Macedonia is Free Land when is Controlled by Macedonians and No One else

  • Home
  • Macedonia
  • Ohrid
  • Macedonia is Free Land when is Controlled by Macedonians and No One else
Објавениот документ со кој Бугарија поставува нови (агресивни) услови за Македонија за идниот преговарачки процес, смета...
20/03/2021

Објавениот документ со кој Бугарија поставува нови (агресивни) услови за Македонија за идниот преговарачки процес, сметам дека е сериозен манифест на негирање на македонскиот народ и неговата историја, вели за Пресинг ТВ, проф.Наташа Котлар-Трајкова.

Според неа, документот треба на прв поглед да не вџаши, а потоа со „божја“ помош, односно со помош на македонските ренегати од секаков вид, да голтнеме горчина, за во иднина благо да мислиме.

-Ова е содржина која повеќе зборува за европските партнери на Бугарија, одошто за самата неа. Изразеното понижување кон македонскиот народ, инфлагрантното фалсификување на македонската историја и нејзиното манипулативно прикажување во документот, до недолично и целосно негирање на македонскиот народ е невиден пример на фашистичко однесување на бугарските политички и водечки претставници, како и на нивните европски поддржувачи, за жал во 21 век! Конечно, не е на ЕУ, респективно и на Бугарија да определува или да суди како се идентификува еден народ, како ја именува својата земја, ниту кој јазик го говори тој народ. Ова претставува опасен преседан за процесот на проширување на ЕУ, воопшто, вели проф. Котлар-Трајкова.

Во овој документ, според проф.Котлар-Трајкова, има многу нешта кои привлекуваат внимание и треба да бидат сериозно искритикувани. Но, во првичната реакција, таа се задржува на историскиот аспект.

-Во оваа смисла ќе нагласам дека македонската историја се создавала врз основа на историските закономерности (кои и европската наука ги признава), а развојот на макердонската народносна (и национална) посебност во историската линија, честопати трновита, изразува карактеристична содржина, што се стреми кон афирмирање на посебна национална свест и култура. Дека Македонија, пред се, е посебна етногарфска, социјална, културна и политичка целина во историскиот контекст, а тоа, исто така, како што пишува во бугарскиот документ-„го потврдуваат сите дипломатски и историски информации од тоа време“, вели Котлар-Трајкова.
Притоа, наведува само еден пример од руската документација, која Бугарија по сила на нештата мора да го „љуби“, поради рускиот атрибут. Го наведува пишувањето на рускиот дипломат А.Петрјаев од 1909 година: „Македонија (термин поскоро политички, отколку географски) опфаќа во себе дел од провинцијата на Европска Турција…населението претставува самото по себе свој, наполно посебен, смешан „македонски“ тип, којшто е неможно да биде подведен под ниту една од познатите етнографски групи. Сите именувања, што му се даваат нему-Бугари, Грци, Срби, Албанци и Романци (Куцо-Власи) се јавуваат единстевно како политички етикети, што му ги натрупуваат соседните со Македонија балкански држави“.

Македонскиот народ за разлика од соседните, продолжува Котлар-Трајкова, на почетокот од 20 век доживува 6-годишни борби на својот простор, по што е разделен меѓу балканските земји, со премолчано одобрување на европските „големи сили“ (Џ.Д.Баучер, 1919 година, Париз). Македонското население, сега веќе инкорпорирано во правниот и во политичкиот систем на различните балкански државу (Грција, Бугарија, Кралството СХС/Југославија), директно се соочило со својата посебност од аспект на јазикот, на културата, но и од аспект на постојаната етничка, економска и социјална маргинализација.

-Во периодот меѓу двете светски војни, без оглед на постојаните тенденции да се негира македонската народносна посебност, а со тоа и нејзината самоизградена и себедефинирана национална свест, еден е фактот: европската, а во тие рамки и балканската левица, во своите планови за сеопфатна конфронтација со либералната демократија во актуелното македонско национално-ослободително движење препозна сериозен сојузник. Сојузник исцело посветен на идејата за создавање сопствена македонска држава, што само по себе подразбира рушење, односно рушење и редефинирање на балканскиот систем на држави, нешто што целосно одговара на идеите и на тактиката како на СССР, така и на неговата продолжена рака-Коминтерната, нагласува проф.Котлар-Трајкова.
Оттука, паралелно со македонското (национално) движење, според неа, сега веќе и комунистичките партии и организации стануваат носители и промотори на посебноста на македонскиот национален идентитет, а со самото тоа и на идејата за создавање македонска држава, самостојна или во состав на некаква балканска федерација. Во Втората светска војна, додава таа, македонскиот народ, иако поделен помеѓу различни правно-политички системи, дополнително обременет од големоалбанската, големобугарската и германско-италијанска окупациска власт, развива народноослободителна борба, со крајна цел создавање сопствена држава, како на дефинитивна потврда не само на себеосознавањето, туку и на осознавањето на реалноста од страна на европската, но и на светската јавност.

-Подготвителните документи на британското, односно на американското Министерство за надворешни работи, во пресрет на сојузничката конференција на Јалта, јасно укажуваат дека македонската нација е реалност, факт од кој не може да се избега. Создавањето на македонската држава врз асномските одлуки во рамките на југословенската држава, покрај тоа што е резултат на НОБ и НОВ на Македонија, од меѓународен аспект е воедно, согласно и интересите на геополитиката и сферите на усогласување помеѓу големите сили, вели проф.Котлар-Трајкова.
Според неа, по завршувањето на Втората светска војна, македонскиот народ иако само во делот на сојузната југословенска држава, создаде сопствен правно-политички инструмент со кој да ја стабилизира и развива својата национална свест, а од друга страна, зрачејќи регионално, да ја зачува и да ја развива идејата за себепосебноста во соседните држави. Затоа, бугарските мистификации од голем број настрадани, илјадници Бугари, во повоена Македонија, не држат, па дури заради апсурдноста се и смешни!

-Ова е македонската историска стварност, која Бугарија не сака да ја прифати и повторно ни нуди бајата, манипулативна содржина. Но, овојпат треба да истакнеме многу јасно и отворено дека таа за нас е и европска и крајно понижувачка. Затоа, овој бугарски документ не треба да се прифати, веднаш да се искине и фрли, да се напише остра нота, најпрвин до европската политичка елита-ЕУ, а потоа и до Бугарија. Јавно да се објави заштита на македонските национални интереси и заштита на македонската сувереност, за сега и за во иднина! Затоа што националното достоинство на една држава и нејзиниот народ стои највисоко пред секој индивидуалец, како врвен приоритет, потенцира проф.Котлар-Трајкова.

      every other name is a name of invaders of    every other name is a name of   of Macedonian  if you want mutual res...
04/03/2021




every other name is a name of invaders of

every other name is a name of of Macedonian

if you want mutual respect with Macedonians you will use our genetic and historic,
our name Macedonia and

http://www.historyofmacedonia.org/ConciseMacedonia/Documents.html

Macedonians of today are DIRECT descendants of the Ancient Macedonians
http://www.historyofmacedonia.org/ConciseMacedonia/AncientGenes.html

Ancient Quotes on the Macedonians as Distinct Nation
http://www.historyofmacedonia.org/AncientMacedonia/AncientEvidence.html

of the of as distinct country, as and as distinct since 8 centuries before until and in
http://www.historyofmacedonia.org/ConciseMacedonia/Documents.html

ANCIENT AND MODERN MACEDONIAN LANGUAGE IS ONE SAME LANGUAGE
http://rosetta-stone.feit.ukim.edu.mk/en/node/75

https://www.facebook.com/macedoniaendless/posts/5681003825258794?__cft__[0]=AZUcE81OjwRKu19b646hX5cMQPtICkTB3MTxIjNNaZ7Y...
13/02/2021

https://www.facebook.com/macedoniaendless/posts/5681003825258794?__cft__[0]=AZUcE81OjwRKu19b646hX5cMQPtICkTB3MTxIjNNaZ7Y3kHzPohNVymWUYcmdB6joXYb2kf0acnloXwKZw1MVDbkkBLuHtvhY7_Nu0B64JlRPwbZY2X29XS1zyGf-YlaOzZLr_LoTeT88JFHQHu2U3zzGHzdNgE1LtILhu98BStWJhYRbtQBCa1fwxWpCyZiQCQ&__tn__=%2CO%2CP-R

Писмо од Дебар, 10 октомври 1913 година

„Ние го преживуваме сега она што не се случи во ниедна од минатите војни. За време на војната меѓу Србите и Турците, ние им помагавме на Србите и поради тоа во почетокот нивните односи спрема нас беа подносливи. Во моментот на српско-бугарската војна ние стоевме настрана. Но во текот на неколкуте дена на албанското навлегување во Македонија, наеднаш нас нѐ ставија меѓу два огна, ние почнавме да трпиме несреќи и напади од две страни. Кога Албанците влегоа во Дебар, кој од непознати причини, набрзина беше напуштен од српските војски, тогаш некои Македонци наивно поверуваа, дека Албанците ќе ни го донесат долгоочекуваното ослободување. Но наскоро, овие оптимисти се разочараа. Албанците почнаа да ги ограбуваат македонските куќи и со своето надмено држење на победители кои го презираат мирното население, покажаа дека тие се исти такви непријатели на Македонија, како и другите. Освен тоа, Албанците со сила ја врбуваа нашата младина во своите одреди за борба против Србите, а со непослушните пак, се расправаа на свој начин. Наскоро потоа, поголемиот дел од нив се повлече кон север. Но само по една недела, започнаа да се враќаат српските војски, и разбиените Албанци се вратија назад, кон дома. На Србите што влегоа во Дебар (делови од полковите 7, 13, 19 и 20), како прва должност им беше да се позанимаваат со несреќното месно население. Формираа воен суд и почнаа да бараат да им се предаваат луѓе, кои божем им помагале на Албанците, а всушност поради омразата кон немоќните Македонци, оние кои им се непријатни на Србите, ги фаќаа и им се одмаздуваа поради барањето на своите права и автономија.
Сега нашиот расцутен град Дебар е претворен во урнатини. Населението делумно е истепано, делумно се разбега на различни страни. Мијаците кои останаа, се очајни. Никој не знае што ќе стане понатаму и какви уште ужаси ќе дочекаме ние од нашите браќа - ослободители Срби, кои се чувствуваат наполно неодговорни.

- Дебранец.”

„Македонскiй Голосъ”, 9, стр. 110, 1913.

https://www.facebook.com/macedoniaendless/posts/5671518059540704?__cft__[0]=AZUu620Yp4KW1R1vLc_Y4cyO0m4yLElK-qFv0Hegw3Mr...
11/02/2021

https://www.facebook.com/macedoniaendless/posts/5671518059540704?__cft__[0]=AZUu620Yp4KW1R1vLc_Y4cyO0m4yLElK-qFv0Hegw3Mrz3bq9497nd3Xz4fCRk_Vi1DIVuagbzA7AmPbQVSrNAM2uDHqaJ7nENDUSdnvtpEYpAeJXKTf_CMyF00wbNixwqdV2XDCHNk7VSJtits8lQLnRPZA0ibyoc0RYNHqjSD2p25Mds-ZC6Hk7mTR_epL610&__tn__=%2CO%2CP-R

Македонец од Воден, 6 јуни 1934 година

„Воден. – Овде во Воден и во нашата околија, во срцето на Македонија, овде каде што ние МАКЕДОНЦИТЕ не знаеме друг ЈАЗИК освен нашиот МАКЕДОНСКИ, разните органи на грчкиот капитализам не принудуваат да зборуваме на грчки јазик, а да не го зборуваме нашиот јазик…. Освен тоа, не лишуваат од слободата што ја добиле нашите татковци по долгогодишна борба, гинејќи за ослободувањето на Македонија… Во основните училишта секојдневно ги тепаат малите деца кои го зборуваат својот јазик. Особено тука во Воден, послушникот и фашист Георгиадис ги тепа децата ако зборуваат на македонски јазик, ако ги завиткаат тетратките во црвена хартија или ако користат црвено мастило или црвени бои... На тие органи на капитализмот Македонците им изјавуваат дека ништо не може да ги уплаши и дека ќе ја продолжат својата борба сè додека не го остварат своето полно ослободување.”

„ΡΙΖΟΣΠΑΣΤΗΣ”, 10 Јуни, 1934, стр 3.

27/01/2021

Во 1942 година, при пребројувањето на населението во западна Македонија, Албанците не им дозволувале на Македонците да се запишат како Македонци туку како Срби или Бугари. Според проф. д-р Ѓорѓи Малковски од Институтот за национална историја во Скопје, кој го истражувал дејствувањето на балистичката организација во Македонија од 1941 до 1944 година, многу топоними во западниот дел на Македонија добиле албанска форма. Во насока на тенденцијата за целосна албанизација и создавање етнички чиста територија, на улица и дома, морало да се зборува само на албански јазик, а биле организирани и курсеви за присилно изучување на албанскиот јазик. Освен тоа, со посебна наредба на окупаторската власт, сите натписи на трговските и угостителските дуќани морало да се напишат на албански јазик. Називите на улиците биле одбележани со албански имиња.

Исто така, со посебна наредба, целокупната администрација на територијата под нивна контрола морало да се води на албански јазик. Пратеникот и секретар на Фашистичката партија за Тетовската околија, Шаип Камбери, јавно истапувал со тврдењето дека нема Македонци, туку дека тоа се православни Албанци!

Што сѐ направи албанската окупаторска диктатура

На Виенската конференција, врховните команди на Германија и на Италија се договориле за демаркациската линија, која на 23 април ја одобрил Хитлер, а на 27 април им била доставена на бугарскиот и на италијанскиот генералштаб. Но Бугарија постојано вршела притисок да се премести границата на запад до старата југословенско-албанска граница, а Италија континуирано се стремела линијата да се помести уште подалеку на исток, зафаќајќи го дури и Скопје. Италијанските фашисти давале големи парични средства за таа намена. Д-р Малковски, врз основа на документи, пишува дека италијанските окупатори основале и конзулат во Скопје, кој им делел легитимации на доселените Албанци за да ги потврдат своите права и на овие територии, односно максимално да ги прошират границите на нивната сателитска творба, т.н. голема Албанија. Во периодот од мај до јули 1941 година, по декретот на Мусолини од 17 мај 1941 година, во сите градови во овој дел на Македонија биле формирани разграноци на Фашистичката партија на Албанија. Секретари на градските организации биле следните лица: Дебар – Љутви Спахиу, Кичево – Зибер Лимани, Гостивар – Ибраим Адосани, Тетово – Шаип Камбери и Струга – Махмуд Таро, Есад Доко и Наим Амзи. Мрежата на Фашистичката парија на Албанија многу брзо успеала да го наруши соживотот меѓу Македонците и Албанците на овие простори, а диктатурата што ја спроведувале врз населението била неиздржлива. Според инструкциите за контрола на окупираната територија, а врз база на фашистичката платформа од Тирана, биле формирани голем број фашистички организации, како Беса, Фаша, Зото и Таша, а особено битно било формирањето на Балистичката организација, која се појавила кон крајот на 1942 година.

Што откри д-р Малковски за албанската Бали комбтар низ историските извори

„Нејзиното најмасовно ширење се случило во 1943 година, кога станува важна политичка и воена сила на целата територија на западна Македонија и во Косово. Претходно, во подготовките на теренот, италијанската фашистичка власт забранила Македонците да имаат какво било влијание во локалната власт, воведувајќи го албанскиот јазик како официјален во училиштата, општините и јавното комуницирање. Со ваквите мерки го изолирале македонскиот народ на својата сопствена етничка територија како во резерват. Целокупната власт му ја дале на помалобројното албанско население во западна Македонија, кое пак во тоа гледало ’остварување на својот сон за голема Албанија’. Балистичките водачи, во соработка со италијанската власт, настапувале со паролата за создавање албанска етнички чиста држава, во која ќе влезат Косово, голем дел од Македонија, Црна Гора и Чемерија во Грција. Врз таа основа балистичката организација развила голема активност на теренот, особено во Косово и западна Македонија, насочувајќи ги Албанците во борба против македонскиот народ и македонската војска“, подвлекува проф. д-р Малковски.
По капитулацијата на Италија, во септември 1943 година, главен балистички центар станал Гостивар, под раководство на Кадри Сали, но силна била и мрежата што од Тетово ја контролирал Шаип Камбери. Всушност, до капитулацијата на Италија, Бали комбтар веќе имал воспоставено своја мрежа, која функционирала на целата територија на западна Македонија. Пирамидата на организацијата била следнава: во Тирана бил централниот комитет, а во сите седишта на окрузи имало таканаречени окружни комитети, додека во околиите – поткомитети, а во секое село имало селски одбор. Окружните комитети во поголемите градови била поделени на реонски комитети или поткомитети што имале свои групи од 10 до 15 лица раководени од постари и поистакнати балисти. Како командант и водач на балистичките вооружени формации во Гостивар и Гостиварско се истакнале Џемо Хаса од Симница, Акиф Речани и Јусуф Абди од селото Речани, Мустафа од Трница, Феим Јонузи од Здуње, Исмаил Ваип од Требиште, Илијаз од Присојница, Осман од Ростуше, Зито Муарем од Горјане и други.
„Познатиот балист Џемо од Симница бил поткупен со големи пари, а италијанските фашисти му дале и чин мајор. Неговата месечна плата изнесувала околу 50.000 леки. Големи привилегии добиле и другите членови на неговата балистичка банда. Токму со благослов на Италијанците, балистите вршеле злосторства и насилства со кои се вршело етничко чистење на западна Македонија, односно геноцид врз Македонците. При пребројувањето на населението во западна Македонија во 1942 година, Албанците не им дозволувале на Македонците да се запишат како Македонци туку како Срби или Бугари. На денот кога е објавена капитализацијата на Италија, значи на 8 септември 1943 година, балистите скокнале во скутот на Германците, објавувајќи дека Албанија е обединета и независна, а со тоа тие мора да останат на териториите што ги контролираат, понудувајќи се да се борат против англо-американско-советската коалиција. Балистите го добивале оружјето од оџите, кои на организациски план одиграле најголема улога. Штабот на балистите за Кумановската околија, на пример, бил во селото Матејче, а водач бил Суљо од селото Отља, кој пред тоа бил водач на контрачета составена од Албанци што ја формирале Бугарите. Покрај Суљо, во Штабот на балистите во Кумановско биле и оџите Џафер Азизи и Иљас Керими, како и Ферат Ибраими и Џемаил Џемаили од село Никуштак. Во меѓувреме, водачите на балистите почнале со мобилизација на албанското население на верска основа и под паролата за создавање голема Албанија, дозволувајќи им на своите приврзаници да пљачкаат и да вршат невиден терор врз Македонците“.

Студијата на д-р Малковски открива навреди, верска и национална омраза и дури геноцидни директиви и извршувања

По одржувањето на Втората призренска лига, во септември 1943 година, настапуваат уште тешки денови за македонскиот народ под албанска окупација. Во Призрен, по обемни дискусии, биле прифатени, а потоа дадени и насоки, кои се преточиле во директиви „за борба против христијаните што сакаат да организираат своја држава“, со инсистирање „христијанското население да се уништува и протерува, а неговата земја да ја земаат Шиптарите“. На овој конгрес, на кој присуствувал и Селим Шаип од Тетово, заедно со Хусеин Дерала, Идриз Имери и Неџбедин Селими, биле донесени решенија за „целосно истребување на христијанското население во новоприклучените краишта од западна Македонија… и целосна албанизација на сите краишта на Македонија“, пишува проф. д-р Ѓорѓи Малковски во својата студија за албанското фашистичко дејствување во Македонија.

На територијата под контрола на балистите:

Освен албанската националност, друга не била признавана
„По формирањето на големоалбанскиот комитет во Дебар во 1942 година, на чело со Али Реџа и Риза Афус Мемет, започнал планот за што побрзо иселување на Македонците од градот и околните села. Притоа целата административна власт била вклучена во проектот за протерување на Македонците. Така, со извршениот попис во 1942 година, целокупното население што живеело на оваа територија, без оглед на својата национална припадност, било запишано како Албанци и добило албанско државјанство. Друга националност не била признавана. Сите имиња и презимиња на Македонците морале да добијат албански завршеток, целокупната администрација била водена на албански јазик, а строго биле забранети и сите јавни разговори на македонски јазик, дури и телефонските разговори морало да се вршат на албански, а сите мажи морале да носат кечиња на главата. Истиот притисок се спроведувал и во другите градови и села во западниот дел на Македонија, кој бил под окупација на Италија, односно Албанија. Во меѓувреме, масовно помагани од власта, на ’исчистениот’ простор почнале да се доселуваат цели семејства од Албанија и Косово, за да Албанците да станат помногубројни од Македонците, бидејќи во тоа време наталитетот на Македонците бил многу поголем од оној кај Албанците. Албанските доселеници, донесени на местото на протераните Македонци, по ослободувањето останеле во Македонија, а со тоа почнала тивка етничка, културна и јазична доминација на просторот од западна Македонија, која сега е веќе во таква фаза, што значи борба за опстанок на Македонците на своите родни огништа во својата татковина“, пишува проф. д-р Ѓорѓи Малковски во своето истражување за балистите и нивните злосторства во Македонија.

Address

MACEDONIA
Ohrid
6000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Macedonia is Free Land when is Controlled by Macedonians and No One else posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share