Движење ЗНАМ За Наша Македонија - Гостивар

Движење ЗНАМ За Наша Македонија - Гостивар Движење ЗНАМ За Наша Македонија - Гостивар.

29/05/2026

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ

Димитриевски: Необољшевици го водат СДСМ кои се обидуваат своите внатрешни проблеми да ги рефокусираат кај конкурентните партии

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, во интервју за Фокус порача дека СДСМ продолжува со старата матрица на политички спинови, обиди за дефокус и конструкции насочени кон дискредитација на политичките конкуренти, наместо соочување со сопствените слабости и внатрешна криза.

„Сите овие приказни што периодично се пуштаат во јавноста дека некој бил незадоволен или маргинализиран се дел од старата матрица на политичкиот спин, поттикната од необољшевиците што сега го водат СДСМ и се обидуваат своите внатрешни проблеми да ги рефокусираат кај конкурентните партии“ - истакна Димитриевски.

Тој потенцира дека ЗНАМ останува стабилен политички субјект со сопствен интегритет, јасна визија и јасни црвени линии, кој не функционира како привезок на било чија политика, туку како автентично движење кое гради нов политички концепт во Македонија.

Во однос на прашањето за уставните измени и внесувањето на Бугарите во Уставот, Димитриевски повтори дека ЗНАМ нема да поддржи решенија под диктат и под постојани нови условувања.

„Ако воопшто се отвора Уставот, тоа мора да биде резултат на јасен внатрешен консензус и реални, проверливи гаранции за националните и државните интереси и врз база на реципроцитет. Без тоа, секое инсистирање е само продолжување на политичка несигурност и постојано поместување на условите“ - нагласи претседателот на ЗНАМ.

Димитриевски порача дека пратениците на ЗНАМ ќе одлучуваат исклучиво согласно националниот и државниот интерес, Уставот и програмските принципи на движењето, без калкулации и без отстапување под политички притисоци.

Движењето ЗНАМ продолжува со својата мисија насочена кон градење стабилна држава, силни институции и политики што се во интерес на граѓаните, со доследност кон своите принципи и визија за модерна и праведна Македонија, посветено на реални решенија и долгорочен раст и развој на државата.

Центар за комуникации и аналитика

18/05/2026
13/05/2026

Димитриевски: ЗНАМ останува доследен на реформите, стабилноста и враќањето на довербата во институциите

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, во гостувањето во Дневникот на Сител ТВ порача дека државата мора да влезе во суштински процес на реформирање на институциите, враќање на правната сигурност и градење систем во кој граѓаните повторно ќе имаат доверба, но потенцираше дека станува збор за долг и сложен процес, бидејќи, како што рече, нефункционалниот систем се создавал и одржувал со децении.

„Ние не сакаме да ги практикуваме методите од минатото и да вршиме политички притисоци врз судството и обвинителството. Нашата определба е институциите да бидат независни, професионални и да работат исклучиво согласно законите и интересите на граѓаните. Потребно е време за да се демонтира систем кој со години бил поставуван на погрешни основи, но важно е што процесот е започнат и што постои јасна политичка волја за вистински промени“ - истакна Димитриевски.

Претседателот на ЗНАМ нагласи дека движењето останува стабилен, одговорен и конструктивен партнер во Владата, изразувајќи задоволство од работата на министрите од редовите на ЗНАМ и посочи дека токму во ресорите јавна администрација и правда се подготвуваат и отпочнуваат значајни реформски процеси кои се дел и од европската реформска агенда на државата.

„Нашите министри не работат за дневнополитички маркетинг и краткорочен ефект. Работат на суштински, системски и стратешки реформи кои треба да обезбедат функционална администрација, ефикасна правда и институции што ќе им служат на граѓаните. Резултатите од тие процеси ќе бидат видливи во периодот што следува“ - посочи Димитриевски.

Осврнувајќи се на можноста за предвремени парламентарни избори, Димитриевски оцени дека во овој момент на Македонија и се потребни политичка стабилност, институционална функционалност и целосен фокус кон економијата, инвестициите и реалните потреби на граѓаните.

„Дали ќе бидат изборите следната година, редовни или утре, ние сме подготвени активно да учествуваме, бидејќи тоа претставува контрола и проверка за нас како нов политички субјект - како се движиме на политичкиот простор и колку сме реализирале од она што сме го ветиле пред граѓаните. Ние немавме голем број ветувања на претходните парламентарни избори и сè уште исклучиво се држиме до сите наши ветувања. Но, потребно е прагматично да се анализира што државата би добила, а што би изгубила со евентуални предвремени избори“ - порача претседателот на ЗНАМ.

Центар за комуникации и аналитика

12/05/2026
Денес со тишина, почит и неизмерна благодарност се потсетуваме на хероите кои на 9 и 10 мај 2015 година ги положија свои...
09/05/2026

Денес со тишина, почит и неизмерна благодарност се потсетуваме на хероите кои на 9 и 10 мај 2015 година ги положија своите животи во служба на татковината. Нивната жртва останува врежана како сведоштво за храброст, чест и безрезервна посветеност кон Македонија и нејзините граѓани.

Годините минуваат, но болката и споменот не избледуваат. Обврска на сите нас е да го чуваме нивното дело од заборав и да продолжиме да градиме општество засновано на мир, сигурност, единство и меѓусебна почит.

Со длабок поклон им оддаваме чест на загинатите припадници на безбедносните сили и испраќаме искрена поддршка и благодарност до нивните семејства, кои ја понесоа најтешката жртва.

Нека нивната храброст вечно живее во нашата меморија.

Вечна слава на македонските херои!

06/05/2026

Димитриевски: Заминувањето на Цеков е негова лична одлука, но мандатот им припаѓа на граѓаните

Во гостување во емисијата Топ Тема на Телма ТВ, претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, се осврна на заминувањето на пратеникот Миле Цеков, оценувајќи дека станува збор за личен чин кој не ја нарушува стабилноста на партијата.

Тој посочи дека оддалечувањето на Цеков било процес кој подолго време бил видлив, нагласувајќи дека ваквиот исход не е изненадување.

„Пратеникот Цеков веќе подолго време не учествуваше во работењето ниту на Централниот, ниту на Извршниот одбор. Беше евидентно дека нешто се случува. Тој не е исклучен од партијата - ЗНАМ не исклучува свои членови, камоли пратеници. Ја донесе оваа одлука и слободен му е патот, секој со свој крст. Но, доколку имате минимум политичка и морална одговорност, треба да го вратите мандатот на граѓаните. Ова е реприза од минатото, но многу е побитен моментот кои се мотивите. Струмичката јавност најдобро го знае тоа.“ - истакна Димитриевски.

Во однос на причините за ваквиот потег, Димитриевски укажа на промена на политичките ставови и отстапување од партиските позиции, поврзувајќи го тоа и со прашањето на политичката одговорност и принципи.

„Гледаме рапидна промена на ставови, вклучително и поддршка на предлози кои никогаш не биле разгледувани во рамки на партијата. Тоа остава простор дека имало намера. Дали е така, времето ќе покаже. Во ЗНАМ нема и нема да има простор за локални шерифи и злоупотреба на функциите, а токму затоа и очекуваме одговорност - мандатот да се врати таму каде што припаѓа“ - нагласи тој.

Осврнувајќи се на поширокиот политички контекст, Димитриевски повтори дека ставовите на партијата се јасни и непроменети.

„Нашите позиции се јасни, македонски идентитет, јазик, историја и европска интеграција со заштита на националните позиции, вклучително и пристапот кон уставните прашања. Господинот Цеков излезе со дијаметрално спротивни ставови и тука е суштинското разидување.“ - истакна Димитриевски.

ЗНАМ останува цврсто на своите принципи и политички определби, со јасен фокус на одговорно политичко делување, доследност кон ветеното и почитување на довербата дадена од граѓаните.

05/05/2026

Димитриевски: Што договарале Пендаровски, Ковачевски, Ахмети и Груби за Груевски

Скопје, 05 мај 2026

Претседателот на Движењето ЗНАМ и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, во своето гостување во „Топ Тема“ на Телма ја отвори темата која, како што посочи, со години останува без јасни одговори и е обвиена со политички молк, дилеми и недоследности околу процесите поврзани со екстрадицијата на Никола Груевски.

Во јавноста, наместо целосна транспарентност и институционална доследност, со години се менуваат ставови, се оставаат недоречени ситуации и се отвора простор за сомнежи околу начинот на кој се воделе клучни политичко-правни процеси.

Се поставува прашањето дали во кабинетот на поранешниот претседател Стево Пендаровски, во присуство на Димитар Ковачевски, Али Ахмети, Артан Груби и други претставници на СДСМ се разговарало за сценарија поврзани со враќањето на Никола Груевски во Република Македонија во замена за негова амнестија. И дали постојат записи или стенограми од тие средби, кои се кријат од јавноста? Дали помеѓу СДСМ и ДУИ постоеле политички договори за законски измени во Кривичниот законик, по барање на Груевски? Дали сето тоа е нотирано на фамозното УСБ стикче кое патувало на релација Будимпешта-Скопје?

Дополнително, останува отворено прашањето за самото заминување на Груевски од државата и дали за тој институционален пропуст е утврдена конкретна одговорност, имајќи ги предвид тогашните надлежности на властите предводени од СДСМ.

Според ставовите што ги изнесе Димитриевски, наместо целосно расчистување, јавноста со години сведочи на политички дефокус, обвинувања и недоречени објаснувања, додека суштинските прашања остануваат без конечен одговор.

ЗНАМ не прифаќа политика на фиоки, ниту правда што се темели на селективност. Доколку постојат материјали, тие не смеат да останат затворени. Вистината не е сопственост на поединци, туку право на граѓаните.

Центар за комуникации и аналитика

123 години од смртта на великанот Гоце Делчев.И ден, денес должни сме да ја продолжиме неговата идеологија.Вечна слава с...
04/05/2026

123 години од смртта на великанот Гоце Делчев.

И ден, денес должни сме да ја продолжиме неговата идеологија.

Вечна слава сакале!

01/05/2026

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ
Движење ЗНАМ за Наша Македонија

Подолг период беше јасно дека пратеникот Миле Цеков политички и вредносно се оддалечува од принципите, програмските определби и државотворната визија на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија.
Затоа, неговата одлука да ја напушти пратеничката група и да делува како независен пратеник не претставува изненадување.

Движењето ЗНАМ е создадено врз јасни принципи кои се темелат на чесност, одговорност, заштита на македонските национални интереси и борба за достоинствена и суверена Македонија.
Тоа не се вредности од кои отстапуваме зависно од политичкиот момент, личните амбиции или дневнополитичките пресметки.

Оттука, неговите обиди денес да се претставува како симбол на принципиелност, а притоа претходно да застапува позиции спротивни на државните и националните црвени линии, се крајно несериозни и неубедливи пред граѓаните.

За човек кој јавно се залагаше за внесување на Бугарите во Уставот, природно е што повеќе не се препознава во политиките на Движењето ЗНАМ.

Причините за оваа одлука се лично негови.

Дали станува збор за политички калкулации, клиентелизам или нешто друго, ќе покаже времето.

Но, Движењето ЗНАМ нема да отстапи од својата мисија и од довербата што ја доби од народот.

На господинот Цеков му посакуваме успех во неговото понатамошно политичко делување како независен пратеник.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија останува цврсто определено кон политиките на национално достоинство, стабилност, реформи и силна македонска држава.

Центар за комуникации и аналитика

29/04/2026

Address

Улица Беличица бр. 21
Gostivar
1230

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Движење ЗНАМ За Наша Македонија - Гостивар posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share