Библиотека "Гоце Делчев"-Гевгелија

Библиотека "Гоце Делчев"-Гевгелија Официјална страна на ЈОУ Библиотека "Гоце Делчев" - Гевгелија

Во четврток, 26.03.2026 во хотел „Аполонија“ со почеток во 19 часот беше промовирана книгата „Калиграфи на филмското пис...
28/03/2026

Во четврток, 26.03.2026 во хотел „Аполонија“ со почеток во 19 часот беше промовирана книгата „Калиграфи на филмското писмо“ од филмскиот критичар и писател Влатко Галевски.
Промотор беше проф. д-р Александар Прокопиев.
Настанот го отвори Стефан Марковски, директор на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“, поздравувајќи го објавувањето на оваа книга, не само затоа што станува збор за ретко издание во историјата на македонската филмологија и филмско-критичка литература воопшто, туку и заради автентичноста и деталноста во обработката на цели творечки опуси, вкупно 12 на број.
Промоторот Александар Прокопиев, анализирајќи го долгогодишното творештво на Галевски во доменот на филмската критика и есеистика, забележа дека во книгата е направена дистинкција меѓу филмските уметници и занаетчиите на филмот. Воедно, авторот востановил еквиваленција меѓу секој од дванаесетте избрани режисери и мајсторите во традиционалните занаети, кои се суверени во своето владеење. На пример, кога Ингмар Бергман би бил занаетчија, тој би бил бунарџија заради ориентираноста кон премини кон подземното и несвесното, кон земјата и зависноста на (филмската) егзистенција од потрагата по нови изворишта. Бергман, копајќи во длабочината на човековата душа ги открива димензиите на духовноста со кои изобилува неговата филмска поетика.
Помеѓу другите обработени режисери има и ткајачи, чевлари, касапи, гобленарка итн., што зборува за индивидуалните димензии на „занаетската практика“ во филмот.
Авторот Галевски нагласи дека дванаесетте режисери кои се обработени во книгата (Вим Вендерс, Жак Тати, Рој Андерсон, Шантал Акерман, Ингмар Бергман, Ањес Варда, Андреј Тарковски, Бела Тар, Дејвид Линч, Акира Куросава, Ларс фон Трир и Аки Каурисмаки) во извесна смисла претставуваат личен избор; помеѓу мајсторите на филмската уметност не постојат суперлативи кои можат да нагласат едно име повеќе од другите, а филмската поетика на избраните имиња (со исклучок на Ларс фон Трир) е обединета од „спороста“, филозофско-психолошката димензионираност и автентичниот стилски печат на артхаус филмот.
На настанот публиката имаше прилика да проследи кратки извадоци од некои од филмовите на споменатите режисери, како „Седмиот печат“ (1957) на И. Бергман, „Сатанско танго“ (1994) на Бела Тар и „Playtime“ (1967) од Жак Тати.
Модератор на настанот беше Пепи Стамков.
Книгата „Калиграфи на филмското писмо“ од Влатко Галевски е во издание на Флип бук и има 248 страници.

25/03/2026

Во организација на Библиотеката „Гоце Делчев“ во Гевгелија, на 26 март ќе се промовира последното издание на филмскиот критичар Вл...

27/02/2026

Со нови и донирани книги обновен книжевниот фонд на библиотеката „Гоце Делчев“ во Гевгелија

Денес, 04.02.2026 во 12:00 часот во просториите на Библиотеката беше прославен патронатот и 154-годишнината од раѓањето ...
04/02/2026

Денес, 04.02.2026 во 12:00 часот во просториите на Библиотеката беше прославен патронатот и 154-годишнината од раѓањето на „апостолот и срцето на револуционерна Македонија“ и главниот идеолог на Македонската револуционерна организација, Гоце Делчев (1872-1903).

Со својот придонес кон освестувањето на народот за слободата, но и за континуираната борба која е неопходна за трасирањето на нејзиниот пат, Делчев со својот револуционерен, воедно и космополитски дух, влијаеше врз насоките и за нашето чекорење по овој пат во денешнината, вклучувајќи го и делот кој минува низ слободата на креативниот и културен израз.

Неслучајно е толку широк спектарот на книжевни, филсмки, музичко-сценски и ликовни дела посветени на неговиот живот и дело, будејќи ја во нас слободата која секој ја чувствува преку изразот на созданието, преку пишаниот збор, но и преку прочитаниот, кој го инспирира, облагородува, описменува и ослободува духот на секој поединец.

На настанот во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија од страна на директорот Марковски беа доделени признанија за читатели со најголем број прочитани наслови на Станка Трајкова, Софија Димитрова и Роберт Пеев.

Во настанот учествуваа учениците во СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија: Ѓорѓе Чанов, Елена Анчева, Ана Марија Ристова, Ана Стојковска и Марјан Стојковски, кои прочитаа книжевни извадоци поврзани со животописот на Делчев, под менторство на проф. Жаклина Атанасова.

23/12/2025

Сто и седумнаесет години од раѓањето на еден од најголемите современи македонски поети Коста Апостолов Солев Рацин Овој денешен напис на „Нова Македонија“ е еден...

Денес, со почеток во 12:30 часот во просториите на библиотеката, се прочитаа наградените творби на традиционалниот конку...
10/12/2025

Денес, со почеток во 12:30 часот во просториите на библиотеката, се прочитаа наградените творби на традиционалниот конкурс по повод „Месец на книгата“.
На настанот беа доделени дипломи на наградените ученици во основните училишта: Бојана Костиќ и Сандра Камчева од ООУ „Крсте Мисирков“ - Гевгелија, Александра Велкова од ООУ „Владо Кантарџиев“ - Гевгелија, Мила Миовска од ООУ „Ристо Шуклев“ - Негорци, како и дипломи на наградените ученици во СОУ „Јосиф Јосифовски“ - Гевгелија: Елена Анчева, Валентина Стојанова и Марија Ризова.
Ментори на наградените ученици беа професорите Жаклина Атанасова, Славица Маркова, Емилија Старделова, Мери Олумчева, Зорица Митреска и Жаклина Линкова.
Во име на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ - Гевгелија, директорот Стефан Марковски врачи и благодарници на менторите, како и на членовите на комисиите кои ги оценуваа творбите.

03/12/2025

По повод „Месец на книгата 2025“, ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија распиша конкурс за расказ и есеј на слободна тема за учениците од основните и средното училиште во општина Гервгелија којшто се одржа минатата недела во просториите на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија.
Ги соопштуваме резултатите од конкурсот за есеи и расказ на слободна тема.

Литературен конкурс за расказ на слободна тема за учениците од основното образование

Комисијата во состав од: проф. Славица Маркова, проф. Бисерка Макревска, проф. Жаклина Атанасова и проф. Тања Чугунцалиева ја донесоа следнава одлука:

Прва награда освои расказот „Третиот глас“ од Бојана Костиќ, под менторство на Емилија Старделова од ООУ „Крсте Мисирков“ - Гевгелија
Втора награда освои расказот „Срцето што тивко лае“ од Сандра Камчева, под менторство на Мери Олумчева од ООУ „Крсте Мисирков“ – Гевгелија
Трета награда освои расказот „Сонцето и Месечината“ од Александра Велкова, под менторство на Зорица Митреска од ООУ „Владо Кантарџиев“ – Гевгелија и расказот „Пирамида на пријателството“ од Мила Миовска, под менторство на Жаклина Линкова од ООУ „Ристо Шуклев“ – Негорци

Литературен конкурс за есеј на слободна тема за учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија

Комисијата во состав од: проф. Жаклина Линкова, м-р по психолошки науки и проф. Мери Олумчева и проф. Маја Танова ја донесоа следнава одлука:

Прва награда освои есејот „Правата на жените – остварени или не?“ од Елена Анчева, под менторство на Жаклина Атанасова од СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија
Втора награда освои есејот „Тежината на молкот – кога молчењето кажува повеќе од зборовите“ од Валентина Стојанова, под менторство на Жаклина Атанасова од СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија
Трета награда освои есејот „Јазикот на срцето“ од Марија Ризова, под менторство на Славица Маркова од СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија

ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ Гевгелија им честита на авторките на најдобро оценетите литературни творби и им посакува успех и натамошна инспирација ним и на сите кои учествуваа во овој традиционален конкурс.

Снимка од отворањето на третото издание на изложбата НарАРТива, во рамки на манифестацијата "Гевгелија - град на култура...
03/12/2025

Снимка од отворањето на третото издание на изложбата НарАРТива, во рамки на манифестацијата "Гевгелија - град на културата за 2025 година", на 27.11.2025.

Во рамки на манифестацијата „Гевгелија - град на културата за 2025 г.“ беше организирана изложбата „НарАРТива 2025“ од страна на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“...

ОБЈАВЕНО 12. ИЗДАНИЕ НА "МЕТРИЧКИ КАРВАН"Новото издание на "Метрички карван" вониздание на ЈОУ Библиотека "Гоце Делчев" ...
02/12/2025

ОБЈАВЕНО 12. ИЗДАНИЕ НА "МЕТРИЧКИ КАРВАН"

Новото издание на "Метрички карван" вониздание на ЈОУ Библиотека "Гоце Делчев" - Гевгелија ги поврзува роднокрајните гевгелиски поети со оние од неготинскиот крај, застапувајќи 17 авторски имиња (9 од гевгелискиот и 8 од неготинскиот крај) вклучувајќи ги и оние од постарата, но и од помладата генерација.

Како што пишува поетот Зоран Јакимоски во рецензијата кон изданието, "заради одредени причини, како што се мешањето на различни стилови, дискурс, мотивска разноликост и нееднаквата творечка зрелост, не постои можност да ги генерализираме впечатоците од стиховите на сите поети кои се поместени во оваа објава, но сепак паѓа во очи тоа што сите тие веќе поседуваат сенс (ова повеќе се однесува на оние од најмладата генерација) за структурирање на песната и изграден стих, што е мошне значајно за нивната понатамошна надградба. Мотивската разноликост се движи во дијапазонот од родољубиви, љубовни, па сè до оние теми кои бараат од авторите посериозен пристап, како што се оние на танатосот, јазичките теми, егзистенцијалните и некои други. Кај сите нив, постои силна претензија да бидат автентични и препознатливи но и еден занес предизвикан од восхитот од секојдневието и како резултат на тоа имаме поезија што ни носи возбуда и која се обидува да ги протолкува сите ситни животни радости, случувањата во природата, да им даде душа на предметите од нашето опкружување, дури и на оние најситните, како што е часовникот, да нè потсети на историскиот контекст во кој што е содржана смислата и суштината на нашата национална опстојба, со еден збор, поезија што е во тесна врска со културолошките состојби кај нас."

Address

Васо Карајанов бр. 1
Gevgelija
1480

Opening Hours

Monday 07:00 - 15:00
Tuesday 07:00 - 15:00
Wednesday 07:00 - 15:00
Thursday 07:00 - 15:00
Friday 07:00 - 15:00

Telephone

034/213-366

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Библиотека "Гоце Делчев"-Гевгелија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Библиотека "Гоце Делчев"-Гевгелија:

Share

Category