06/05/2026
🤝 Меморандум за соработка помеѓу ДПД Кочани и ДПД Зрновци
На ден 05.05.2026 година, ДПД Кочани официјално потпиша Меморандум за соработка со ДПД Зрновци.
Врз основа на овој меморандум, а по претходно барање од страна на ДПД Зрновци, постигнат е договор за трајно користење на противпожарна опрема, лична заштитна опрема, како и материјално-технички средства наменети за гасење пожари на отворено.
Со ова, ДПД Кочани уште еднаш ја потврдува својата улога во поддршка на заедницата и помагање на новоформираните доброволни противпожарни друштва, како што е ДПД Зрновци.
Искрено се надеваме на понатамошна успешна и заедничка соработка во областа на заштита, превенција и активно справување со пожари.
Формирањето на доброволни противпожарни друштва во руралните средини е за поздравување и треба да продолжи како позитивен тренд и клучен фактор во справувањето со пожарите на отворено.
#ДПДКочани #ДПДЗрновци #Соработка #ПротивпожарнаЗаштита #Доброволци