ОО СДСМ Кичево

ОО СДСМ Кичево Официјална страница на Општинската организација СДСМ Кичево

15/09/2026
Делегација на ОО СДСМ Кичево присуствуваше на свечениот настан по повод 83 години од ослободувањето на нашиот град.Со до...
11/09/2026

Делегација на ОО СДСМ Кичево присуствуваше на свечениот настан по повод 83 години од ослободувањето на нашиот град.

Со достоинство и длабока почит се сеќаваме на хероите кои се бореа за слободата на Кичево и за слободата на Македонија.

🇲🇰 Да живее слободно КИЧЕВО! 🇲🇰
#83годиниСлободноКичево

🇲🇰 Македонијо, нека ти е за многу години!🇲🇰 Честит 8 Септември – Денот на независноста!  #8Септември  #35ГодиниНезависно...
08/09/2026

🇲🇰 Македонијо, нека ти е за многу години!

🇲🇰 Честит 8 Септември – Денот на независноста!

#8Септември #35ГодиниНезависност

07/09/2026
Оваа хуманитарна акција уште еднаш покажа дека заедништвото и солидарноста се најголемата сила на нашата заедница.Искрен...
31/08/2026

Оваа хуманитарна акција уште еднаш покажа дека заедништвото и солидарноста се најголемата сила на нашата заедница.
Искрено им благодариме на ЛК СДММ Кичево, Форум Жени Сдсм Кичево и на сите кои придонесоа и ги охрабруваме и во иднина да продолжиме заедно да правиме добри дела!
Им посакуваме на сите деца среќна и успешна учебна година! 📚☘️

29/08/2026
Власт без одговорност, граѓани без одговори.Во исто време, кога нема пари за лекови, кога нема пари за породилно, кога н...
20/08/2026

Власт без одговорност, граѓани без одговори.

Во исто време, кога нема пари за лекови, кога нема пари за породилно, кога нема пари за социјална помош,кога земјоделците и сточарите се заборавени од државата, кога народот осиромашува од рекордната инфлација, „магично” се наоѓаат пари за косење на трева, кастрење на гранки и сечење на дрвја, во износ од скоро 2, 5 милиони евра.

На милионите испумпани пари од буџетот на државата за успешно да владее криминалот и корупцијата на Вмро Дпмне, Влен и Знам им нема крај!

Граѓаните очекуваат одговори, граѓаните очекуваат одговорност.

Битолскиот бизнисмен и поранешен почесен конзул на Унгарија, Сашо Јанакиевски, од неодамна повторно е еден од сопствениците во фамилијарниот бизнис на Грин Тим До....

16/08/2026

Отпуштање наставници, затворање училишта и хајка против директори – образованието е под окупација од ВМРО.

Додека Мицкоски беше на „научнообразовна екскурзија“ во Белгија, Јаневска дома ја спроведува своја „образовна програма“ - ги злоупотребува образовните институции за политичка пресeметка од најдолен вид.

Наместо фокус на подобро образование – ВМРО и Јаневска создадоа хаос во образованието, се отпуштаат наставници и се затвораат како што најави над 20 подрачни училишта ширум државата.

ВМРО ОКГ ја партизираше секоја институција, па сега на ред дојдоа и директорите од училиштата.

Според информациите кои стигнаа до нас, двајца инспектори од Државниот просветен инспекторат, периодов спроведуваат хајка кон директори кои не се партиски послушници.

Прашуваме, дали едни исти двајца инспектори, Мирјана Насковска и Тони Илиев во повеќе училишта спроведуваат вонредни инспекциски надзори по претставки со слична или идентична содржина.

Дали врз директори од средни училишта се врши притисок да поднесат оставка или да се откажат од функцијата пред истекот на нивниот мандат.

Дали власта на Мицкоски врши политичка операција за чистење на кадри, неподобни директори и поставување на партиски послушници.

Дали инспекцискиот надзор е претворен во механизам за смена на неподобни директори.

Затоа ли овие двајца инспектори се појавуваат во речиси сите инспекциски надзори, а истовремено се и кадровски унапредувани и или наградувани.

Очигледно Наскова и Илиев се „инспектори од доверба“ на ВМРО, за специјална намена. Инспектори кои се користат за однапред зададена политичка задача.

Ваква постапка за притсок и смена на неподобни директори се одвива и во средното училиште во Скопје „Панче Арсовски“, каде што постапуваат токму овие двајца инспектори.

Истовремено, веќе има директори кои ги оспориле решенијата за разрешување.

Дел од постапките се пред второстепени органи, а има и случаи во кои Управниот суд интервенирал и ја вратил постапката на повторно одлучување, како и случаи со мериторни одлуки во корист на разрешени директори.

СДСМ не е против инспекцискиот надзор, но се противи да биде злоупотребен овој механизам како средство за реваншизам и поставување на партиски подобни директори.

Го повикуваме Државниот просветен инспекторат веднаш да ја запре оваа политичка операција за елиминација на неподобни директори.

Јавно да одговори: зошто едни исти инспектори се појавуваат во повеќе вакви постапки?

Бараме проверка на постапувањето на инспекторите, на критериумите за нивните кадровски унапредувања или дополнителните надоместоци, на начинот на распределба на предметите и наводите за притисоци врз директори.

Партиските интереси и канџи мора да се тргнат од образованието. Тоа требало да го види Мицкоски на научната екскурзија во Бриж.

Училиштата не се партиски штабови. Директорите не се партиски послушници.

Затоа македонското образование со ВМРО-ОКГ тоне.

Државниот просветен инспекторат треба да биде чувар на законите, а не чувар на партиските интереси и политички инструмент на власта на ВМРО.

Address

Kicevo
6250

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ОО СДСМ Кичево posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share