ЈП Нискоградба ОХРИД-Охрид

ЈП Нискоградба ОХРИД-Охрид ИЗГРАДБА НА:
канализациони системи, поправка,
колектори за отпадни води,
пумпни станици.

22/11/2025
Екипите на ЈП Нискоградба Охрид брзо и ефикасно ги санираа штетите од поројните дождови во Охрид.Попладневните поројни д...
20/06/2025

Екипите на ЈП Нискоградба Охрид брзо и ефикасно ги санираа штетите од поројните дождови во Охрид.

Попладневните поројни дождови кои денеска го зафатија Охрид предизвикаа низа дефекти на атмосферската канализација на повеќе локации низ градот. Благодарение на брзата и ефикасна реакција на екипите на Јавното претпријатие Нискоградба Охрид состојбата е нормализирана и ставена во контрола.
Веднаш по добивањето на пријавите за настанатите дефекти, екипите навремено излегоа на терен и пристапија кон санирање на последиците од невремето.

Нашите екипи и во текот на ноќта ќе бидат активни на терен и за ново настанати дефекти со атмосферската и фекалната канализација обратете се на телефонскиот број 075286629 (Јане).

Во врска со неодамнешното соопштение исполнето со лаги и невистини на политичката партија СДСМ Охрид во кое се клевети директорот Александар Трпеноски за трошење на народни пари, би сакале да ја известиме јавноста дека од неговото назначување за директор пред четири години до ден денес се потрошени 0 денари трошоци за службени патувања во странство.

Екипите на ЈП Нискоградба утринава беа активно вклучени во расчистување и посолување на патниот правец за селото Куратиц...
01/12/2024

Екипите на ЈП Нискоградба утринава беа активно вклучени во расчистување и посолување на патниот правец за селото Куратица.

Одделението за одржување на канализациона мрежа, градба на нови и реконструкција на постоечки делови од канализациона мр...
23/09/2024

Одделението за одржување на канализациона мрежа, градба на нови и реконструкција на постоечки делови од канализациона мрежа изведува градежни активности на изведба на атмосферска канализација на пресекот од улиците Петрино и Кленоец. Должината на трасата изнесува 425 метри, ќе се поставуваат цевки со дијаметар Ф315 и ф250. Градежниот зафат изнесува 3 901 622 денари и се реализира по налог на фондот за комунален развој со средства од буџетот на Oпштина Oхрид.

Екипите на ЈП Нискоградба Охрид активно се вклучени во гаснење и справување на пожарите што ја зафатија Плакенска Планин...
31/07/2024

Екипите на ЈП Нискоградба Охрид активно се вклучени во гаснење и справување на пожарите што ја зафатија Плакенска Планина.

При редовна контрола на пумпните станици денес екипата која ги одржува истите констатираше дефект на пумпна станица пред...
15/04/2024

При редовна контрола на пумпните станици денес екипата која ги одржува истите констатираше дефект на пумпна станица пред хотел Александрија. а пред неколку дена констатира дефект на пумпна станица Канео. Причинета е голема материјална штета. Во повеќе наврати сме апелирале за подигање на свеста на граѓаните за правилно одлагање на цврстиот отпад каде посебен акцент сме ставале на влажнте марамици. Испраќаме повторно АПЕЛ !!! особено до издавачите на туристичките објекти да ги информираат гостите за правилно одлагање на цврстиот отпад и штетноста од истиот доколку не се придржуваат до препораките. Само со заеднички заложби можеме да допринесеме за подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните и да го направиме престојот на нашите гости попријатен.

Одделението за одржување на канализациона мрежа, градба на нови и реконструкција на постоечки делови од канализациона мр...
26/03/2024

Одделението за одржување на канализациона мрежа, градба на нови и реконструкција на постоечки делови од канализациона мрежа изведува градежни активности на атмосферска канализација на улица Радоица Новичиќ (улица 130, улица Шеста Бригада и улица Петрино). Должината на трасата изнесува 375 метри ќе се поставуваат цевки со дијаметар ф400, ф315 и ф200 и изработка на 19 арминарно бетонски ревизиони шахти. Градежниот зафат изнесува 3 684 814 денари. Се реализира по налог на фонд за комунален развој со средства од буџетот на општина Охрид.

Екипите на ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД Одделение за одржување на канализациона мрежа, градба на нови и реконструкција на постое...
22/03/2024

Екипите на ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД Одделение за одржување на канализациона мрежа, градба на нови и реконструкција на постоечки делови од канализациона мрежа изведува градежни активности на фекална канализација на новиот комплекс на згради на улица Асном, должината на трасата изнесува 265 метри, ќе се поставуваат цевки со дијаметар ф400 мм и изработка на 12 арминарно бетонски ревизиони шахти. Градежниот зафат изнесува 2 887 841 денар. Се реализира по налог на фонд за комунален развој со средства од буџетот на Oпштина Oхрид.

Јавна благодарност од жителите од Рача до Пецаков и Локалната што конечно им се гради тротоарДолгогодишна потреба на жит...
08/03/2024

Јавна благодарност од жителите од Рача до Пецаков и Локалната што конечно им се гради тротоар

Долгогодишна потреба на жителите од Рача беше изградба на тротоар на коловозот кон Охрид. Локалната самоуправа им излезе во пресрет на потребите и во тек се градежните активности.
Жителите од Рача упатуваат јавна благодарност до градоначалникот и Локалната самоуправа што им решава долгогодишен проблем.
Согласно проектот предвидено е торотоарот да е во должина од 600 метри и да биде ограден со рабници. Вредноста на зафатот е 2 300 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид. Изведувач на градежните зафати е ЈП “Нискоградба”.

„Градежните работи во целост треба да бидат завршени за три недели“, вели директорот на ЈП Нискоградба Александар Трпеноски.

Со овој зафат значително се зголемува безбедноста за движење на пешаците.

06/03/2024
Одделението за фекално и атмосферско  одржување   врши услуги  за  редовно чистење на ревизиони шахти цевководи и пумпни...
06/03/2024

Одделението за фекално и атмосферско одржување врши услуги за редовно чистење на ревизиони шахти цевководи и пумпни станици. Согласно динамиката на работа врши и вонредно чистење на ревизионни шахти и цевководи од цврст талог. Со набавка на 7 тонска цистерна ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД- Охрид започна да врши и услуги -чистење на септички јами на граѓани кои не се приклучени во системот за одведување на отпадни води. До колку има граѓани кои имаат потреба од оваа услуга слободно да се обратат во јавното претпријатие. Од неодамна дирекцијата на јавното претпријатие го промена своето седиште и сега се наоѓа на

ул.Радојца Новичиќ бб
Стара Касарна- Објект бр.2
зграда В1,влез1,кат2

Address

Zeleznicka Bb
Ohrid
6000

Opening Hours

Monday 07:00 - 15:00
Tuesday 07:00 - 15:00
Wednesday 07:00 - 15:00
Thursday 07:00 - 15:00
Friday 07:00 - 15:00

Telephone

+38946260298

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ЈП Нискоградба ОХРИД-Охрид posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to ЈП Нискоградба ОХРИД-Охрид:

Share

Category