СДММ КРУШЕВО

СДММ КРУШЕВО Официјална страна на локалниот клуб на социјалдемократската младина на Македонија -КРУШЕВО

👏👏👏
29/05/2026

👏👏👏

Потпретседателката на СДММ, Стефанија Кузмановска е избрана за Координаторка на Балканските организации во Президиумот на Интернационалната унија на социјалистички и социјалдемократски подмладоци (IUSY), којашто е една од највлијателните и најстари младински политички организации во светот.

СДММ добива директен претставник кој ќе ги застапува младите социјалдемократи од Балканот на меѓународно ниво, активно промовирајќи ги вредностите на демократијата, солидарноста и еднаквоста и спротиставувајќи се на десничарските наративи.

All over the world, to change it! 🌎🌹✊🏻

Делото на Кирил и Методиј не е само симбол на духовноста и писменоста кај словенските народи, туку темелот на нашиот мак...
24/05/2026

Делото на Кирил и Методиј не е само симбол на духовноста и писменоста кај словенските народи, туку темелот на нашиот македонски идентитет, јазик и култура.

Горди сме што ние во СДСМ покажавме дека се грижиме за нашето културно наследство, за нашиот македонски јазик и за иднината на државата.

Во периодот на владите на СДСМ беа донесени храбри и државнички одлуки, благодарение на кои денес македонскиот јазик е признат и рамноправен во Обединетите Нации и во Европската Унија.

Честит 23 Мај, Национален ден на Власите!Денеска го одбележуваме Националниот ден на Власите, но оддаваме и признание, б...
23/05/2026

Честит 23 Мај, Национален ден на Власите!

Денеска го одбележуваме Националниот ден на Власите, но оддаваме и признание, благодарни за сѐ она што го направија и сѐ уште го прават за нашата заедничка татковина.

На овој ден со гордост се сеќаваме на значајната улога на сите Власи кои храбро и пожртвувано учествуваа во најважните поглавја на нашата долга и богата историја, во борбата за слобода, државност и независност.

Влашката заедница несебично го дава својот придонес во градењето на нашето современо општество, заедништвото и меѓусебното почитување.

1.Нулта толеранција за корупција и европска правда. 2.Иднина за младите. 3.Достоинствен живот за сите, подобар животен с...
17/05/2026

1.Нулта толеранција за корупција и европска правда.
2.Иднина за младите.
3.Достоинствен живот за сите, подобар животен стандард.
4.Силно село и земјоделци.

09/05/2026
01/05/2026
35 години СДСМ – 35 години државотворност, визија и борба за подобра иднина.Три и пол децении СДСМ стои како симбол на с...
20/04/2026

35 години СДСМ – 35 години државотворност, визија и борба за подобра иднина.

Три и пол децении СДСМ стои како симбол на современата македонска државност, како партија која во најважните моменти знаела да преземе одговорност, да носи тешки одлуки и да ја води државата напред. Од независноста до денес, СДСМ остави длабока трага во развојот на демократијата, слободата и европската перспектива на нашата татковина.

СДСМ отсекогаш била повеќе од политичка партија, таа е идеја за заедништво, другарство и солидарност. Во нејзините редови се граделе пријателства, се делеле и тешки и убави моменти, и секогаш се негувала вербата дека само сплотени можеме да изградиме праведно и хумано општество.

Во сите предизвици низ кои минувала државата, СДСМ покажала дека знае да биде на страната на граѓаните, на работникот, на младите, на пензионерите и на секој човек што верува во еднаквост и напредок. Тоа е силата на големите партии, да бидат со народот и за народот.

Денес, кога одбележуваме 35 години постоење, не славиме само историја, туку и иднина. Затоа што СДСМ била голема партија, СДСМ е голема идеја, и СДСМ повторно ќе биде голема партија, посилна, пообединета и поблиска до народот.

Нека ни е честит јубилејот – 35 години СДСМ!

Рамазан Бајрам нè потсетува на вредностите на солидарноста, хуманоста и меѓусебна почит – вредности кои се темел на прав...
20/03/2026

Рамазан Бајрам нè потсетува на вредностите на солидарноста, хуманоста и меѓусебна почит – вредности кои се темел на праведно и еднакво општество. Да продолжиме заедно да градиме општество во кое различностите се почитуваат, а еднаквоста и соживотот се наша заедничка сила. ❤️

16/03/2026

Address

Ilindenska Bb
Krusevo

Telephone

+38977988310

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when СДММ КРУШЕВО posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to СДММ КРУШЕВО:

Share