25/07/2015
На 26 јули посетете го Крушево. На саемот „Домашно е, од Крушево е...“ ќе имате можност да уживате и дегустирате домашни тестенини, еколошки џемови, сирупи, природни чаеви и единствената Крушевска пита. Љубителите на кулинарството ќе имаат можност да ги испробаат своите вештини во подготовка на крушевска пита, а останатите љубители на традиционалните вредности да уживаат во манифестацијата Крушево Етно град. Со посетата на саемот ја поддржувате нашата визија за економско јакнење на жените.
26 јули 2015 година, 12-15 часот, Градски парк Крушево. Ве очекуваме