Дом за стари лица „Зафир Сајто“ Куманово

Дом за стари лица „Зафир Сајто“ Куманово Дом за стари лица,, Зафир Сајто'' Куманово е установа од област на социјална дејност.

🌞Денеска со посета од страна на учениците од 5-то одделение од ООУ "Браќа Миладиновци" Куманово отпочна Неделата на гриж...
17/11/2025

🌞Денеска со посета од страна на учениците од 5-то одделение од ООУ "Браќа Миладиновци" Куманово отпочна Неделата на грижа за стари лица во Дом за стари лица „Зафир Сајто“ Куманово

🍀Со одбележувањето на Неделата на грижа за старите лица сакаме да потсетиме дека грижата, почитта и вниманието кон повозрасните сограѓани не треба да се случуваат само во институциите, туку во целата заедница.
🧑‍🦳👱Старите лица го поставиле темелот на она што денес го имаме – нивното искуство и мудрост се вредност што мора да ја негуваме.
Нашата цел оваа недела е да ги охрабриме граѓаните, семејствата и институциите да посветат повеќе внимание, поддршка и човечка топлина.
♥️Топла насмевка, краток разговор или мала помош значат многу за некого.
Грижата за старите лица е одраз на зрелоста, солидарноста и човечноста на едно општество.“

🍀Голема благодарност до дечињата, родителите и учителката за грижливо подготвените подароци кои беа врачени на бабите и дедовците во Домот.

петок 07.11.2025 годТивка дождлива вечер во Дом за стари лица „Зафир Сајто“ Куманово .www.domzastarilicazafirsajto.mk
07/11/2025

петок 07.11.2025 год
Тивка дождлива вечер во Дом за стари лица „Зафир Сајто“ Куманово .

www.domzastarilicazafirsajto.mk

Денес, во чест на 1-ви октомври  Меѓународен ден на старите лица, прогласен од Обединетите Нации во 1990 година,  Домот ...
01/10/2025

Денес, во чест на 1-ви октомври Меѓународен ден на старите лица, прогласен од Обединетите Нации во 1990 година, Домот за стари лица "Зафир Сајто" го посетија дечиња од ООУ "Христијан Карпош" Ку-во и волонтери од Црвен Крст Куманово.
📝Основна цел е да се подигне свеста за важноста на старите лица во општеството, да се укаже на нивните права, придонес и потреби, но и да се промовира подобра социјална и здравствена заштита.

🇲🇰Нашиот дом со капацитет од над 160 жители не е само установа – тој е едно големо семејство.
Тука се собираат животни приказни, спомени и вредности кои не треба да се заборават.
⛪Нашите жители, корисници на услугите на Домот се темелот врз кој почива општеството.
Во нивната младост и труд ја изградија и заедницата во која живееме денес.

🍀Нашата мисија како тим е да се грижиме не само за здравјето и безбедноста, туку и за нивното достоинство, среќа и секојдневна радост.
🍀Денеска ја изразуваме нашата благодарност и почит – за сите нивни жртви, за љубовта што ја давале, за мудроста што несебично ја пренесуваат.

♥️Како Дом и институција се заблагодаруваме на вработените – луѓето кои со посветеност и љубов ја вршат својата работа, често далеку повеќе од професионална обврска.
Благодарение вработените, овој дом не е само институција, туку место каде што има топлина и човечност.

🌞Овој ден нека не биде само свеченост, туку и потсетник за сите нас дека староста треба да се доживува достоинствено, со внимание, грижа и почит.

Со желба за здравје, мир и радост ЈОУ Дом за стари лица"Зафир Сајто" Куманово им го честита 1-ви октомври, Меѓународниот ден на старите лица.

⌛⌛Пред 6 години✍️
10/06/2025

⌛⌛Пред 6 години✍️

🌞По премиерата на МТВ 1 сега емисијата можете да ја погледнете на слениов линк👇https://play.mrt.com.mk/play/585022Време ...
24/05/2025

🌞По премиерата на МТВ 1 сега емисијата можете да ја погледнете на слениов линк👇

https://play.mrt.com.mk/play/585022

Време за убави работи.
Нова емисија, снимена во кумановскиот Дом за стари лица, како прва точка од нашата потрага по одговор на можеби најболното прашање за сите родители на деца со попреченост или инвалидитет, што не се веќе деца, туку возрасни индивидуи.
Размислува ли некој во оваа држава колкави се потребите од згрижувачки капацитети, од релативен спокој што со овие наши сограѓани, откако родителите ќе се одјават од овој свет?
Каква грижа и почит искажуваме кон претходните генерации?
Или сите сакаме да живееме долго, ама не ја сакаме староста што носи немоќ, болештии, инвалидност?
Што правиме сите ние сега, кога се уште сме при здрав памет, јаки коски и мускули?
Или чекаме некој имагинарен дух да ни ги реши проблемите и предизвиците со кои што се соочуваат нашите сограѓани?

Снимател: Роберт БОЖИНОВСКИ
Монтажер: Розе СИМОНОВСКА

ПЕТТИОТ АНГЕЛ -" ГЛАВА НА П'Њ, СЕ ДРУГО НА МЕСТО", сабота 24.05.2025 на МТВ1 во 12 часот...

МТВ 1 и "Петтиот ангел" во Куманово🍀🇲🇰Зборуваме за потребите на лицата во социјален ризик како и можностите и капацитети...
23/05/2025

МТВ 1 и "Петтиот ангел" во Куманово🍀🇲🇰
Зборуваме за потребите на лицата во социјален ризик како и можностите и капацитетите на ЈОУ Дом за стари лица "Зафир Сајто" Куманово.
МТВ 1, сабота 24.05.2025 год во 12ч

🍀🌞 Прекрасен, топол мајски ден во дворот на ЈОУ Дом за стари лица "Зафир Сајто" Куманово.www.domzastarilicazafirsajto.mk
20/05/2025

🍀🌞 Прекрасен, топол мајски ден во дворот на ЈОУ Дом за стари лица "Зафир Сајто"
Куманово.

www.domzastarilicazafirsajto.mk

Address

Братство Единство бр. 32
Kumanovo
1300

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Дом за стари лица „Зафир Сајто“ Куманово posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Дом за стари лица „Зафир Сајто“ Куманово:

Share

Category