското управление. Но за десет дена, колку што траеше првата македонска република у Крушево, јасно се покажа сичко што не беше нездраво и лажно у борбата на Македонскиот народ. И одтука, кои се едино првите патишта на таја борба.
Ние овдека нема да го описуеме самото востание. Ние само сакаме да кажеме, како неговото големо значение лежи у това, што ни ги покажа онија патишта, што и до ден денешен остануват за нас.

Кои се тиа?

Прво, и најважно е това, дека Македониа не е земја од еден народ ами група од неколку народи, кои се поврзани со своите економски и териториални интереси, и као такви, само на една земја, под свое слободно, демократско управление, можат да живеат како слободни. Кога некои од државите сакајат да ги „ослободат“, това не значи ништо друго до да ги турат под своја власт, да ги поробат. За това само борбата на самите Македонци може да и даде слобода на Македониа - а секој друг — само робство.
Илинденското востание ни покажа како това е верно, и неговиот проглас до сичките народи на Македониа, ни кажуе само, дека тој пат и ние треба да го земеме. Македонците не се ни Блгари, нити Срби, не се ни Албанци ни Грци. Они се група од неколку народи, и затова, на територијата кај што живеат, можат да се слободни само ако се управљавајат сами, равноправно измеѓу себе, и демократски. Това е заветот на Илинден, и правиот пат и за денешната борба.
И баш оти е така, оти Македониа не е от еден народ, мешањето на некоја од државите околу неја, за да го ослободи еден од тија народи — значи само да ги пороби другите, значи само да таја држава има империјалистички цели и ништо друго. Слободата, вистинската слобода на Македониа нема да дојде от таму, ами само от самите Македонци и со примерот што го покажа Илинден! Секој друг пат е лага!

Од Илинден до сега се поминати цели 37 години. Цели 37 години крвава борба и крваво искуство. И Македониа уште не е слободна. Борбата е тешка, душманинот јак, но и мнозина водачи не водеја по крив пат. Уште има кај нас „чекајушти“ и „желајушти“! Уште таквија чекајат некој да ги „ослободи“ и да им даде живот.

https://www.facebook.com/macedoniaendless/photos/a.309045485788015/4530734530285735/?type=3&__xts__%5B0%5D=68.ARCMkvZ5q0...
17/06/2020

https://www.facebook.com/macedoniaendless/photos/a.309045485788015/4530734530285735/?type=3&__xts__%5B0%5D=68.ARCMkvZ5q0wbPQNQ6KrGZLChh0CHQn3GcfaHb1Pqots8JObBfqLGx0hBOI4OKI5Av10aOvXZyjBrA9UwnC9iirwYRmTpdj_REfH8pDTmPAFUvygiieLVrAm0peXvjVHSyOnAjDv667E62ZO0Y4Fiml_qQUyq3Bv9VfAIGAQ1SWuf33C3HA1959bsNSXL52qDn9V0XSsya7rfleJYORI9fhta3HbRn2y90otn_HnYsUh2PVvlMKS_H0l1568gWkQt9I-w3pc_KxRksqYyv7Nit6J6yQ6JpfAryO9GKz6ZhK3OsTjdoj7fhZmZfNkzeUPb3iuz&__tn__=-R0.g

Македонија, 1903... „Во нивните прогласи лидерите на Словено-македонскиот комитет се повикуваат на Александар Велики како национален херој.”

Џорџ Фредерик Абот: „Приказна за една обиколка во Македонија“ (The Tale of a Tour in Macedonia), 1903, стр. 278.
-------------

Address

MACEDONIA
Ohrid
6000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Macedonian Krushevo republic / Македонска Крушевска Република posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Macedonian Krushevo republic / Македонска Крушевска Република:

Share