Купувај локално / Buy local

Купувај локално / Buy local Проектот "Купувај локално" го спроведува Општина Охрид како поддршка на локалните производители и промоција на нивните производи.

✅Купувајте локални производи и помогнете во економскиот раст и развој на својата држава.🔆Побарајте ги производите со наш...
28/12/2022

✅Купувајте локални производи и помогнете во економскиот раст и развој на својата држава.
🔆Побарајте ги производите со нашиот стикер во локалните маркети!

🌅Туристите кои го посетиле Охрид освен за прекрасните пејсажи надалеку прераскажуваат и за богатата трпеза и македонскит...
26/12/2022

🌅Туристите кои го посетиле Охрид освен за прекрасните пејсажи надалеку прераскажуваат и за богатата трпеза и македонските традиционални специјалитети од тој регион.
🐟Охридските ресторани, гостилници но и производителите со домашно приготвени јадења на своето мени имааат охридска пастрмка како уникатен вид на риба во светски рамки препознатлив по вкусното бело место, потоа најстариот производ на македонската традиција-ѓомлезе, или познат и со називите ѓомлезец, тури – потпечи и кашалник како и охридскиот варен ѓеврек со јајце кој е омилен за појадок во комбинација со рибја чорба и макало од лук.
🧄Едноставните состојки надополнети со традиционалниот начин на подготовка и љубовта да се пренесе традицијата ги прави овие специјалитети уникатни и карактеристични.

Купувајќи производи од локалните производители помагаме во зачувување на нашата традиција.

Погледнете како поминавме на настанот организиран од Општина Охрид за поддршка на локалните производители👇
23/12/2022

Погледнете како поминавме на настанот организиран од Општина Охрид за поддршка на локалните производители👇

Охридските локални производители ги изложија своите производи на штандот поставен на Факултетот за туризам и угостителст...
22/12/2022

Охридските локални производители ги изложија своите производи на штандот поставен на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид.
Посетете нè во наредните неколку часа и дознајте како се одгледува охридскиот јабучар, како се собира и суши чајот од Галичица, како се изработуваат филигран, бисери, опинци, кожни нотеси, производи од бакар и глина, потоа пробајте ги специјалитетите на градот како охридски ѓеврек, ѓомлезе, намази, макало и продолжете да ги купувате производите од нашите производители а со тоа подигнете го нивото на нашиот пазар и овозможете продолжување на традицијата на локалните производи.

Охридските земјоделци, занаетчии, производители на традиционални рецепти, на козметички и фармацевтски производи како и ...
20/12/2022

Охридските земјоделци, занаетчии, производители на традиционални рецепти, на козметички и фармацевтски производи како и изработувачи на плетени производи ќе бидат дел од настанот кој ќе се одржи на 22.12 во четврток на Факултетот за туризам и угостителство-Охрид, каде нивните продукти ќе бидат изложени на штандот обележан со нашиот слоган “Купувај локално”.
Ве очекуваме за сите заедно да дадеме поддршка на локалните производители.

Нашите локални специјалитети се нашето најголемо богатство. 🍎Секое овошје или зеленчук кое расте на нашата почва, секоја...
16/12/2022

Нашите локални специјалитети се нашето најголемо богатство.
🍎Секое овошје или зеленчук кое расте на нашата почва, секоја намирница, секој внимателно одбран и со љубов подготвен оброк претставува незаборавно гастрономско доживување.
🥦Секој производ кој може да го понуди нашата земја отвора нови врати во туризмот и можност за уште поголем развој на агрикултурата.

🦪Дали знаете дека за разлика од вообичаените бисери, охридските бисери се единствени по тоа што се прават од школки, кои...
14/12/2022

🦪Дали знаете дека за разлика од вообичаените бисери, охридските бисери се единствени по тоа што се прават од школки, кои се толчат за да се направат седефасти зрна во различни големини? Потоа се премачкуваат со најмалку осум слоеви на емулзија, со што се добива нивниот карактеристичен сјај. Емулзијата содржи лушпи од плашица, која е позната како охридски крап.
🔐Но, останатиот дел од процедурата е тајна која семејствата традиционално си ја пренесуваат од колено на колено.

👑Охридските бисери се препознатливо скапоцено богатство и не е случајност што ваквиот накит го носат и кралиците и принцезите од европските кралски семејства.
Со купување на производи од локалните производители го поддржуваме економскиот развој на нашата држава и имаме можност да се чувствуваме како дел од кралско семејство со уникатниот бисер во нашиот накит.

Со проектот „Купувај локално“ се поддржуваат охридските локални производители да ги применат новите стандарди за промоци...
12/12/2022

Со проектот „Купувај локално“ се поддржуваат охридските локални производители да ги применат новите стандарди за промоција на своите производи со програмата за локален економски развој и со тоа да се доближат до купувачите и туристите.

Address

Кеј Македонија 95
Ohrid
6000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Купувај локално / Buy local posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share