12/02/2026
📢 #СТОП ЗА НАСИЛСТВОТО ВРЗ #ПОЖАРНИКАРИТЕ!
Соопштение на Синдикат на пожарникарите на Македонија при НСДА изразува најостра осуда за синоќешниот брутален напад врз тројца наши колеги. Нападот со тупаници и камења врз пожарникари-спасители пред самиот објект на единицата е недозволив чин на насилство врз луѓе кои се во служба на граѓаните!
Нашите пораки се јасни пожарникарите се службени лица и #Бараме од Министерство за внатрешни работи и Обвинителството итно да ги процесуираат напаѓачите до Основниот суд Куманово. За напад врз овластено лице мора да има кривична одговорност!
Хуманоста не смее да биде цел на напад: Ние сме тука за да спасуваме животи и имоти.
#Пожарникарите заслужуваат почит и безбедност на своето работно место, а не физички напади.
Бараме правда: Овој случај не смее да помине неказнето за да не се повтори. Институциите мора да покажат дека законот важи за сите и дека нападот врз спасителите е напад врз целата заедница.
Нема да молчиме додека не се задоволи правдата!
Целосна поддршка за нашите повредени колеги.
#СИНДИКАТ на #Пожарна на #Македонија 🚒💪
Пожарна - Пробиштип TPPE Kumanovo - Pozarna Центар за управување со кризи Општина Куманово #Истакнато