Општина Куманово

Општина Куманово Официјален Facebook профил на Општина Куманово.

Делегација на  Општина Куманово во посета на Источно СараевоГрадоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, во...
18/09/2026

Делегација на Општина Куманово во посета на Источно Сараево

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, во придружба на директорот на ЈОУ "Зафир Сајто" - Куманово, Александар Крстевски, присуствуваше на свеченоста - Ден и крсна слава на Град Источно Сараево, Свети Петар Дабробосански, која се празнува на 17 септември, во Република Српска, Босна и Херцеговина.

Свечената академија со културно - уметничка програма, беше централна манифестација која ја потенцираше историјата на градот, во чест и почит кон присутните делегации од регионот.
Традиционалниот празничен настан ги обедини пријателските општини и градови, кои преку меѓусебната соработка и заедништво ја градат иднината и создаваат услови за просперитет на граѓаните.

Делегација на Општина Куманово на пригодна прослава во НикшиќПо повод 18 Септември - Ден на Општина Никшиќ, раководители...
18/09/2026

Делегација на Општина Куманово на пригодна прослава во Никшиќ

По повод 18 Септември - Ден на Општина Никшиќ, раководителите од Општина Куманово, Александар Јовановиќ и Ненад Стојановски, присуствуваа на свечена седница на Собранието на збратимената 0пштина од Црна Гора.
Домаќини на празничниот настан беа претседателот на Општина Никшиќ, Марко Ковачевиќ и претседателката на Собранието Милица Лалатовиќ Жижиќ, кои приредија прием за сите пристигнати делегации, во знак на соработка во повеќе оштествени сфери и пријателски односи.

Кампања за безбеден такси превоз на патници                    Отсек за превенција – СВР Куманово во соработка со инспек...
18/09/2026

Кампања за безбеден такси превоз на патници


Отсек за превенција – СВР Куманово во соработка со инспекторот по сообраќај од Општина Куманово, денеска спроведе кампања за безбеден сообраќај и јавен превоз на патници од страна на такси превозници.
Кампањата е насочена кон сите фирми - такси превозници, кои вршат јавен превоз на патници. Бидејќи се вклучени во јавен сообраќај, нивна законска обврска е да имаат извод од лиценца за работа и извршен технички преглед на секои 6 месеци.
Се упатува апел до сите такси превозници, кои вршат јавен превоз на патници, за најсериозно однесување и почитување на законски предвидените обврски. Во спротивно ќе се превземаат мерки од Закон за превоз на патници во патниот сообраќај.
Целта е безбедно движење во сообраќајот и безбедноста на патниците, кои се превезуваат со такси компаниите од Куманово.

Известување за ревијален настан – “Безбедно на мотор!”Отсек за превенција - СВР Куманово и Општински  совет за превенциј...
16/09/2026

Известување за ревијален настан – “Безбедно на мотор!”

Отсек за превенција - СВР Куманово и Општински совет за превенција на детско престапништво при Општина Куманово ги известуваат граѓаните, особено младата популација, дека на 18 септември 2026 година (петок), со почеток во 19 часот, ќе се организира ревијално возење по улиците низ градот, со Спортското здружение на мотоциклисти - Мото клуб "Мечки"- Куманово, за сите оние кои управуваат со моторцикли, четирицикли и други слични возила.
Сите заинтересирани лица кои сакаат да возат со моторџиите, може да присуствуваат на кумановскиот градски плоштад во предвидениот термин, каде е зборното место за старт на настанот. Потоа, ќе следува ревијално возење низ најфрекфентните улици низ градот, враќање на градскиот плоштад, по што следува видео – презентација: “Безбедно на мотор – носи кацига!”, на видео бим, во организација на Отсек за превенција – СВР Куманово и Мото клуб “Мечки”- Куманово. Истовремено ќе бидат поделени промотивни и едукативни флаери за учесниците на ревијалниот настан, со цел да се истакне во јавноста и да се привлече внимание кај граѓаните од сите возрасти, како треба да изгледа заштитната опрема, неопходноста од носење на заштитната кацига, која за моторџиите значи “живот”.
Добредојдени се сите љубители на мотоциклизмот на заедничко дружење, забава и едукација на градскиот плоштад во Куманово!

Кампања за безбеден превоз на патници и ученициДенеска од страна на Отсек за превенција – СВР Куманово во соработка со О...
16/09/2026

Кампања за безбеден превоз на патници и ученици

Денеска од страна на Отсек за превенција – СВР Куманово во соработка со Општински совет за превенција на детско престапништво при Општина Куманово е спроведена кампања за безбеден сообраќај и јавен превоз на патници и ученици.
Кампањата е насочена кон сите фирми, кои вршат автобуски јавен превоз на патници и неопходноста од технички исправни возила.
Се упатува апел до сите возачи на автобуси, сопственици и сите и други кои вршат јавен меѓуградски, меѓуопшински и превоз на ученици, за најсериозно однесување и навреме отстранување на најмал дефект, како и редовен технички преглед на секои 6 месеци.
Се апелира и до возачи на автобуси, сопственици, кои вршат меѓународен превоз на патници, пред секое поаѓање да направат детален преглед на автобуси за да се обезбеди и осигура безбедноста на патниците.
За секој настанат дефект како последица од технички неисправни возила, со кои се загрозува животот на патниците, ќе се превземаат најостри законски санкции против возачите и сопствениците, како правни лица.
Целта е безбедно движење во сообраќајот и безбедноста на патниците, кои се превезуваат со кумановските компании.

Известување за реализација на проект – Реконструкција на водоводна мрежа на дел од ул. “Моша Пијаде”Граѓаните на Општина...
16/09/2026

Известување за реализација на проект – Реконструкција на водоводна мрежа на дел од ул. “Моша Пијаде”

Граѓаните на Општина Куманово се известуваат за претстојните градежни активности, кои ќе започнат во тек на оваа недела на потег од ул.“Иво Лола Рибар” до ул.“Пиринска Македонија”. Реконструкцијата на водоводната мрежа ќе опфати приклучување на станбените објекти во посочениот регион. Заради обезбедување на непречени услови за изведување на градежните работи, се информираат граѓаните да не ги узурпираат тротоарите на тој потег на улицата, дел од ул.“Моша Пијаде”, каде се реализираат проектните активности.

Претставници од Општина Куманово на прием во СкопјеНа покана на амбасадорот на Република Казахстан во РС Македонија, Н.Е...
15/09/2026

Претставници од Општина Куманово на прием во Скопје

На покана на амбасадорот на Република Казахстан во РС Македонија, Н.Е.
Сатибалди Буршаков, претседателка и член на Советот на Општина
Куманово, Ивана Ѓорѓиевска и Дарко Митевски, присуствуваа на прием,
денеска во хотел Хилтон, Скопје.
Пригодниот настан беше организиран во чест на актуелниот амбасадор во
заминување и долгогодишната успешна соработка и комуникација меѓу
двете држави, кои воспоставија релации во повеќе општествени области.
На приемот присуствуваа претставници од високи државни институции,
соработници и делегации од дипломатскиот кор во земјава.

Потпишани Договори за соработка на проектот “Инклузија на деца Роми во јавните општински установи – детски градинки”Во о...
14/09/2026

Потпишани Договори за соработка на проектот “Инклузија на деца Роми во јавните општински установи – детски градинки”

Во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади на РСМ, денеска во Скопје, беа потпишани трипартитни Договори за соработка на проектот: “Инклузија на деца Роми во јавните општински установи – детски градинки” за учебната 2026/2027 година.
На настанот присуствуваа претставници од општините: Куманово, Берово, Битола, Виница, Прилеп, Чаир, Карпош, Делчево, Кочани, Велес, Гази Баба, Пехчево, Центар, Кавадарци, Неготино, Крива Паланка, Радовиш, Гостивар, Охрид, Тетово, Дебар и Штип, со директори и претставници од детските градинки, кадешто ќе се имплементира проектот, во оваа учебна година.
Договорите се потпишани по разгледување на Информацијата за инклузија на деца Роми, во предучилишното образование за период од 01.01. - 30.06. 2026 год., од страна на Владата на РСМ, по што беа усвоени заклучоци, кои доведоа до потпишување на денешните Договори и започнување на проектните активности.
На денешниот настан, Општина Куманово ја застапуваа претставникот од Одделението за стратешко планирање, креирање политики, следење и локален економски развој, Ахмет Јашаровски и директорката на ЈОУ Детска градинка “Ангел Шајче” – Куманово, Ивана Николиќ.

Свечено отворање на реновираното подрачно училиште ООУ “11 Октомври”- Долно КојнареПретставници од Општина Куманово, пре...
14/09/2026

Свечено отворање на реновираното подрачно училиште ООУ “11 Октомври”- Долно Којнаре

Претставници од Општина Куманово, претседателката и член на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска и Дарко Митевски со раководителот на Сектор за образование, Александар Јовановиќ, присуствуваа на свеченото отворање на реновираното подрачно ООУ “11 Октомври” – Долно Којнаре, Куманово.
На настанот присуствуваа претставници од главниот донатор Хуманитарната организација “Срби за Србе” од Србија, организација која обезбеди средства за реконструкција на училиштето, претставници од општинските основни училишта, помагатели од локалното население и претставници од општествено одговорни субјекти.
Учениците и наставниците се претставија со кратка пригодна културно - уметничка програма пред поканетите гости.
Хуманитарната организација “Срби за Србе” на годишно ниво собира околу 250 000 донатори, кои обезбедуваат неопходна помош за загрозени семејства, низ Балканскиот регион.

Природниот амбиент на мегалитската опсерваторија – Кокино, вечерва беше сцена за музичките интерпретатори, кои настапија...
12/09/2026

Природниот амбиент на мегалитската опсерваторија – Кокино, вечерва беше сцена за музичките интерпретатори, кои настапија на манифестацијата во рамки на јубилејната програма, посветена на 25 години од откривањето на овој локалитет. Пред публиката се претставија Funk Shui, Дина Јашари, Galoski, Next to Silence, Diva камерен оркестар и Марија Димковска, со различни музички стилови, кои се израз на современата уметничка сцена. Целта на музичкиот перформанс е преку урбаната музика на архео – астрономската локација, да се промовира поинакво доживување и комуникација со надворешниот амбиент, кое го истакнува Кокино не само како сведоштво од минатото, туку како жив простор за нови културно – уметнички настани. Проектот е финансиран од Министерството за култура и туризам на РСМ, во организација на НУ Музеј – Куманово.

Address

11 Октомври бб
Kumanovo
1300

Opening Hours

Monday 08:30 - 16:00
Tuesday 08:30 - 16:00
Wednesday 08:30 - 16:00
Thursday 08:30 - 16:00
Friday 08:30 - 16:00

Telephone

+38931475800

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Општина Куманово posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Општина Куманово:

Shortcuts

Share