Основен суд Кавадарци

Основен суд Кавадарци Основниот суд Кавадарци е суд со проширена надлежност според Законот за изменување и дополнување на Законот за судови од мај/2019

25/01/2023

Основен суд Кавадарци го објавува Годишниот извештај за работата на судот во календарската 2022 година !

https://tinyurl.com/Godisen-izvestaj-2022-godina

29/09/2022

Основен суд Кавадарци известува дека денес 29.09.2022 година од страна на судија на претходна постапка е определена мерката притвор спрема осомничената М.Б од Кавадарци за кривични дело Убиство од чл.123 ст.2 т.2 вв ст.1 од КЗ, а во врска со кривично правниот настан кој се случи на 06.09.2022 година во Кавдарци, во кој беше лишен од живот лицето Илија Милошевски со повеќе убоди со нож по целото тело, а потоа и запален.

14/02/2022

Денес посета на Основниот суд Кавадарци остварија Министерот за правда во Владата на РСМ, проф.д-р Никола Тупанчевски и проф.д-р Гордана Лажетиќ, член на Советот за реформа во правосудството и заменик претседател на советот за ИКТ. Покрај посетата и увидот во функционалноста и употребливоста на ИТ опремата со претседателот на судот проф.д-р Лазар Нанев тема на разговор беа состојбите во правосудството и тековниот процес за дигитализација во функција на подготовка на Стратегија за реформа на правосудниот сектор.

16/11/2021

Основен суд Кавадарци известува дека од страна на судијата на претходна постапка спрема осомничениот С. Х. од Кавадарци на возраст од 45 години поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Убиство од чл.123 ст.1 од КЗ определена е мерка притвор во траење од 30 дена.

Со заедничка одлука од ден 5–ти Јуни 2003 година на Совет на Европа и Европската Комисија денешниот ден 25-ти Октомври е...
25/10/2021

Со заедничка одлука од ден 5–ти Јуни 2003 година на Совет на Европа и Европската Комисија денешниот ден 25-ти Октомври е прогласен за Европски Ден на Правдата.
Во чест на овој ден Основниот суд Кавадарци ги отвори своите врати за учениците од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ - Кавадарци.
Преку заедничка комуникација, презентација од страна на учениците на своите познавање во врска со поимот правда и правичност и запознавање на учениците со функционирањето на судот од страна на Претседателот Проф. Д-р. Лазар Нанев, се обидовме да ја доближиме правдата до граѓаните, преку едукација на младите, на оние кои се стремат да бидат дел од ова општество и негови активни чинители.

Во рамките на инвестиционите вложувања за подобрување на условите и квалитетот на работа во Основен суд Кавадарци, како ...
01/09/2021

Во рамките на инвестиционите вложувања за подобрување на условите и квалитетот на работа во Основен суд Кавадарци, како и обезбедување на непречен пристап до правдата за сите граѓани, денеска во работа е пуштен новиот шалтерски систем, којшто обезбедува целосна дигитализација на услугите.

Address

Kavadarci
1430

Opening Hours

Monday 07:30 - 15:30
Tuesday 07:30 - 15:30
Wednesday 07:30 - 15:30
Thursday 07:30 - 15:30
Friday 07:30 - 15:30

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Основен суд Кавадарци posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Основен суд Кавадарци:

Share

Category

За Основен суд Кавадарци

Со надлежноста на Основен суд Кавадарци, определена со Законот за судови,за решавање на предмети во судот ангажирани се 7 /седум/ судии

Претседател на Основен суд Кавадарци - Проф.Др.Лазар Нанев

Заменик на Претседателот на судот - Зоран Јосифовски

Судии :