Клуб на млади - Движење ЗНАМ

Клуб на млади - Движење ЗНАМ Официјална страна на Клуб на млади на Движење ,,ЗНАМ - За Наша Македонија".

Политизирањето на еден протест претставува сериозен предизвик за едно демократско општество. Правото на протест како осн...
06/04/2026

Политизирањето на еден протест претставува сериозен предизвик за едно демократско општество. Правото на протест како основно човеково и уставно загарантирано право треба да претставува борба за легитимни и автентични барања како што сме имале примери во минатото низ историјата, а не алатка во рацете на одредени политички структури кои имаат свои агенди за добивање на евтини политички поени.

Денеска бевме сведоци на еден “студентски протест” пред Министерството за правда во Скопје каде што студентите бараат да се овозможи полагање на правосудниот испит и на албански јазик, а при тоа на нивниот протест немаше истакнато ниту едно државно знаме под кое сите живееме без разлика на етничката припадност, што укажува на јасна позадина на протестот а тоа е ширењето на етничка омраза и поделба на народот. Посебно впечатливо е тоа што на јавно објавени фотографии на социјални мрежи од учесниците на протестот, се забележува истакнување и возвишување на лидер на политичка структура што е во опозиција, што дополнително овозможува зголемување на сомнежот за потенцијално политизирање на денешниот протест.

Како Клуб на млади при Движењето ЗНАМ-За наша Македонија, сметаме дека протестите во 21 век треба да останат достоинствени, мирни и насочени кон реални барања и реални решенија, без ширење на етничка омраза и собирање на политички поени посебно не преку млади луѓе и студенти.

Поддршка за Министерот Игор Филков!
06/04/2026

Поддршка за Министерот Игор Филков!

Министерството за правда го почитува правото на протест како едно од темелните демократски права на секој граѓанин 🇲🇰. Слободното изразување на ставови и иницијативи преку јавни собири претставува значаен сегмент од демократското општество и придонесува кон унапредување на јавниот дијалог 🗣️.

Сепак, со жалење констатираме дека денешниот протест уште еднаш покажа обид за манипулација со граѓаните од страна на политички структури кои повеќе од две децении директно учествуваа во креирањето на лошите состојби во правосудниот систем ⚖️.

Особено загрижува улогата на одредена опозициска партија и нејзиното делување во контекст на актуелните протести. Ваквите постапки отвораат сомнежи за обид за јавна манипулација и инструментализација преку поттикнување на чувствителни прашања и користење на етничка реторика за остварување на краткорочни политички цели ⚠️.

Во тој контекст, евидентно е и отсуството на користење државни обележја на денешниот протест, што дополнително упатува на демократскиот капацитет на организаторите и нивниот однос кон државата и уставниот поредок 🏛️.

Во однос на барањата поврзани со полагањето на правосудниот испит, Министерството за правда уште еднаш потенцира и потврдува дека истиот се спроведува согласно важечката законска рамка. Станува збор за стручен испит кој не претставува управна постапка, туку механизам за обезбедување квалитет и стручност во правосудниот систем 📚.

Министерството за правда останува отворено за конструктивен дијалог со сите засегнати страни и внимателно ги разгледува сите иницијативи и предлози, исклучиво во рамки на законските надлежности 🤝. Наш приоритет останува јакнењето на правниот поредок и воспоставување фер, транспарентен и квалитетен систем на стручна евалуација, ослободен од политички влијанија.

❗ Нема да дозволиме никаква злоупотреба на Уставот и законите.

01/04/2026
31/03/2026

Пратениците од ЗНАМ предлагаат со мотоцикл да може да управува лице кое има возчка дозвола од Б категорија

Пратеничката група на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија со поддршка од пратеници на владиното мнозинство до собраниските служби во Собранието достави Предлог на закон за дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата по скратена постапка.
Новото решение ќе овозможи возачот кој поседува возачка дозвола од Б категорија, да има право да управува мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“.
„Овој предлог на закон има за цел да мотивира и да поттикне што поголем број на граѓани, да размислат својот автомобил при вршењето на секојдневните обврски да го заменат со мотоцикли“, рече пратеникот Павле Арсоски.
Новото решение ќе придонесе во намалувањето на сообраќајниот хаос во урбаните средини и гужвите при паркирањето. Исто така ќе има бенефит и во намалувањето на загадувањето на воздухот со помали емисии на штетни гасови. Ова законско решение ќе придонесе и во подобрувањето на економичноста, особено во услови на раст на цените на горивата.
Со овој Предлог на закон, се врши усогласување со Директивата на ЕУ 2006/126/Е3 со која се предвидува можноста - со поседување на дозвола од Б категорија за управување со мотоцикл со автоматски менувач од категоријата А1, чија зафатнина на моторот не е поголема од 125 м3 и чија сила на моторот не е поголема од 11 KW , а соодносот на јачината на моторот и масата на возилото не надминува 0,1 KW/кг.
Согласно ЕУ Регулативата, со мотоцикл ќе може да управува лице со наполнети 23 години, кое поседува минимум 5 години важечка возачка дозвола од категорија „Б“ и посетува 4 часовна теоретска обука за безбедност при управување на мотоцикли во авто школа.
Содржината на обуката, формата, содржината на потврдата и начинот на водење на евиденција за издадени потврди за посета на обуката ја пропишува министерот за внатрешни работи во рок од 15 дена од денот на влегување во сила на овој закон. Авто школата ја издава потврдата за посета на 4 часа обука за сообраќајни правила и прописи при управување со мотоцикл до 125 см³ (теоретска обука) го известува Министерството за внатрешни работи кое води посебна евиденција.

Дедо мраз ги посети децата од село Клечовце и им подели новогодишни пакетчиња. 🎅Денеска ни е полно срцето! ❤️
28/12/2025

Дедо мраз ги посети децата од село Клечовце и им подели новогодишни пакетчиња. 🎅
Денеска ни е полно срцето! ❤️

Како претставници на Клуб на млади на Движење ЗНАМ, Мила Петрушевска и Дамјан Петковски со свои излагања учествуваа на т...
19/12/2025

Како претставници на Клуб на млади на Движење ЗНАМ, Мила Петрушевска и Дамјан Петковски со свои излагања учествуваа на тркалезната маса и презентацијата на истражувањето „Позицијата на младите на локалните избори 2025“.

Истражувањето е изработено од Фондацијата за демократија на Вестминстер, со поддршка на Британската Амбасада во Скопје, и отвори значајни прашања поврзани со учеството и улогата на младите во локалните демократски процеси.

Младите мора да бидат дел од одлуките што директно ги засегаат.
➡️ Млади на Движење ЗНАМ остануваат посветени на јакнење на гласот и влијанието на младите на локално ниво.

18/12/2025

Движење ЗНАМ се бори за правична застапеност и квалитет пред партизацијa!

Позитивна енергија, тимски дух и одлична игра! 💪 Клуб на млади на Движење ЗНАМ - ОО Куманово
28/10/2025

Позитивна енергија, тимски дух и одлична игра! 💪
Клуб на млади на Движење ЗНАМ - ОО Куманово

За број 2️⃣!За Движење ЗНАМ🇲🇰!
17/10/2025

За број 2️⃣!
За Движење ЗНАМ🇲🇰!

16/10/2025

Куманово за младите, младите за Куманово🇲🇰

Денеска по повод големиот македонски празник, Ден на народното востание на Република Македонија, делегација од Клубот на...
11/10/2025

Денеска по повод големиот македонски празник, Ден на народното востание на Република Македонија, делегација од Клубот на млади на Движење ЗНАМ од ОО Куманово, положија свежо цвеќе на Спомен костурница во Куманово.
Младите генерации не го забораваат минатото и ќе продолжат да се борат за иднината на државата.

Среќен празник, Македонијо!

Address

Kumanovo

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Клуб на млади - Движење ЗНАМ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Клуб на млади - Движење ЗНАМ:

Share