Biblioteka Kumanovo

Biblioteka Kumanovo Трајно и организирано комплетирање на библиотечните ф

Завршен дел од проектот „Креативна читална”-проект со финансиска поддршка од Општина Куманово, во реализација со ученици...
12/06/2026

Завршен дел од проектот „Креативна читална”-проект со финансиска поддршка од Општина Куманово, во реализација со учениците од СОУ„Перо Наков”Куманово, под менторство на Марко Ристовски и Акиме Реџепи.

Проектот се реализираше од 13 мај до 10 јуни, а паралелно со проектот ја реализиравме и работилницата за „Пролетна бајка во библиотечен простор”.

Целиот труд, креативност, едукација и искуство со кое се збогатија учениците, како и посветеноста на менторите започнува од библиотечниот двор, кој секако е врежан и на ѕидовите на читалната, која веќе ни раскажува една убава приказна и носи спомени вредни за паметење.

Денес, отвараме реновиран простор, читална во ново инспиративно и уметничко руво, но, уште поважен е моментот -отвараме нови можности за идните генерации читатели.

Благодарност до сите учесници, како и до сите останати за својот придонес како и поддршката за реализација на нашата убава приказна.

Денес, 10 јуни – Денот на културата, е ден кој не потсетува дека културата не е само наследство што го чуваме, туку жив ...
10/06/2026

Денес, 10 јуни – Денот на културата, е ден кој не потсетува дека културата не е само наследство што го чуваме, туку жив процес што постојано го создава заедницата.
Таа ги обединува јазикот, уметноста, традицијата и современото творештво, претставувајќи го духот и идентитетот на едно општество.

Токму во тој дух, денешниот ден беше посветен и на финалната работилница од нашиот проект„Креативна читална”, во која со посебна посветеност се довршуваше сликањето на ѕидните површини. Уметноста овде доби своја форма, боја и порака – како траен визуелен израз на заедништво, креативност и ангажираност.

Крајниот резултат сите корисници ќе имаат можност да го видат во петок, кога просторот целосно ќе го открие својот нов, модернизиран и уметнички изглед.

Културата и уметноста овде се надополнуваат една со друга – културата како темел, а уметноста како нејзин жив и видлив израз што и дава боја, форма и трајна вредност.

Книжарница на тркала „Зборче” веќе е на најавената дестинација-Градски плоштад Куманово, кај Батко Ѓорѓија, до 21часот.
09/06/2026

Книжарница на тркала „Зборче” веќе е на најавената дестинација-Градски плоштад Куманово, кај Батко Ѓорѓија, до 21часот.

На 4 и 5 јуни, во организација на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, во хотел Молика се одржа Втората меѓународна кон...
09/06/2026

На 4 и 5 јуни, во организација на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, во хотел Молика се одржа Втората меѓународна конференција на тема „Библиотекарот денес: професија во трансформација“.

Нашите библиотекари имаа голема чест што учествуваа со свои стручни трудови и што беа дел од оваа конференција од меѓународен карактер, со учесници од: Србија, Хрватска, Бугарија, Босна и Херцеговина, Литванија и Република Српска, како и со бројни учесници од македонските библиотеки.

ЈОУ-Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово, во соработка со Издавачка куќа „Антолог“, ве поканува на Саем на книга -Кн...
05/06/2026

ЈОУ-Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово, во соработка со Издавачка куќа „Антолог“, ве поканува на Саем на книга -Книжарница на тркала, кој ќе се одржи на градскиот плоштад кај Батко Ѓорѓија.

На 9 јуни 2026 година (вторник), од 10:00 до 21:00 часот, Ве очекуваме на плоштадот – место каде што книгите ќе ги поврзуваат луѓето.

Најавуваме богат избор на наслови, нови изданија и книги за сите генерации.

Искористете ја можноста да ја збогатите вашата домашна библиотека и да си набавите книги по одлични цени.

04/06/2026

Продолжуваме со ист интензитет, ентузијазам и посветеност.

Во рамките на проектот „Креативна читална“, учениците и менторот вредно и тимски работат доближувајќи се до крајната цел. Marko Ristovski

02/06/2026

Продолжуваат проектните работилници и во просториите на СОУ „Перо Наков“, со учениците од албанските паралелки под менторство на професорка Акиме Реџепи.

Со креативност, посветеност и тимска работа тие активно учествуваат во припрема за уредување на дворната површина како и декорација на внатрешен дел на библиотеката, со цел да се создаде пријатен и инспиративен простор за сите љубители на книгата. Akime Nasufi Rexhepi

По повод Меѓународниот ден на детето, се одржа креативна работилница на која учествуваа учениците од ООУ„Крсте Мисирков”...
01/06/2026

По повод Меѓународниот ден на детето, се одржа креативна работилница на која учествуваа учениците од ООУ„Крсте Мисирков” во придружба на учителката Александра Ристовска.

Работилницата беше исполнета со едукативни приказни посветени на другарство, самодоверба, трпеливост и љубомора.

Преку разговор, игра и заедничко читање, пишување на пораки, децата учеа како да градат искрени пријателства, како да веруваат во себе и како да ги препознаат и надминат чувствата на љубомора.

Весела работилница исполнета со смеа, размислување и вредни пораки што остануваат да растат заедно со нив.

29/05/2026

Работна атмосфера, креативна енергија и многу насмевки.
#креативначитална Marko Ristovski
Чекор по чекор, идеите добиваат своја приказна.

29/05/2026

„Креативна читална”-млади, креативни и талентирани

Address

Narodna Revolucija 1
Kumanovo
1300

Opening Hours

Monday 07:00 - 19:00
Tuesday 07:00 - 19:00
Wednesday 07:00 - 19:00
Thursday 07:00 - 19:00
Friday 07:00 - 19:00
Saturday 07:00 - 15:00

Telephone

+38931414334

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Biblioteka Kumanovo posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Biblioteka Kumanovo:

Share

Category