05/07/2025
СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА
Ги известуваме граѓаните дека екипи на Јавното претпријатие Јегуновце се на терен и активно работат на откривање на диви приклучоци и неправилности на општинската водоводната мрежа.
Се постапува крак по крак, со цел да се обезбеди правична и безбедна испорака на вода за пиење до сите корисници.
Воедно, ги повикуваме граѓаните на рационално користење на водата за пиење, особено во овој летен период кога потрошувачката значително се зголемува. Водата е заеднички ресурс и нејзиното одговорно користење е од суштинско значење за секојдневното снабдување.
Вода за секој има – потребно е да има склучен договор со општинското Јавното претпријатие.
Само со уреден правен однос можеме да обезбедиме фер и континуирано снабдување за сите.
Ве молиме за разбирање и соработка додека траат теренските активности.