Левица - Гостивар

Левица - Гостивар Официјална ФБ страна на Локален Огранок - Гостивар

04/05/2026
03/03/2026

🚨Слагата од Русино се слева како поток и ја загадува почвата🚨

Од депонијата Русино се слева слага, темна и токсична течност што настанува кога дождот поминува низ отпадот и ги собира штетните материи од него. Наместо да биде соодветно собрана и третирана, таа тече надвор од депонијата и директно се впива во почвата.

Ова не е изолиран инцидент, туку резултат на години негрижа и отсуство на вистинска контрола. Кога слагата се впива во земјата, постои сериозен ризик од загадување на подземните води и на обработливите површини во околината.

ЛО-Левица Гостивар остро реагира на оваа состојба и бара итна институционална одговорност. Не може депонијата да се однесува како отворена рана, а локалната власт да молчи.

За што ги гласавте советниците ако денес гледаме ваква слика. Дали за да седат и да молчат, или за да обезбедат решение и заштита на здравјето на граѓаните.

Советниците од редовите на ДПМНЕ и СДСМ со години се менуваат, но проблемот со Русино останува. Ветувања има, резултати нема.

Ова не е партиска тема. Ова е прашање на почва, вода и храна. Ова е прашање на здравјето на секое семејство.

Бараме јавно објавување на анализи, целосна контрола на депонијата и конкретен план со јасни рокови за трајно решавање на проблемот. Време е за одговорност.

👇
12/02/2026

👇

ДАФИНА СТОЈАНОСКА ИТНО ДА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА - ПРАТЕНИЧКАТА ФУНКЦИЈА Е СОСЕМА СПРОТИВНО ОД ОВА ШТО ТАА ГО ДЕМОНСТРИРА

#Левица бара итна оставка од пратеничката од редовите на ДПМНЕ, Дафина Стојаноска од гостиварско, која очигледно и веќе во неколку наврати не ја разбира функцијата која ја обавува и мандатот кој и е доверен од граѓаните. Објавувањето снимка во која се појавуваат малолетните деца на претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија претставува особено тежок морален и институционален пад за носител на јавна функција. Кога пратеник свесно користи материјал произлезен од следење на синдикален претставник и тоа го пласира во јавноста како средство за дискредитација, станува збор за злоупотреба на мандатот и грубо деградирање на парламентарната функција.

📌 Пратеник е носител на народен суверенитет, лице на кое граѓаните му ја доверуваат законодавната моќ со обврска да постапува разумно, одговорно и во јавен интерес. Мандатот не е привилегија за демонстрација на сила, туку обврска за заштита на достоинството на граѓаните и на демократскиот поредок. Кога некој ја користи функцијата за таргетирање поединци, за вовлекување семејства и деца во политички пресметки и поттикнување атмосфера на заплашување, тој престанува да ја остварува суштината на пратеничката улога и ја сведува функцијата во параван за партиска агресија.

‼️Наместо извинување и повлекување, денес гледаме дополнителна вмровска дрскост! Ем шуто, ем боде. По извршениот чин, се обидуваат да ја релативизираат одговорноста и да глумат жртви, навредувајќи ја интелигенцијата на народот.

👉Дафина Стојаноска, пратеничка која години наназад е симбол на политичка привилегираност, која цел круг на фамилија го има вдомено во државните институции, со шест стана, меѓу кои и четири во Скопје, а сепак со енормни патни трошоци кои ги наплатува од државната каса – денес си дозволува да таргетира синдикалист кој бара повисоки плати за работниците! Токму тој јаз меѓу комфорот на отуѓената вмровска елита и секојдневната борба на граѓаните ја разголува суштината на проблемот - привилегирана класа која паразитира од јавни средства, а се пресметува со оние што бараат достоинствен живот.

‼️Токму затоа, нејзината одлука да таргетира синдикален лидер кој се бори за повисоки работнички плати ја прави уште понедостојна за функцијата. Таа не ги брани интересите на граѓаните, туку активно учествува во кампања против нивното организирање.
Нема никакво оправдување за објавените снимки од малолетни деца во нејзината налудничава пресметка. Нема никакво оправдување за користење илегално снимени материјали кои очигледно произлегуваат од организирано демнење и следење. Нема никакво оправдување за вакво однесување од носител на јавна функција, кое ги помина сите граници на пристојноста и е чисто кривично дело!

⚠️Пратеник кој свесно ги преминува границите на приватност, пристојност и интима - очигледно не си ја разбира обврската како народен претставник, па не ни заслужува да седи во законодавниот дом. Пратеничката функција треба да е сосема спротивно од ова што го демонстрира Дафина Стојаноска!

Оставката на Дафина Стојаноска е чин што барем минимално би го ублажил овој скандал и срам за Собранието.

255 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗА ПРАТЕНИЧКАТА ДАФИНА СТОЈАНОВСКА ОД ГОСТИВАР – МИНИМАЛЕЦ ЗА НАРОДОТ, ПРИВИЛЕГИИ ЗА ФУН...
14/01/2026

255 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗА ПРАТЕНИЧКАТА ДАФИНА СТОЈАНОВСКА ОД ГОСТИВАР – МИНИМАЛЕЦ ЗА НАРОДОТ, ПРИВИЛЕГИИ ЗА ФУНКЦИОНЕРИТЕ

📌Во држава каде што минималната плата едвај обезбедува основно преживување, а секоја социјална мерка се правда со „нема пари“, пратеничката од Гостивар од редовите на ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, само во 2025 година инкасирала 255.111 денари за патни трошоци. Ова не е изолиран случај, туку јасен пример за изопачен систем на приоритети во кој удобноста на функционерите секогаш е на прво место.

📣Со овие пари можело да се помогнат семејства што живеат на работ на сиромаштија, да се субвенционира превоз за ученици и студенти од Гостивар, да се покријат трошоци за лекови за хронично болни или да се инвестира во јавни услуги што секојдневно недостигаат.
👉Наместо тоа, над 21 илјада денари месечно завршуваат како дополнителен личен приход, речиси 11 минимални плати за една година.

‼️Апсурдот е уште поголем ако се знае дека истата оваа власт одбива да финансира социјални политики од суштинско значење. Нема пари за студентски превоз, нема пари за социјални станови, нема пари за ранливите категории, но секогаш има за патни надоместоци, кирии и бенефиции за пратеници.

🚌Додека младите од Гостивар сами си го плаќаат патот за образование, а работниците се борат со инфлацијата, пратениците на ДПМНЕ без срам ги наплаќаат своите километри од државната каса.

❌Буџетот не служи за граѓаните, туку како алатка за заштита на привилегираните. За елитата има пари, за народот има изговори.

⚠️Во ваков систем на двојни стандарди, принципиелноста е јасна линија на поделба. #Левица останува единствената парламентарна партија чии пратеници не земаат ниту денар за патни трошоци, кирии или други скриени бенефиции.

⛔️Додека ДПМНЕ зборува за чесност и одговорност, нивните пратеници практикуваат спротивно. А цената секогаш ја плаќа народот.

Дамјан Груев не беше само револуционер. Тој беше совест, визија и организација на македонската борба за слобода. Во врем...
23/12/2025

Дамјан Груев не беше само револуционер. Тој беше совест, визија и организација на македонската борба за слобода. Во време кога стравот беше секојдневие, а неправдата систем, тој ја избра најтешката улога да биде учител на народот и архитект на отпорот. Не зборуваше многу за херојство, туку работеше тивко, упорно и со јасна цел слободна и достоинствена Македонија.

Како еден од основачите и идеолозите на ВМРО, Дамјан Груев ја сфати суштината на борбата подобро од многумина. Знаеше дека слободата не се добива преку празни зборови, туку преку организиран народ, свесен за својата сила и својата жртва. Неговата визија не беше лична слава, туку колективна слобода. Затоа остана меѓу народот, со народот и за народот до самиот крај.

Илинденското востание не беше случајност, туку резултат на години мисла, подготовка и вера дека Македонија има право на сопствена иднина. Дамјан Груев веруваше во автономијата како чекор кон достоинство, а не како компромис. Веруваше во образованието како оружје и во организацијата како темел на секоја промена.

На 23 декември 1906 година, тој го даде својот живот во борба, но не и својата идеја. Таа преживеа, бидејќи идеите што се раѓаат од правда не умираат. Денес, кога слободата често се зема здраво за готово, името Дамјан Груев нè потсетува дека ништо не е подарено и дека секоја генерација има обврска да ја чува, брани и надградува.

Сеќавањето на Дамјан Груев не е формалност. Тоа е потсетник дека достоинството се освојува, дека тишината пред неправдата е соучесништво и дека борбата за праведно општество никогаш не завршува.

09/12/2025
🇲🇰 18 Ноември Денот кога Гостивар ја избори слободатаДенес го одбележуваме 18 Ноември, денот кога нашиот Гостивар беше о...
18/11/2025

🇲🇰 18 Ноември Денот кога Гостивар ја избори слободата

Денес го одбележуваме 18 Ноември, денот кога нашиот Гостивар беше ослободен и кога храбрите борци ја запишаа најсветлата страница во историјата на градот. Нивната жртва е темелот на слободата што ја уживаме денес.

Делегација од Левица предводена од Никола Исаковски, носител на листа и воедно заменик модератор на Левица Гостивар, положи цвеќе и оддаде почит на паднатите херои. Со овој чин ја изразуваме нашата длабока благодарност и почит кон антифашистичката борба и кон идеалите за слободна и праведна татковина.

Гостивар е град со силен дух, град што памети и никогаш не ја заборава жртвата на своите борци. Левица Гостивар ќе продолжи да го брани достоинството на народот и да ја чува вистината за антифашистичката традиција на нашиот град.

Вечна слава на борците
Честит 18 Ноември Денот на ослободувањето на Гостивар 🇲🇰

31/10/2025

Порака до неопределените 🇲🇰✊

Мециновиќ: Сега е шанса да си избереме нова судбина

Ве повикувам сите неопределени, ова е историска шанса масовно да си одредиме нова судбина! – истакна денеска во гостување во Тешки муабети на Инфомакс кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ.

– Јас растев со СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, јас видов многу тага и агонија и неправда, тоа веројатно најмногу го чувствувале неопределените кои се резигнирани. Оваа кандидатура е можност да избереме нешто што е надвор од рамките на она што го имаме 30 години. Првпат луѓе кои размислуваат поинаку се одважија и со нивните гласови сме во вториот круг, сега е на вас, вие можете во вториот круг да ја пресудите судбината во која живееме. Секои следни избори веќе нема да ве лажат дека глас даден за трета опција е залудно даден глас. Мојот повик е масовно да излезете во недела и да го искажете својот револт, вреди да се проба, победата ќе биде натпартиска и мандатот ќе биде натпартиски, порача Мециновиќ.

ЗАОКРУЖИ БРОЈ 6! ЗА АМАР!
31/10/2025

ЗАОКРУЖИ БРОЈ 6!
ЗА АМАР!

💜Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Град Скопје:

„Ве повикувам сите неопределени, ова е историска шанса масовно да си одредиме нова судбина!

Јас растев со СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, јас видов многу тага и агонија и неправда, тоа веројатно најмногу го чувствувале неопределените кои се резигнирани.

Оваа кандидатура е можност да избереме нешто што е надвор од рамките на она што го имаме 30 години. Првпат луѓе кои размислуваат поинаку се одважија и со нивните гласови сме во вториот круг, сега е на вас, вие можете во вториот круг да ја пресудите судбината во која живееме. Секои следни избори веќе нема да ве лажат дека глас даден за трета опција е залудно даден глас.

Мојот повик е масовно да излезете во недела и да го искажете својот револт, вреди да се проба, победата ќе биде натпартиска и мандатот ќе биде натпартиски”

#СкопјеСЕГА
#Заокружи6

Address

Svetozar Peposki 10
Gostivar
1230

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Левица - Гостивар posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Левица - Гостивар:

Share