11/06/2026
ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА 🎓🏆
2017/2026
✨️СНЕЖАНА МАЛИНОВА ✨️
Со голема гордост и искрени честитки го одбележуваме успехот на нашиот првенец на генерацијата. Ова признание е резултат на долгогодишен труд, посветеност, истрајност и љубов кон знаењето.
📌 II награда на општински натпревар по математика
📌 III награда на математички натпревар КЕНГУР
📌 Учество на регионален натпревар по математика
📌 Благодарница за учество на општински натпревар по биологија
📌 Благодарница за учество на натпревар по физика
📌 Благодарница за учество на натпревар по Прва помош
📌 Пофалница за учество на натпревар по англиски јазик
Низ годините поминати во нашето училиште, покажа дека успехот не е случајност, туку плод на работа, одговорност и верба во сопствените можности. Нека ова признание биде поттик за уште поголеми достигнувања и остварување на сите соништа.
Ти посакуваме среќа, успех и многу убави моменти на патот што е пред тебе. Биди горда на сè што си постигнала – ти си вистински пример за својата генерација. 🌟📚🎓
Честитки СНЕЖАНА МАЛИНОВА! 👏✨