СДСМ Јегуновце

СДСМ Јегуновце Општинска Организација на СДСМ - Јегуновце

28/04/2026

ВМРО-ОКГ се во паника штом ангажираната „Black Cube” фабрикува афери преку Алфа❗️

▫️Знаеме дека поддршката на ВМРО-ОКГ е драматично падната, над 150.000 гласа. Но, она што секојдневно го гледаме е показател дека ВМРО-ОКГ се во страшна паника.

Не им е доволна целата мрежа на Орбановите медиуми, не им се доволни секојдневните црни кампањи, јавниот линч, измислиците и навредите за претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Зграда од 42 ката, Дубаи, визи, Венеција, Сент Мориц, д-р Жан, што ли не измислија и не им помина.

👉 Затоа, како што најавиме ја ангажираа „Black cube“, приватна разузнавачка компанија (прватен Мосад), за нови валкани операции како што е денешната објава на Алфа Телевизија.

И повторно златни визи.

Бадијала ви се „Black Cube“, фабрикувани афери, измислици, валканици.

Граѓаните ви ги прочитаа сите лаги. Не ви поминува дефокусот од катастрофата во економијата, закочениот европски пат, криминалните тендери.

А што се однесува до визите.

Детали за издавање виза за граѓаните на Македонија можете да најдете на веб-страницата на амбасадата на ОАЕ, но бугарски пасоши во Белата палата или директно во Владата на Христијан Мицкоски.

20/04/2026

🎉 Среќен 35-ти роденден #СДСМ!

Поминаа неколку дена, а ни траг ни глас од институциите. Додека молкот трае, чаршиските муабети се сѐ погласни.Кој стои ...
17/04/2026

Поминаа неколку дена, а ни траг ни глас од институциите. Додека молкот трае, чаршиските муабети се сѐ погласни.
Кој стои зад демолирањето на штабот на СДСМ во Јегуновце? И зошто до ден-денес нема одговор?
Ова не е само вандализам – ова е директен напад врз демократскиот процес и политичкото делување. Уште поалармантно е што се случи токму на Велигден, ден кога се проповеда мир, почит и заедништво.
Молкот отвора сомнеж. Дали се штити некој? Дали некој свесно ја кочи истрагата? Или институциите едноставно немаат капацитет да го расчистат случајот?
Граѓаните заслужуваат одговори. Не шпекулации, не муабети – туку факти и одговорност.
Бараме итна, транспарентна и ефикасна истрага. Секој ден одложување само ја продлабочува недовербата и остава простор за сомнежи.
Државата мора да покаже дека законот важи за сите. Во спротивно, ваквите инциденти ќе станат правило, а не исклучок.
Време е институциите да проговорат.

Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme

На најголемиот христијански празник – Велигден, ден на мир, љубов и простување, во Јегуновце беше демолиран штабот на СД...
13/04/2026

На најголемиот христијански празник – Велигден, ден на мир, љубов и простување, во Јегуновце беше демолиран штабот на СДСМ.

Овој чин не претставува само напад врз СДСМ, туку и врз основните демократски вредности, различното мислење и соживотот во заедницата.

Каква порака се испраќа до граѓаните кога на ден на воскресение и надеж се случуваат вакви дела на вандализам? Дали ова е општеството во кое сакаме да живееме?

Остро го осудуваме овој вандалски чин и повикуваме на разум, смиреност и меѓусебна почит. Јегуновце мора да остане место на мир и заедништво, а не на поделби и омраза.

@Панче Тошковски
Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme

Христос воскресна
12/04/2026

Христос воскресна

Честит Велигден! За многу години!

27/03/2026
10/03/2026

Address

Jegunovce
1215

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when СДСМ Јегуновце posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to СДСМ Јегуновце:

Share