Општина Кривогаштани / Municipality of Krivogashtani

Општина Кривогаштани / Municipality of Krivogashtani Официјална facebook страна на Oпштина Кривогаштани
Official page of the Municipality of Krivogashtani

Официјална фејсбук страна на општина Кривогаштани

Official page of Municipality of Krivogashtani

По повод Денот на училиштето, ООУ „Манчу Матак“ во текот на вчерашниот ден одбележа 81 година од своето постоење и воспи...
23/05/2026

По повод Денот на училиштето, ООУ „Манчу Матак“ во текот на вчерашниот ден одбележа 81 година од своето постоење и воспитно-образовна дејност.

Свеченоста беше исполнета со богата културно уметничка програма, во која учениците преку музички, драмски и рецитаторски настапи го покажаа својот талент, креативност и љубов кон училиштето.

Овој значаен јубилеј е потврда за долгогодишната посветеност на наставниот кадар, учениците и сите генерации кои биле дел од училиштето низ изминатите 81 година.

Почнувајќи од 24 мај (недела) до 3 јуни (среда) 2026 година во Мултимедијалниот центар во Кривогаштани ќе биде отворена ...
22/05/2026

Почнувајќи од 24 мај (недела) до 3 јуни (среда) 2026 година во Мултимедијалниот центар во Кривогаштани ќе биде отворена изложба на фотографии од Богоја Бојчески под наслов
„Слики кои раскажуваат вистински и искрени приказни„.

Фернисажот е закажан за недела, 24 мај 2026 година во 12.00 часот.
На отворањето ќе настапи виолинистката Марија Јанчулеска со композиции од Јохан Себастијан Бах и Антонио Лучо Вивалди.

Од понеделник 25 мај до среда 3 јуни изложбата ќе биде отворена секој ден од 10.00 до 12.00 часот, а посетителите ќе можат да го видат Кривогаштани од 60-тите и 70-тите години на минатиот век.

Ве очекуваме.
Фото Архив Кривогаштани

Општина Кривогаштани ги известува граѓаните дека на ден 14.05.2026 година (четврток), ќе се спроведе ларвицидна теристич...
13/05/2026

Општина Кривогаштани ги известува граѓаните дека на ден 14.05.2026 година (четврток), ќе се спроведе ларвицидна теристичка (од земја), дезинсекција против ларвените форми на комарци на територијата на општината.

Со третманот ќе бидат опфатени водени површини со заезерена вода, канали, бари и други потенцијални жаришта за развој на комарци. Воедно, ќе се спроведе и дератизација во канализационата мрежа на подрачјето на Општина Кривогаштани.

Активностите ќе се реализираат од страна Центарот за јавно здравје – Прилеп.
https://krivogastani.gov.mk/?p=8787

Во просториите на Мултимедијалниот центар во Кривогаштани денес свечено беа доделени наградите од ликовниот конкурс на т...
06/05/2026

Во просториите на Мултимедијалниот центар во Кривогаштани денес свечено беа доделени наградите од ликовниот конкурс на тема „Играј паметно, движи се безбедно и твори слободно“, во организација на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот.

Конкурсот беше наменет за учениците од прво до деветто одделение и траеше десет дена од денот на објавувањето. Учениците учествуваа со голем број креативни творби преку кои ја претставија својата перцепција и порака за значењето на безбедноста во сообраќајот.

По извршената селекција од страна на стручна комисија, беа избрани најдобрите цртежи, а наградите беа доделени во три категории.

Од 1 до 3 одделение:
- Ева Јовеска – ООУ „Манчу Матак“ – Крушеани
- Лара Лозаноска – ООУ „Манчу Матак“ – Кривогаштани
- Анастасија Димитроска – ООУ „Манчу Матак“ – Славеј

Од 4 до 6 одделение:
- Теодора Кукеска – ООУ „Јонче Смугрески“ – Бела Црква
- Валери Ефтинџиоска – ООУ „Јонче Смугрески“ – Обршани
- Николина Рујаноска– ООУ „Манчу Матак“ – Кривогаштани

Од 7 до 9 одделение:
- Теона Чагароска – ООУ „Манчу Матак“ – Кривогаштани
- Ана Цветкоска – ООУ „Манчу Матак“ – Кривогаштани
- Матеј Мискоски – ООУ „Јонче Смугрески“ – Обршани

За сите учесници на конкурсот беа доделени пофалници како признание за нивниот труд, креативност и придонес во промоцијата на сообраќајната култура и безбедност.
Во рамки на настанот беше отворена и изложба на наградените цртежи, која ќе биде достапна за посетителите во наредниот период. Преку изложените дела, јавноста има можност да ја види детската креативност и начинот на кој најмладите ја доживуваат и разбираат безбедноста во сообраќајот.

На настанот присуствуваа претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, градоначалникот на Општина Кривогаштани, претставници на образовните институции, родители и ученици.

Од страна на организаторите беше изразена благодарност до сите учесници, наставници, спонзори и поддржувачи, како и до Општина Кривогаштани за поддршката во реализацијата на конкурсот.

Претседателот на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот истакна дека ваквите активности имаат особено значење за едукацијата на најмладите и за подигнување на свеста за безбедно и одговорно учество во сообраќајот.

https://krivogastani.gov.mk/?p=8709

05/05/2026

Општина Кривогаштани и оваа година активно се приклучува на националната еко-акција GENERALKA WEEKEND, која ќе се одржи на 8 мај (петок) со почеток во 10:00 часот.

Грижата за чиста и здрава животна средина е обврска на сите нас. Ваквите иницијативи се одлична можност да ја зајакнеме солидарноста и одговорноста во заедницата.

📍 Активностите за чистење ќе се реализираат на повеќе локации:
– во Кривогаштани: од старото реновирано училиште кон повеќенаменското игралиште, околу фудбалскиот стадион, паркот и паркинг просторот
– долж патниот правец Кривогаштани – Крушево
– Околу сите подрачни училишта на територијата на Општина Кривогаштани

Општина Кривогаштани останува цврсто посветена на заштита на природата и развивање на еко-култура кај граѓаните. Ве повикувам да покажеме дека можеме да создадеме позитивна промена во нашето место на живеење. 🌍
#ГенералкаВикенд

Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на Општина Кривогаштани Ве информира дека успешно заврши ликовниот конкур...
05/05/2026

Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на Општина Кривогаштани Ве информира дека успешно заврши ликовниот конкурс на тема: „Играј паметно, движи се безбедно и твори слободно“, наменет за учениците од 1 до 9 одделение.

Конкурсот се реализираше во времетраење од 10 дена од денот на објавувањето, при што учениците имаа можност преку своите креативни творби да ја изразат важноста на безбедното учество во сообраќајот. По извршената евалуација од страна на стручна комисија, избрани се најдобрите творби кои ќе бидат наградени.

Доделувањето на наградите ќе се одржи во „Мултимедијален центар“ (Старо училиште) во Кривогаштани, на ден 06.05.2026 година, со почеток во 12:00 часот.

Воедно, наградените цртежи ќе бидат изложени во мултимедијалниот центар, при што посетителите ќе имаат можност да видат на кој начин децата ја доживуваат и прикажуваат безбедноста во сообраќајот.

Овој ликовен конкурс е дел од активностите за подигнување на свеста за сообраќајната безбедност кај најмладите, реализиран со поддршка на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот упатува благодарност до сите ученици, наставници и родители за учеството и придонесот во оваа значајна едукативна активност.

https://krivogastani.gov.mk/?p=8699

30/04/2026

Со повторното отворање на сточниот пазар (13.05.2026) во Кривогаштани се создаваат нови можности за развој на локалното сточарство и зајакнување на економската активност во регионот.

Ова е значаен чекор за поддршка на земјоделците и сточарите, како и за поттикнување на трговијата и соработката.

Денес во Прилеп се одржа едукативен настан во рамки на националната кампања „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, чиј...
28/04/2026

Денес во Прилеп се одржа едукативен настан во рамки на националната кампања „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, чија цел е подигнување на свеста за безбедно учество во сообраќајот.

На настанот присуствуваа градоначалниците на Прилеп и Кривогаштани, претставници од Општинските совети за безбедност на сообраќајот, како и ученици – првачиња од двете општини. Централна активност беше изведбата на детската претстава „Застани, погледни, па на пешачки премин премини“, која ја проследија над 600 ученици.

„Целта е да ја подигнеме сообраќајната свест кај децата и да спречиме несакани последици. Децата се највредното што го имаме и нивната безбедност е приоритет“, изјави м-р Горан Ангеловски од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот.
Во наредниот период ќе следуваат активности насочени и кон матурантите, особено во пресрет на матурските прослави.
Минатата година во земјава се регистрирани 8.183 сообраќајни незгоди, со 132 жртви, меѓу кои и деца.

Пораката е јасна: повеќе внимание, одговорност и почитување на правилата значат поголема безбедност за сите, а особено за децата.

https://krivogastani.gov.mk/?p=8677

Вчера во мултифункционалната сала во Кривогаштани се одржа детскиот музички фестивал „Тра ла ла Битола“, исполнет со рад...
25/04/2026

Вчера во мултифункционалната сала во Кривогаштани се одржа детскиот музички фестивал „Тра ла ла Битола“, исполнет со радост, музика и детски насмевки.

Настанот помина со многу радост и дружење, оставајќи убав впечаток кај сите присутни.

Општина Кривогаштани ќе продолжи да поддржува вакви содржини кои го збогатуваат општествениот живот и придонесуваат за развој на културата во заедницата.

Address

Krivogastani
7524

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Telephone

048/471-471

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Општина Кривогаштани / Municipality of Krivogashtani posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Општина Кривогаштани / Municipality of Krivogashtani:

Share