Општина КОНЧЕ

Општина КОНЧЕ Konce Muncipality page

06/04/2021

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ДЕЦА ОД ОПШТИНА КОНЧЕ НА ВОЗРАСТ ОД 11 до 17 ГОДИНИ
Истражете ја ‘среќата’ преку танц и музика на танцувачката резиденција предводена од австриската кореографка Оливија Митерхумер.
Програмата .fellowship ги повикува сите тинејџери на возраст од 11 до 17 години, оние кои сакаат да го споделат својот талент, да се приклучат кон проектот и да бидат дел од Dance Residency.
Краен рок за пријавување:14 април 2021 година.
За подетални информации и начинот на пријавување, посетете ја интернет страницата: https://solwaygroup.com/musiccamp/tancuvachka-rezidenciјa/?lang=mk

30/12/2020
24/11/2020

Општина Конче деновиве доби донација од околу 200 столици кои ќе се користат за потребите на Домот на културата но и при организација на секакви општински манифеста....

По повод 17-ти Ноември - Светскиот ден на предвремо родените деца,  општинската зграда на Општина Конче беше осветлена в...
17/11/2020

По повод 17-ти Ноември - Светскиот ден на предвремо родените деца, општинската зграда на Општина Конче беше осветлена во розева боја за подигнување на јавната свест во општеството со цел подобри резултати во згрижување на предвремено родените бебиња.

По повод „Светскиот ден на лицата со дијабетис“ зградата на општина Конче е осветлена во сино со цел подигнување на свес...
14/11/2020

По повод „Светскиот ден на лицата со дијабетис“ зградата на општина Конче е осветлена во сино со цел подигнување на свеста на граѓаните за превенција од оваа болест.

Сината е боја на небото и на знамето на Обединетите Нации и ги претставува сите земји обединети во борбата против дијабетисот.

13/11/2020

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОГРАМИ ЗА БУЏЕТ 2021 НА ОПШТИНА КОНЧЕ
Почитувани сограѓани!
Поради актуелната состојба со пандемијата од COVID -19 Коронавирусот, и почитување на препораките од надлежните институции за заштита на јавното здравје, Ве информираме дека ова година нема да се одржат Јавните средби со граѓаните во населените места, на кои Вие граѓаните ќе можете да дававте предлози за проекти кои би се реализирале во наредната 2021 година.
Како и досега, а со цел заеднички да ги планираме Програмите кои ќе ги вклучиме во Буџетот за наредната 2021 година, Ве покануваме Вашите предлози за проекти што би се реализирале во Вашите населени места, да ги доставите до општина Конче.
Предлозите можете да ги доставите од денес а најдоцна до петок 20.11.2020
– во писмена форма преку архивата на општина Конче
-електронски на следните е-маил адреси: [email protected] и [email protected]
Дополнителни информации можете да добиете на следниве телефонски броеви: 032 630 325
Ги очекуваме Вашите предлози за да можеме заеднички, како и досега да планираме и да ја развиваме нашата општина КОНЧЕ.
Со почит.

30/10/2020
17/07/2020

С О О П Ш Т Е Н И Е

Општина Конче им соопштува на сите земјоделци кои претрпеа штети врз земјоделските култури од невремето што се случи на 05.07.2020 година, да поднесат до Општина Конче документи кои се услов за да почне постапката за оштета.
Пријавувањето ќе се врши во периодот од 20.07.2020 до 24.07.2020 година, во просториите на Општина Конче во текот на работното време.
Земјоделците во примено одделение на Општина Конче, до општинската архива треба да достават пријава и копија од лична карта.
Согласно законските прописи формирана е општинска Комисија за проценка од елементарни непогоди, која ќе ги разгледува барањата и ќе изврши увид на терен.
По проценката на штетите, и откако извештајот од Комисијата ќе биде разгледан на седница на Совет на Општина Конче, ќе биде доставен до Владата, со цел исплата на оштета на земјоделците.

Напомена: Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија за заштита од корона вирусот, задолжително е носењето на маска при поднесувањето на докуменитите во Општина Конче.

22/06/2020

ИЗВЕСТУВАЊЕ ❗️❗️❗️

Се известуваат сите граѓани на општина Конче дека прво прскање против возрасни комарци по земјен пат ќе се изврши на На 24.06.2020 година (среда), во период од 18.00 до 02.00 часот, се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Address

Konce
2424

Opening Hours

Monday 07:00 - 15:30
Tuesday 07:00 - 15:30
Wednesday 07:00 - 15:30
Thursday 07:00 - 15:30
Friday 07:00 - 15:30

Telephone

+38932630325

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Општина КОНЧЕ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Општина КОНЧЕ:

Share

Category