Регионален Советувалиштен Центар Визија Кавадарци

  • Home
  • Macedonia
  • Kavadarci
  • Регионален Советувалиштен Центар Визија Кавадарци

Регионален Советувалиштен Центар Визија Кавадарци Прв регионален советувалиштен центар во Македонија

20/03/2026
📌 Регионалниот советувалиштен центар учествуваше на консултативна средба со претставници од општинитеДел од нашиот тим у...
16/12/2025

📌 Регионалниот советувалиштен центар учествуваше на консултативна средба со претставници од општините

Дел од нашиот тим учествува на консултативна средба, организирана од Организацијата на жени – Свети Николе,
Се дискутираше за:
📌 промоција на родовата еднаквос
📌 спречување на дискриминација
📌 Меѓународна и национална правна рамка за еднакви права и недискриминација,
📌Методи и алатки за родова интеграција во политики и јавни програми.
📌Влијанието на јавните политики врз жените и мажите, како и различните пристапи во креирањето на политики
📍Циклусот на креирање на политики и буџетирање, со цел ефективна родова еднаквост на локално ниво.

☝️Оваа средба ја потврди важноста на координацијата меѓу институциите и локалните власти за имплементација на политики кои го промовираат правото на еднаквост и спречување на дискриминацијата.

💡 Регионалниот советувалиштен центар и понатаму ќе ја поддржува промоцијата на родовата еднаквост и инклузивни јавни политики

Здружение за родова еднаквост Визија Кавадарци
Регионален Советувалиштен Центар Визија Кавадарци

📞 075480288

28/11/2025
28/11/2025
Здружение за родова еднаквост Визија Кавадарци
13/11/2025

Здружение за родова еднаквост Визија Кавадарци

🔴 ДВОЈНО УБИСТВО ВО ВЕЛЕС – ЖРТВАТА ПОВТОРНО НЕ БИЛА ЗАШТИТЕНАДлабоко жалиме за денешната трагедија во Велес, каде што д...
15/09/2025

🔴 ДВОЈНО УБИСТВО ВО ВЕЛЕС – ЖРТВАТА ПОВТОРНО НЕ БИЛА ЗАШТИТЕНА

Длабоко жалиме за денешната трагедија во Велес, каде што две лица беа убиени, а сторителот потоа си го одзеде животот. Според информациите, жртвата повеќекратно го пријавувала насилникот поради закани, физичко насилство и заплашувања, но институциите не реагирале соодветно за да го спречат овој епилог.

👉 Овој случај повторно ја покажува болната реалност: жените во Македонија сè уште не се безбедни и често остануваат незаштитени и покрај тоа што повеќекратно бараат помош.

👉 Родово базираното насилство не е „приватен проблем“, туку прашање на јавна безбедност и човекови права.
👉 Секое занемарување на пријава е ризик кој може да заврши со смрт.
👉 Жените не треба да умираат за институциите да сфатат дека мора итно да реагираат.

📢 Како Советувалиштен центар „Визија“ бараме:

✔️ итна одговорност од сите институции кои имале информации за случајот,
✔️ системско воведување на итни заштитни мерки за секоја пријава на закани,
✔️ јакнење на сервисите за заштита и поддршка на жртви на насилство,
✔️ јавно општествено осудување на насилството без релативизирање.

⚫ Денес жалиме за изгубените животи, но и гневно потсетуваме дека оваа трагедија можела да се спречи. Жените заслужуваат живот без страв.

📢Пријавете насилство во Регионален советувалиштен центар за родово базирано насилство,, Визија"

📞075 480-288

✊ #СтопЗаНасилството #Визија

https://infomax.mk/

14/08/2025

❗️❗️❗️ 5400 откази во текстилната индустрија

👉 5400 семејства се соочуваат со неизвесност согласно истражувањата на Гласен текстилец.
Поддршка во истрајноста и посветеноста за застапување на работничките права

Жени, мажи, лица со попреченост – работници кои со години го вложуваа својот труд, остануваат без извор на приходи

👉 Ова не е само економска бројка – ова е удар врз достоинството, безбедноста и правото на секој човек на чесна работа. Последиците ќе ги почувствуваме сите: сиромаштијата ќе расте, а најранливите ќе бидат првите кои ќе страдаат.

✊ Здружението за родова еднаквост „Визија“ Кавадарци бара од институциите итно да обезбедат поддршка, преквалификации и работни можности за погодените работници.

📌 Најпогодени се жените – повеќето од нив единствени носители на приход во своето семејство. Жените кои секое утро стануваа пред зори, минуваа часови во фабриските погони за минимална плата, а вечер се враќаа дома да се грижат за децата и домаќинството. Денес, тие се соочуваат со празни раце, со страв и неизвесност за утрешниот ден.

👉 Работничките права се човекови права. Не можеме да молчиме!

🫵Кога се кршат работничките права, се рушат темелите на демократијата

https://lokalaktiv.mk/2025/08/14/%D1%82%D0%B5%D0%BA%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%BB%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B8%D0%BD%D0%B4%D1%83%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98/?fbclid=IwQ0xDSwMKx7xjbGNrAwrHtGV4dG4DYWVtAjExAAEeCDsi_Ueu4gtE0Zox1dZz9ZXvj0lf5FSyR50OCbHIxfBxgcWSL-0tg_2_xBo_aem_1F3hxhFU5X1vFJWcATOwsQ

#ВизијаКавадарци #РодоваЕднаквост #РаботничкиПрава #ТекстилнаИндустрија

21/07/2025

Бремените жени и натаму се казнуваат со бркање од работа штом работодавачите ја дознаат информацијата за мајчинството. Комисијата за спречување […]

30/04/2025

Поддршка и помош за жртвите на родово базирано насилство – Регионален советувалиштен центар „Визија“ Кавадарци

👉Жртвите на родово базирано насилство заслужуваат сигурност, поддршка и правна помош. Регионалниот советувалиштен центар „Визија“ Кавадарци е тука да обезбеди сеопфатна помош и поддршка за сите кои се соочуваат со родово базирано насилство

👉Нашата работа се фокусира на:

📌Психолошка и емоционална поддршка – Нашите стручни психолози и советници ќе ви помогнат да се соочите со последиците од насилството и да развиете стратегии за закрепнување

📌Правна помош и консултации – Нудиме правни совети и поддршка при процесот на правна заштита, како и пријавување на случаите на насилство.

📌Сигурност и заштита – Обезбедуваме доверлива и сигурна средина за сите кои се наоѓаат во опасност.

📌Образование и превенција – Поставуваме фокус на подигање на свеста за родово базирано насилство, како и на спречување на насилството преку едукација и работилници.

📌,,Визија“ е простор каде секој може да најде помош без страв од осуда. Ние веруваме дека сите жртви имаат право на достоинство и поддршка на патот кон закрепнување

Здружение за родова еднаквост Визија КавадарциРегионален Советувалиштен Центар Визија КавадарциНационална Мрежа Против Н...
25/04/2025

Здружение за родова еднаквост Визија Кавадарци
Регионален Советувалиштен Центар Визија Кавадарци
Национална Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејно Насилство

„Овој настан е резултат на нашата континуирана и плодна соработка со Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, со која заеднички се зала...

Здружение за родова еднаквост Визија КавадарциОпштина Кавадарци / Municipality of KavadarciОпштина НеготиноОпштина Росом...
07/04/2025

Здружение за родова еднаквост Визија Кавадарци
Општина Кавадарци / Municipality of Kavadarci
Општина Неготино
Општина Росоман (официјална страна)
Општина Демир Капија

Address

Цано Поп-Ристов бр. 61
Kavadarci
1430

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Telephone

+38975480288

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Регионален Советувалиштен Центар Визија Кавадарци posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Регионален Советувалиштен Центар Визија Кавадарци:

Share

Category