Црвена Младина - Кавадарци

Црвена Младина - Кавадарци Младинска организација во Кавадарци која работи во на?

08/07/2025
18/04/2024
10/04/2024
12/03/2024

ЛЕВИЦА ГО ПОТПИША СТУДЕНТСКИОТ МАНИФЕСТ

👉 Вчера во име на Левица и Црвена Младина, членот на президиумот на Левица, Амар Мециновиќ го потпиша студентскиот манифест кој беше објавен од студентите од сите државни универзитети на иницијатива на УСС - УКИМ.

⚠️ Едно од главните барања на студентите изразено во студентскиот манифест е бесплатно високо образование во прв циклус студии. Тоа е една од главните заложби на Левица од нејзиното постоење до денес. Левица се залага за целосно државно бесплатно образование, отворено за сите – и за сиромашните и за поимотните – затоа што само така може да се мобилизира целосно интелектуалниот капацитет на едно општество!

➡️ Меѓу другото на средбата присуствуваа и претставници од политички подмладоци на двете најголеми партии СДСМ и ДПМНЕ кои со нивното владеење во изминативе години го претворија образованието во пазар и се директните виновници што македонското образование потфрла во речиси сите сегменти. Лицемерно е да веруваме дека тие што ги создадоа проблемите, сега ќе ги решат. Впрочем ниту едно ветување на СДС што се однесува на младите и студентите од нивната програма не е остварено.

✊️ Тргнувајќи од премисата дека образованието е најважниот постулат за едно здраво општество, Левица е на цврст став дека нужна е темелна трансформација на македонското образование и ќе продолжи и во иднина да се залага за зголемување на студентскиот стандард.

01/03/2024

НЕМА НИКАКОВ „РАСКОЛ“ ВО ЛЕВИЦА – РАСЧИСТУВАМЕ СО ОПОРТУНИСТИЧКИОТ ЏГАН ВО НАШИТЕ РЕДОВИ

Ја информираме јавноста дека Левица го суспендира и исклучи од членство претседателот на Советот на Општина Карпош – Бранко Ристов; неговата партнерка Живанка Морис – поранешна координаторка на Левица-Дијаспора и советникот во Општина Аеродром – Дарко Масларковски (а.к.а. Пука Козметика).

Дисциплинската одлука е донесена заради превенирање на обидите за роварење на надворешни структури поддржани и координирани од ДПМНЕ да го саботираат процесот на собирање потписи и да нанесат предизборна штета на Партијата, преку таргетирање и контаминирање на идентификувани слаби карики помеѓу членовите.

Напоменуваме дека секој воочен внатрешен обид на непринципиелно и клиентелистичко делување, манипулирање, ширење дефетизам и шурување со одредени центри на моќ – било од обични членови или, пак, од раководни функционери на Левица ќе биде јакобински сосечен во корен! Неспособните кадри, кои се покажаа недостојни на задачата, ќе бидат заменети со нови, вредни, искрени и лојални работници. Тројца расипани си одат, триста чесни доаѓаат!

Во деновите кога испишуваме Историја со собирањето потписи за првиот наш претседателски кандидат, Левица е непоколеблива во својата борба против корумпираниот систем на политичката и бизнис олигархија и нема да толерира отстапување од партискиот курс на неподмитливоста поради ничии лични амбиции, хирови и карактерни маани!

Автентичниот раст и масовната народна поддршка на Левица ги плаши буржујските квислиншки партии СДС и ДПМНЕ, поради што не бираат средства за напади кон нас. Ова е познато и веќе видено сценарио во секој изборен циклус досега, на што сме навикнати – па затоа и овојпат истото ќе биде навремено пресретнато од искусното партиско раководство, кое има целосна доверба и контрола во Партијата.

Затоа, нема да дозволиме изневерување на тешко стекнатата доверба од народот – и бараме оставка на Ристов и Масларковски од функциите кои ги узурпираат во општинските совети и враќање на нивните советнички мандати во рамките на легитимитетот кој ѝ е доверен на нашата советничка листа.

24/02/2024

Огромно е задоволството кога ќе се поразговара со граѓани од најразлични возрасти кои ја поддржуваат идејата за промена и даваат поддршка за единствениот кандидат со реална визија и стратегија за подобра иднина на Македонија - професорката Билјана Ванковска.

Ние сме денес на плоштад, повелете и вие !

#потпишисезаванковска
#борбатапочнувасега
#ванковсказапретседател
#црвениотбран

10/02/2024

Почитувана јавност,

Денес беше разрешен директорот на затворот во Штип, Мики Тодоров кој пред извесен период физички го нападна еден од нашите членови Јован Јанев поради неговата идеолошка неистомисленост.

Кон поранешниот директор е поднесена кривична пријава која очекуваме набрзо да се процесуира. Овој директор исто така е познат во минатото по своето девијантно дејствување.

Ова за нас претставува симболична победа и порака дека секој оној кој ќе се дрзни да ја злоупотреби својата политичка моќ, а особено на ваков начин, мора да одговара.

Црвена Младина е младина која храбро е решена да се бори за своите идеали, и е одлучна да не отстапува на вакви напади и закани, ниту сега а ниту во иднина.

Address

Кавадарци, Северна Македонија
Kavadarci
1431

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Црвена Младина - Кавадарци posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share