Левица - Кавадарци

Левица - Кавадарци Придружи се на промените!
Пополни пристапница на https://levica.mk/prikluchi-se/

❗️Не ни треба сала наполнета со ЗНАМовци и ВМРОвци, туку средба со вистинските лозари и јасни одговори: кој ќе го откупи...
09/09/2026

❗️Не ни треба сала наполнета со ЗНАМовци и ВМРОвци, туку средба со вистинските лозари и јасни одговори: кој ќе го откупи грозјето, по која цена, каде ќе се пласира и како ќе се спаси лозарството на долг рок?

Соопштение на Левица: Кризата не падна од небо. Со години предупредуваме дека македонското лозарство се остава без стратегија, без организиран државен откуп и без ....

ВАНЧЕВА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ПРЕДИЗВИК ВО КАВАДАРЦИ - АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО!🇲🇰🤝🇨🇳 Делегација од Кавадарци учествува н...
09/09/2026

ВАНЧЕВА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ПРЕДИЗВИК ВО КАВАДАРЦИ - АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО!

🇲🇰🤝🇨🇳 Делегација од Кавадарци учествува на семинар во Кина посветен на заштедата на енергија, намалувањето на емисиите и развојот на нови енергетски технологии, со цел стекнатите искуства да се применат на локално ниво. Посетата е овозможена преку соработката на Левица со Комунистичката партија на Кина, како и преку програмата за побратимување на Кавадарци и кинескиот град Јиву која се очекува да се официјализира месецов.

👏 На семинарот на тема „Зачувување на енергијата, намалување на емисиите и развој на технологии за нови енергии“, организиран од БИОМА – Биогас Институтот при Министерството за земјоделство и рурални прашања на Народна Република Кина, Кавадарци го претставува секретарот на Општината.

🚩 Покрај секретарот, во делегацијата е присутна и Марија Ванчева, генерален секретар на Црвена Младина и физичар, која на семинарот се запознава со современите енергетски технологии и практики со цел стекнатите знаења да се искористат за нивна потенцијална имплементација на локално ниво.

Марија Ванчева е амбициозна, ведра и идеолошки подготвена личност, како физичар е особено вклучена во имплементација на модерните технологии, Кавадарци се радува на нејзиниот капацитет!

💨 Веруваме дека по примерот на Кина која со јасна стратегија експресно се справи со аерозагадувањето истото ќе може да го направи и Кавадарци!

Трошоците за мобилноста се целосно покриени од страна на институтот, без искористување на средства од Буџетот на Општина Кавадарци.

#ОпштинитеЗаНародот
#ДржаватаЗаНародот

🇲🇰🤝🇨🇳 Кавадарци ќе се најде на светската мапа, со имплементација на наученото! 🍇
09/09/2026

🇲🇰🤝🇨🇳 Кавадарци ќе се најде на светската мапа, со имплементација на наученото! 🍇

Општина Кавадарци зема активно учество на меѓународниот семинар на тема „Зачувување на енергијата, намалување на емисиите и развој на технологии за нови енергии.....

НА ЛОЗАРИТЕ ИМ ТРЕБА ПЛАСМАН И ДРЖАВНИ ОТКУПНИ ЦЕНТРИ - НЕ УТЕХА И ЗАДУШУВАЊЕ НА БУНТОТ!🚩 Кризата не падна од небо. Со г...
09/09/2026

НА ЛОЗАРИТЕ ИМ ТРЕБА ПЛАСМАН И ДРЖАВНИ ОТКУПНИ ЦЕНТРИ - НЕ УТЕХА И ЗАДУШУВАЊЕ НА БУНТОТ!

🚩 Кризата не падна од небо. Со години предупредуваме дека македонското лозарство се остава без стратегија, без организиран државен откуп и без сигурни пазари. Во исто време, олигархијата во винарските визби се потпира на евтино увозно грозје, а лозарите се немоќни на пазар на кој најголемите откупувачи имаат огромна преговарачка моќ.

👉 Државен откупен центар нема, а стечајната постапка за „Повардарие“ упорно се пролонгира, додека министрите се менуваат, а проблемите на лозарите остануваат исти. Наместо системско решение, секоја година добиваме нови ветувања и ново префрлање на одговорноста!

Затоа, доколку вечерва Серафимовски доаѓа пред лозарите, очекуваме да понуди конкретни и сигурни решенија, а не политички театар и задушување на оправданиот бунт.

💥Не ни треба сала наполнета со ЗНАМовци и ВМРОвци, туку средба со вистинските лозари и јасни одговори: кој ќе го откупи грозјето, по која цена, каде ќе се пласира и како ќе се спаси лозарството на долг рок?

ЛЕВИЦА – КАВАДАРЦИ останува на страната на лозарите и ќе продолжи да бара конкретни, долгорочни и одржливи решенија за тиквешкото лозарство!

#ДржаватаЗаНародот

ЧЕСТИТА СЛОБОДА ЗА КАВАДАРЦИ - СРЕЌЕН 7 СЕПТЕМВРИ!🚩 Овој 7 септември, кога го одбележуваме денот на ослободувањето на Ка...
07/09/2026

ЧЕСТИТА СЛОБОДА ЗА КАВАДАРЦИ - СРЕЌЕН 7 СЕПТЕМВРИ!

🚩 Овој 7 септември, кога го одбележуваме денот на ослободувањето на Кавадарци за време на НОБ, нашите мисли и честитки се насочени директно кон вистинските столбови на Кавадарци, земјоделците и индустриските пролетери. Слободата е секојдневна борба за достоен живот, за фер плата која не се топи во инфлацијата и за услови на работно место каде човекот не е само потрошна алатка за профит на малцинството.

Кавадарци денес го сведочи парадоксот на транзицискиот капитализам: општината која раѓа врвни земјоделски култури и производи што се извезуваат ширум светот, гледа како нејзините работници едвај врзуваат крај со крај, додека трудот на лозарите често се потценува од монополистите и олигарсите. Вистинската награда за трудот треба да е систем кој ги вреднува оние што произведуваат, а не оние што само препродаваат. Левица останува цврсто на браникот на работничките права, инсистирајќи дека земјата му припаѓа на тој што ја работи, а фабриките и богатството на оние што ги градат со својата пот, не на паразитските елити.

📅Нека овој 7 септември биде потсетник дека борбата за социјална правда и работничка солидарност нема работно време. Кавадарци ја носи традицијата од своите предци во револуционерното и антифашистичкото ткиво, која денес мора да се рефлектира во борбата против новиот, економски чвор кој ги стега семејствата во Тиквешијата.

Од Политичката партија Левица - Кавадарци ви ја честитаме слободата со јасна порака: само обединети и солидарни, со цврста рака свртени кон колективното добро, можеме да изградиме општество во кое трудот ќе биде врвна вредност, а работникот господар на својата судбина.

✊Слава на паднатите борци за слобода, сила истрајност на денешните работници!

07/09/2026

ДПМНЕ ГИ ПРИКРИВА КРИМИНАЛИТЕ НА СДС ВО КАВАДАРЦИ, А ЛЕВИЦА ДОБИВА ЗАКАНИ!

⚠️ Кавадарци има ГОЛЕМИ проблеми додека на медиумите се прикажува бајка! Левица откри еден случај каде што мизерен човек за три и пол години успеал да украде 500.000 евра од Кавадарци.

🗣️ „Па помогнете со градоначалникот, реагирајте во вашата партија да се реши случајот, а не три месеци да се кријат и да ни да идат закани по телефон, ќе гореле коли, некој ќе завршел, после овие четири години ќе сме виделе... “- му реплицираше Бошко Бошев од Левица на претседателот на Совет, Стојанчо Рамов.

👉 Сега членови на ВМРО-ДПМНЕ, го бранат членот на СДСМ. Тоа не се членови на партијата, тоа се членови на криминални банди што се взаемно врзани.

„Во Кавадарци не е научна фантастика да имаме восовод, или болница, многу се пљачка од криминалните банди кои се менуваат на власт!” - истакна Бошев.

Пример е покривот на пазарот, затоа што при секој дожд пазарот тоне во вода. Пазарџиите се имат пожелано во јавното претпријатие, неколку пати и нема никаква реакција. „Ете, барем помогнете, поправере го покривот на пазарот кој велите дека е модерен. Има грешки и во самата изведба. Поправете го барем покривот, да не одиме да пазаруваме во дожд.” - заврши Бошев!

#ОпштинитеЗаНародот
#ЛевицаОдСоветите

ВО ЧИЈА ЧЕСТ Е ГРОЗДОБЕРОТ И КОЛКУ ЧИНИ ГОДИНАВА?❗️Кавадарчани и лозарите од Тиквешијата вистински ќе уживаат во Гроздоб...
05/09/2026

ВО ЧИЈА ЧЕСТ Е ГРОЗДОБЕРОТ И КОЛКУ ЧИНИ ГОДИНАВА?

❗️Кавадарчани и лозарите од Тиквешијата вистински ќе уживаат во Гроздоберот дури тогаш кога ќе добијат вистинска социјална благосостојба, сигурен пласман и достоинствена цена, а не кога пред секоја сезона ќе се тресат во неизвесност од откупот!

👉 Она што некогаш беше автентична манифестација на лозарите, оддавање почит на нивната пот и деноноќна работа, денес е претворено во евтина манифестација на медиокритетот, кичот и енормниот профит за приватни џебови.

💰 Додека лозарот се бори за секој денар, за настапи на странски и домашни изведувачи на „Тиквешки Гроздобер 2026“ се издвојуваат баснословни суми:
1️⃣ Жељко Самарџиќ: 1.537.500,00 денари (плус 170.816,25 денари персонален данок)!

2️⃣ Пеца Јовановиќ: 1.414.500,00 денари (плус 157.150,95 денари персонален данок)!

3️⃣ Де Вито: 1.291.500,00 денари (плус 143.485,65 денари персонален данок)!

4️⃣ Џејла Рамовиќ: 885.600,00 денари (плус 98.390,16 денари персонален данок)!

Државата директно го создаде и одржува проблемот со недоволниот и хаотичен откуп на грозјето:
-Нема државен откупен центар кој ќе ја диригира и стабилизира цената и откупот.
-Нема државна дестилерија која ќе го преработи и спаси неоткупеното грозје.
-Не е укината 8% кражба од лозарите доколку грозјето им се исплаќа во готово.

И наместо да ги реши овие децениски системски проблеми, власта сега ги користи парите од Интервентниот фонд – повторно народни пари – за да им помага на приватните винарии да го откупат грозјето!

💰 Парата мора да врти во олигархијата, а лозарот да остане социјален случај и заложник на винските магнати.

🍇 Левица - Кавадарци бара итни реални инвестиции во земјоделството, формирање на државни капацитети за откуп и преработка и конечна заштита на достоинството на македонскиот лозар!

#ОпштинитеЗаНародот
#ДржаватаЗаНародот

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ЌЕ ИМ ПОМОГНЕ НА МЛАДИТЕ ДА ОСНОВААТ ДОМ!🏠 Во текот на вчерашниот ден, советниците во Советот на Општи...
04/09/2026

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ЌЕ ИМ ПОМОГНЕ НА МЛАДИТЕ ДА ОСНОВААТ ДОМ!

🏠 Во текот на вчерашниот ден, советниците во Советот на Општина Кавадарци поднесоа иницијатива за донесување на одлука за доделување на општински парцели по симболична цена од 1 евро за метар квадратен!

👶 Не мора веќе младите да мислат на станбеното прашање, општината ќе мисли наместо нив!

✅ Предлагаме право на аплицирање да има СЕКОЈ, а бодувањето да биде според Правилник кој заеднички ќе го составиме сите членови на Советот на Општина Кавадарци! Да бидат земени предвид возраст, брачен статус, социјална категорија, многудетни семејства, самохрани родители и слично. НИКОЈ да не биде дискриминиран, а сепак мерката да не биде злоупотребена!

🚩 Ова се иницијативите кои вистински не радуваат што ја имаме можноста да ги предложиме, па апелираме и до советниците од власта да се одважат и да не ја одбиваат иницијативата, туку доколку имаат забелешки да предложат свои амандмани!

Вистински веруваме во просперитетот на оваа иницијатива!

#ЛевицаОдСоветите
#ОпштинитеЗаНародот

6-7 МИЛИОНИ СЕГА СТАНУВААТ 7-8 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ДОЛГОВИ ЗА КАВАДАРЧАНИ, ИМА ЛИ КРАЈ?🔻 Претходната позната цифра од 6-7 ми...
03/09/2026

6-7 МИЛИОНИ СЕГА СТАНУВААТ 7-8 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ДОЛГОВИ ЗА КАВАДАРЧАНИ, ИМА ЛИ КРАЈ?

🔻 Претходната позната цифра од 6-7 милиони евра сега станува 7-8 милиони евра (над 472 милиони денари) во јавни долгови кои ќе паднат директно на грбот на кавадарчани? Има ли крај на ова спирално задолжување? Секој нов извештај донесува сè поголеми товарни бројки, додека локалната власт продолжува со неконтролирано акумулирање на обврски кои идно ги загрозуваат општинските финансиски ресурси и јавното добро.

⁉️ Дополнително загрижува што вистинската слика за долговите останува уште подлабока и понепрегледна. За ЈП СЦ „Јасмин“ воопшто нема достапни податоци во системот ЕСПЕО, ниту пак на советниците им е доставен каков било прилог за обврските во кварталниот извештај. Ова претставува директно нарушување на фискалната транспарентност на Општина Кавадарци, истата онаа транспарентност со која претседателот на Советот, Стојанче Рамов, редовно и секоја година се фали пред јавноста, а која паѓа на првиот тест на отчетност.

👉 Со оглед на тоа што речиси на секоја седница властите изгласуваат нови одлуки за земање сè повеќе и повеќе кредити, очекувањата се дека и во наредните квартали обврските дополнително ќе растат.

Кавадарци се соочува со континуиран тренд на задолжување, оставајќи ги граѓаните да ги плаќаат сметките за лошата фискална политика.

Продолжува огромната загриженост за долговите на Општина Кавадарци поради кои постојано се зголемуваат сметките за јавните услуги!

#ОпштинитеЗаНародот
#ЛевицаОдСоветите

02/09/2026

МОЖЕ ДА СЕ СПАСАТ МНОГУ ТРОШОЦИ НА ВЕЌЕ ЗАДОЛЖЕНАТА ОПШТИНА - АКО ПРЕСТАНЕТЕ ДА УХЛЕБУВАТЕ ПАРТИСКИ БОТОВИ

👉 Замислете, од основната дејност ЈП Паркинг остварило 13,7 милиони денари, а само за плати се трошат дури 14,8 милиони денари. Ова е чист доказ дека комерцијализацијата на јавниот простор се користи за покривање на "ухлебените", додека системските проблеми на граѓаните остануваат целосно занемарени.

❗️Кавадарци има итна потреба од нов Генерален урбанистички план со повеќе маркици за катни гаражи и ново депо, затоа што постоечкото кое кај Новата болница веќе покажа дека носи реални приходи и го решава хаосот.

✅ За инвестиции во пантографи и електрични автобуси сите би гласале „за“, но земањето кредити за тековна ефикасност и партиски апетити е неодговорно и штетно управување.

💥 Најскандалозен е отпорот да се спроведе рационализација преку спојување на двете јавни претпријатија, со што веднаш би се заштедиле од еден до два милиони денари годишно само од буџетот за управните и надзорните одбори.

Наместо спојување и една заедничка администрација, ДПМНЕ свесно одбира да го штити партискиот кадар на сметка на општинскиот буџет.

Општина Кавадарци бара одговорно работење, реални заштеди и инфраструктура во служба на сите граѓани, не претпријатија претворени во партиски бироа за вработување.

#ОпштинитеЗаНародот
#ЛевицаОдСоветите

Address

Kavadarci

Opening Hours

Tuesday 18:00 - 19:00
Thursday 18:00 - 19:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Левица - Кавадарци posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share