13/10/2014
ЗА НЕЗАВИСНА, ПРОФЕСИОНАЛНА И
ЕФИКАСНА ДРЖАВНА СЛУЖБА
Врз основа на член 14 став 1 и 2 од Законот за државните службеници (“Службен весник на Република Македонија” бр.59/2000, 112/2000, 34/2001, 103/2001, 43/2002, 98/2002, 17/2003, 40/2003, 85/2003, 17/2004, 81/2005, 61/2006, 36/2007, 161/2008, 6/2009, 114/2009, 35/2010, 167/2010, 36/2011, 6/2012, 24/2012, 15/2013, 82/2013, 106/2013 и 132/2014) и Правилникот за начинот на селектирање и вработување на државните службеници и за формата и содржината на пријавата за интерен оглас за вработување на државен службеник (“Службен весник на Република Македонија” бр. 13/2011, 27/2011, 182/2011 и 69/2013)
АГЕНЦИЈАТА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА
објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 176/2014
за вработување на 38 државни службеници во Министерство за финансии за следните работни места:
АПЛИЦИРАЈ
1. Државен советник за управување и одржување на имотот на Министерство за финансии (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или 300 ЕКТС - машински факултет
- најмалку 6 години работно искуство во струката од кои 2 во државна служба
- Познавање на англиски јазик
- комуникативност, креативност, доверливост
- способност за тимска работа
- познавање на компјутери (Word, Excel, Power Point и др)
Плата: 35.443,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок
2. Помошник раководител на сектор за макроекономска политика за анализа на монетарен и финансиски сектор (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или 300 ЕКТС - економски факултет
- најмалку 4 години работно искуство во струката од кои 1 во државна служба
- Организациски и комуникациски способности
- познавање на англиски јазик
Плата: 30.110,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок
3. Помошник раководител на сектор за буџети и фондови (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или 300 ЕКТС - економски факултет
- најмалку 4 години работно искуство во струката од кои 1 во државна служба
- работа со компјутери
- одлични интерперсонални и насочувачки вештини
- знаење на англиски јазик
- одлична усмена и писмена комуникација
Плата: 30.110,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок
4. Помошник раководител на сектор за трезор (2)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или 300 ЕКТС - економски факултет или правни студии
- најмалку 4 години работно искуство во струката од кои 1 во државна служба
- познавање на англиски јазик
- напредно познавање на програмскиот Office пакет
- способност за управување и тимска работа
- комуникативност и креативност
Плата: 30.110,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок
5. Раководител на сектор за даночна и царинска политика (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или 300 ЕКТС - економски факултет или правни студии
- најмалку 5 години работно искуство во струката од кои 2 во државна служба
- познавање на англиски јазик
- стручност, креативност, комуникативност
- компјутерски вештини (word, excel, power point)
Плата: 34.473,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок
6. Раководител на одделение за макроекономски модели и проекции, Сектор за макроекономска политика (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или 300 ЕКТС - факултет од областа на економијата или од областа на математичките науки
- најмалку 4 години работно искуство во струката од кои 1 во државна служба
- Одлично познавање на статистика, математика и англиски јазик
Плата: 27.200,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок
7. Раководител на одделение за проектирање и управување со ликвидност, Сектор за трезор (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или 300 ЕКТС - економски факултет
- најмалку 4 години работно искуство во струката од кои 1 во државна служба
- аналитичност, комуникативност, креативност
- познавање на работа со компјутер
Плата: 27.200,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок
8. Раководител на одделение за билатерална и европска финансиска соработка, Сектор за меѓународни финансиски односи и управување со јавниот долг (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или 300 ЕКТС - економски факултет или правни студии
- најмалку 4 години работно искуство во струката од кои 1 во државна служба
- одлично знаење на англиски јазик и познавање на втор јазик на ЕУ
- одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Pint, Internet Explorer)
- способност за тимска работа
- одлични комуникациски вештини
- одговорност, исполнителност
Плата: 27.200,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок
9. Раководител на одделение за задолжување и инвестирање, Сектор за меѓународни финансиски односи и управување со јавниот долг (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или 300 ЕКТС - економски факултет или правни студии
- најмалку 4 години работно искуство во струката од кои 1 во државна служба
- задолжително познавање на англиски јазик
- комуникативност, иницијативност
- способност за тимска работа
- организациски вештини
- лидерски способности
- способност за работа под притисок
Плата: 27.200,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок
10. Раководител на одделение за второстепена управна постапка од областа на централните даноци, Сектор за второстепена управна постапка, управни спорови и наплата на побарувања (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или 300 ЕКТС - правен факултет - правни студии
- најмалку 4 години работно искуство во струката од кои 1 во државна служба
- Комуникативност, аналитичност, креативност, иницијативност
- организациски способности
- способност за работа под притисок
- познавање на работа со компјутери
Плата: 27.200,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок
11. Раководител на одделение за нормативно-правни и административни работи, Сектор за правни работи (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или 300 ЕКТС - правни студии
- најмалку 4 години работно искуство во струката од кои 1 во државна служба
- познавање на англиски јазик
- комуникативност, доверливост
- способност за тимска работа
- познавање на компјутери (Word, Excel, Power Point и др)
Плата: 27.200,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок
12. Советник за нормативно-правни работи, Одделение за нормативно правни и административни работи, Сектор за правни работи (2)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 240 ЕКТС - правни студии
- најмалку 3 години работно искуство во струката
- познавање на англиски јазик
- комуникативност, доверливост
- способност за тимска работа
- познавање на компјутери (Word, Excel, Power Point и др)
Плата: 24.049,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок
13. Советник за постапување по жалби од областа на централните даноци Одделение за второстепена управна постапка од областа на централните даноци Сектор за второстепена управна постапка, управни спорови и наплата на побарувања (3)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 240 ЕКТС - правен факултет - правни студии
- најмалку 3 години работно искуство во струката
- Комуникативност, аналитичност, креативност
- познавање на работа со компјутери
Плата: 24.049,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок
14. Советник за следење и функционално одржување на системот за управување со зградата – БМС, Одделение за следење, контрола и одржување на имотот на Министерството за финансии, Сектор за правни работи (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 240 ЕКТС - машински факултет или електротехнички факултет
- најмалку 3 години работно искуство во струката
- познавање на англиски јазик
- комуникативност, доверливост
- способност за тимска работа
- познавање на компјутери (Word, Excel, Power Point и др)
Плата: 24.049,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок
15. Виш соработник за постапување по жалби од областа на централните даноци Одделение за второстепена управна постапката од областа на централните даноци Сектор за второстепена управна постапка, управни спорови и наплата на побарувања (2)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС - правен факултет - правни студии
- најмалку 2 години работно искуство во струката
- Комуникативност, аналитичност, креативност
- познавање на работа со компјутери
Плата: 22.351,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок
16. Виш соработник за изготвување на Буџет и буџетска политика, Одделение за Буџет и буџетска политика, Сектор за буџети и фондови (3)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС - економски факултет
- најмалку 2 години работно искуство во струката
- работа со компјутери
- одлични интерперсонални вештини
- знаење на англиски јазик
- одлична усмена и писмена комуникација
Плата: 22.351,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок
17. Виш соработник за работи непосредно поврзани со министерот, Одделение за работи непосредно поврзани со министерот, заменикот на министерот и државниот секретар, Сектор - Кабинет на министерот (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС - општестевени науки, бизнис, право или социјала
- најмалку 2 години работно искуство во струката
- активно користење на англиски јазик
- активно користење на персонален компјутер (MS Office, Open Office, Lotus, etc.)
- добри менаџерски вештини
- комуникативност, доверливост
Плата: 22.351,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок
18. Соработник за управување со побарувања, Одделение за управување со средства, Сектор за второстепена управна постапка, управни спорови и наплата на побарувања (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС - економски факултет или правен факултет-правни студии
- најмалку 1 година работно искуство во струката
- познавање на англиски јазик
- работа со компјутери
- креативност, комуникативност
Плата: 21.625,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок
19. Соработник за следење и функционално одржување на системот за управување со зградата – БМС, Одделение за следење, контрола и одржување на имотот на Министерството за финансии, Сектор за правни работи (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС - машински факултет или електротехнички факултет
- најмалку 1 година работно искуство во струката
- познавање на англиски јазик
- комуникативност, доверливост
- способност за тимска работа
- познавање на компјутери (Word, Excel, Power Point и др)
Плата: 21.625,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок
20. Помлад соработник за капитално буџетирање, Одделение за развојно буџетирање, Сектор за буџети и фондови (8)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС - економски факултет
- без работно искуство
- работа со компјутери
- одлични интерперсонални вештини
- знаење на англиски јазик
- одлична усмена и писмена комуникација
Плата: 20.170,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок
21. Помлад соработник за нормативно правни работи, Одделение за нормативно правни и административни работи, Сектор за правни работи (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС - правни студии
- без работно искуство
- активно користење на англиски јазик
- активно користење на персонален компјутер (MS Office, Open Office, Lotus, etc.)
- способност за тимска работа
- комуникативност, доверливост
Плата: 20.170,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок
22. Раководител на сектор за финансиска инспекција во јавниот сектор – Главен инспектор (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или 300 ЕКТС - економски или правен факултет
- најмалку 5 години работно искуство во областа на финансиите и внатрешната и надворешна ревизија, од кои 2 години во државна служба
- да поседува меѓународно признат сертификат за работа со компјутерски програми за канцелариско работење и тоа еден од следниве: 1) Certiport: IC3 GS4 Key Applications – положен; 2) Microsoft: MOS Word или MOS Excell – положен или 3) ECDL: Core – положен;
- да има добиено позитивно мислење за соодветност за работното место преку полагање на психолошки тест и тест за интегритет во Агенција за администрација
- да има лиценца за инспектор од областа на надлежност на инспекциската служба;
- одлични организациски вештини
- познавање на англиски или друг светски јазик;
- комуникациски вештини;
- одлични интерперсонални и насочувачки вештини
- одлични организациски вештини
Плата: 58.087,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок
23. Советник – инспектор за финансиска инспекција на корисниците на средства од Буџетот на Република Македонија, фондовите, агенциите и другите институции основани со закон, Сектор за финансиска инспекција во јавниот сектор (2)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 240 ЕКТС - економски или правен факултет
- најмалку 5 години работно искуство во областа на финансиите и внатрешната и надворешна ревизија
- да поседува меѓународно признат сертификат за работа со компјутерски програми за канцелариско работење и тоа еден од следниве: 1) Certiport: IC3 GS4 Key Applications – положен; 2) Microsoft: MOS Word или MOS Excell – положен или 3) ECDL: Core – положен;
- да има добиено позитивно мислење за соодветност за работното место преку полагање на психолошки тест и тест за интегритет во Агенција за администрација;
- да има лиценца за инспектор од областа на надлежност на инспекциската служба
- одлични организациски вештини
- познавање на англиски или друг светски јазик
- комуникациски вештини
- одлични интерперсонални и насочувачки вештини
- одлични организациски вештини
Плата: 34.523,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок
Покрај горнаведените посебни услови, предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на Министерство за финансии заинтетресираните кандидати треба да ги исполнуват и општите услови за вработување на државни службеници, предвидени во членот 13 став (2) од Законот за државни службеници.
Рокот за доставување на пријавите изнесува (5) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавувањето). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Заинтересираните кандидати можат да поднесат ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ДРЖАВЕН СЛУЖБЕНИК (Јавен Оглас), во писмена форма преку писарницата на Агенцијата, по пошта на адреса Агенција за администрација Ул. Јуриј Гагарин бр. 15 - Комисија за селекција на јавен службеник (со назнака за оглас број 176/2014) или во електронска форма преку интернет локацијата на Агенцијата за администрација http://prijava.aa.mk.
Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавите доставени преку пошта, треба да бидат примени во писарницата на Агенцијата најдоцна до денот на завршување на рокот за пријавување на јавниот оглас. Ненавремените и некомплетно пополнети пријави нема да се разгледуваат.
Уредно пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на испитот за државен службеник и за достапноста на материјалите за подготовка на кадидатите за полагање на испитот. По полагањето на испитот за државен службеник со петте најуспешни кандидати за секое работно место, односно извршител, се спроведува структуирано интервју во рок од седум дена по полагањето на испитот во органот за чии потреби е објавен јавниот оглас. Врз основа на резултатите од образованието, од испитот и интервјуто, Комисијата за селекција објавува ранг-листа на тројцата најуспешни кандидати кои во рок од пет дена се тестираат со единствен психолошки тест со аспекти на интегритетот на личноста на кандидатот, односно може да се тестираат со тест батерија составена од психолошки тест и тест за интегритет, а трошоците за тестирањето паѓаат на товар на кандидатот
Образецот на пријавата е објавен во “Службен весник на Република Македонија” број 13/2011 ина интернет локацијата http://aa.mk.
Напомена: За работно место бр.22 и бр.23 за лиценцата за инспектор од областа на надлежност на инспекциската служба има одложена примена до денот на организирање на првиот испит за стекнување на лиценца за инспектор.