СДММ Гевгелија

СДММ Гевгелија Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from СДММ Гевгелија, Political organisation, Gevgelia.

Почна новата школска година во сите објекти на ЈОУГД ДЕТСКА РАДОСТ освен во објектот ЦВЕТОВИ.И после шест месеци од невр...
11/09/2026

Почна новата школска година во сите објекти на ЈОУГД ДЕТСКА РАДОСТ освен во објектот ЦВЕТОВИ.

И после шест месеци од невремето кога беше оштетен кровот на градинката, Општина Гевгелија и градинката не презедоа ништо да се санира и да биде безбедно најмалите да посетуваат градинка.
Ги преместија сите во објектот на Сончогледи и мислат дека е решен проблемот?

Родителите се изложени на поголеми гужви, на носење на децата од еден на друг крај од градот, на поголеми трошоци, а градоначалникот и директорката делуваат крајно незаитересирано да го стават објектот во функција.

За следната седница на Совет, советничката група на СДСМ ќе поднесе иницијатива за информација за состојбата на објектот Цветови.

По вчерашните родителски средби, каде родителите револтирани  реагираа и по реакција на СДСМ утрово стопирано е делењето...
11/09/2026

По вчерашните родителски средби, каде родителите револтирани реагираа и по реакција на СДСМ утрово стопирано е делењето на уплатници на родителите за уплата на сметка на однапред утврден економски оператор.

СДСМ како одговорна партија ќе го следи секој чекор на локалната власт кога се во прашање интересите на нашите сограѓани а особено нашите најмали и најмили со нивните родители.

❗️УШТЕ ЕДЕН ТРОШОК ЗА РОДИТЕЛИТЕ – НО ЗОШТО БАШ ВАКА?На средбата со родителите во ЈОУГД „Детска радост“, раководството г...
10/09/2026

❗️УШТЕ ЕДЕН ТРОШОК ЗА РОДИТЕЛИТЕ – НО ЗОШТО БАШ ВАКА?

На средбата со родителите во ЈОУГД „Детска радост“, раководството ги информирало дека родителите ќе добијат уплатница од 500 и 800 денари за училишен прибор, кој, според информациите, треба да биде набавен од Office Plus.

И тука се отвораат сосема оправдани прашања.

❓ Зошто родителите добиваат уплатница за нешто што самите треба да го платат?

❓ Зошто родителите се ограничуваат приборот да го набават токму од еден конкретен продавач?

❓ Дали секој родител има можност сам да избере каде и како ќе го набави потребниот прибор?

❓ И конечно – дали по зголемувањето на месечниот надомест за престој на децата, семејниот буџет треба да трпи уште еден дополнителен трошок?

Не зборуваме за 500 и 800 денари само како бројка. Зборуваме за принцип.

Родителите имаат право на слободен избор кога станува збор за нивните пари.

Ако се бара дополнителен трошок од родителите, тогаш јавноста заслужува да знае:

- Кој ја донел одлуката?
- Врз која основа?
- Зошто е избран токму тој продавач?
- Дали имало можност за избор и други понуди?
- И зошто повторно товарот паѓа врз родителите?

„Детска радост“ треба да биде место каде што приоритет се децата, а не место каде што родителите постојано добиваат нови финансиски обврски.

По покачувањето на месечниот надомест, сега и нови 500 и 800 денари.

Прашањето е едноставно: ДО КАДЕ ЌЕ ОДИ ТОВАРОТ ВРЗ РОДИТЕЛИТЕ?

#ДетскаРадост #Гевгелија #Транспарентност #Родители #ЈавностаПрашува

Има ли пилот во авионот? Во последен момент организаторот на фестивалот Taste the South најавува дека спротивно на најав...
09/09/2026

Има ли пилот во авионот?

Во последен момент организаторот на фестивалот Taste the South најавува дека спротивно на најавите на општина Гевгелија и Одлуката на Советот на општина Гевгелија дека овогодинешниот фестивал нема да се одржи на претходно утврдената локација кај Новиот градски пазар туку во просторот на Мега шопинг паркот.

Посебно треба да се забележи дека за разлика од првично најавената локација, Мега шопинг паркот е приватен објект. Односно, во последен момент, своеволно и спротивно на одлуката на Советот, организаторот на фестивалот (чие одржување е дебело платено од страна на граѓаните!) одлучил да ја промени локацијата на одржување и да го одржи настанот на локација во приватна сопственост!

Прашуваме: како тоа организаторот своеволно се дрзнал да постапи спротивно на обврзувачката правна Одлука на Советот на општина Гевгелија и да го претвори јавниот фестивал во приватна забава во приватен објект? Знае ли градоначалникот за тоа, како орган задолжен за извршување на одлуките на Советот и има ли намера да го спречи ваквото самоволие и расфрлање со јавните пари?

Како Сарамандов го умртвува централното градско подрачје во Гевгелија, задушувајќи ги фирмите и занаетите кои со децении...
09/09/2026

Како Сарамандов го умртвува централното градско подрачје во Гевгелија, задушувајќи ги фирмите и занаетите кои со децении работат и се препознатлив симбол на градот!?

Градоначалникот Сарамандов со години системски работи против интересите на трговските фирми лоцирани во централното градско подрачје? Објаснето во неколку чекори:

Како прво, воведе нефункционално зонско паркирање во центарот кое дејствува селективно и наместо да воведе ред, го опустоши градското јадро. Остана глув на сите повици на опозицијата, локалните бизниси, граѓаните. Гледа дека не оди вака, но гордоста му е преголема. Само тој си знае зошто.

Второ, две години трае обновата на старата градска чаршија. Но, бескрајното реновирање на чаршијата ги избрка муштериите, а тоа неминовно водеше и до ставање клуч на објектите. Во комбинација со безмилосното сечење на емблематичните дрва и гевгелиското сонце, ова беше силен удар за стопанствениците од центарот на градот.

Трето, со јавни пари го олесна отварањето на Мега шопинг молот на влезот во градот - каде фирмите имаат дозвола за работа и во недела и на празник - што доведе до пренасочување на капиталот од центарот на градот кон периферијата.

Последен чекор во низата е самоволието во последен момент да се префрли локацијата на фестивалот Taste the South од Новиот градски пазар кон Мега шопинг молот, со што повторно се изместува тежиштето на градот.

Затоа, не се прашувајте зошто градскиот центар е опустошен. Виновникот за тоа има име и презиме.

Вечерва на полнок ИСТОРИСКИ 101ден литар дизел.Премиерот ништо не превзема да го заштити стандардот на граѓаните.Сигурно...
07/09/2026

Вечерва на полнок ИСТОРИСКИ 101ден литар дизел.

Премиерот ништо не превзема да го заштити стандардот на граѓаните.

Сигурно сега со мислите е во ЕПСКИТЕ 5 милиони евра народни пари кој треба да се платат на караванот СИЛНО СВЕТНАЛ ДЕН!!
#новото #нормално

Kој го лаже министерот за транспорт и вицепремиер?Што е тоа реновирано на улиците Железничка и Гевгелиски партизански од...
05/09/2026

Kој го лаже министерот за транспорт и вицепремиер?
Што е тоа реновирано на улиците Железничка и Гевгелиски партизански одреди?
Министре ако си уште во Гевгелија направи обиколка ќе видиш што е реновирано.
А за улицата Климент Охридски во следна прилика!!!

Денеска, при посетата на претседателот на ДПМНЕ на Гевгелија, домаќинот сигурно ќе го праша зошто Гевгелија сè уште нема...
05/09/2026

Денеска, при посетата на претседателот на ДПМНЕ на Гевгелија, домаќинот сигурно ќе го праша зошто Гевгелија сè уште нема комунално возило за изнесување на смет.

Немаше во претходните пет години, нема ни сега. Можеби во некој следен период ќе има?

По сечењето на лентата во новата чаршија, не би било лошо градоначалникот својот претседател да го однесе и до месноста Милци.

Место со огромен потенцијал за развој и дом на мотокрос патека на која некогаш се одржувале сериозни, па и европски натпревари.

Наместо да се вложува во овој потенцијал, денес таму се одлага градежен шут и различен вид отпад. Не знаеме од која причина и со чија дозвола.

Наместо помош за уредување и одржување на патеката, за да може повторно да биде домаќин на големи европски настани и трки, Милци полека се претвора во депонија.

Гевгелија заслужува развој, а не отпад.
Милци заслужува патека и туризам, а не депонија.

Градоначалникот Андон Сарамандов имаше дадено јавно ветување дека до крајот на 2025 година ќе биде изготвена проектната ...
04/09/2026

Градоначалникот Андон Сарамандов имаше дадено јавно ветување дека до крајот на 2025 година ќе биде изготвена проектната документација за регионалниот пат од Живинарската фарма до Смрдлива Вода, односно делницата од фармата до влезот во населеното место Ново Конско.

Го покануваме градоначалникот да излезе на лице место, да направи увид и јавно да одговори: до каде е проектната документација и што конкретно е направено по ова ветување?

Последните три години, централната власт нема вложено ниту денар во овој регионален пат. За споредба, во 2022 и 2023 година беа вложени над 30 милиони денари.

Прашањето е едноставно: што се случува со овој пат денес?

Граѓаните од населените места не добија организиран превоз, постојните патишта не се реконструираат, а луѓето секојдневно се принудени да се движат по инфраструктура која не им обезбедува соодветни услови и безбедност.

Не бараме свечени ленти и убави изјави.
Бараме патишта, превоз и конкретни решенија.

А градоначалникот, наместо ново ветување, нека излезе на терен и нека покаже што е сработено досега.

🇲🇰 35 години независност. 35 години македонска државност.Од Илинден, преку АСНОМ до 8 Септември постои една јасна линија...
04/09/2026

🇲🇰 35 години независност. 35 години македонска државност.

Од Илинден, преку АСНОМ до 8 Септември постои една јасна линија на државотворност – борба за слободна, независна, демократска и европска Македонија.

На свечениот настан на СДСМ оддаваме почит на државничката визија на Киро Глигоров, човекот со историски заслуги за независноста стекната по мирен пат. Уште тогаш, во темелите на независноста, Европа беше поставена како наша национална цел.

Денес таа лекција е поважна од кога било.

Држава не се води со суети, поделби и лажен патриотизам. Држава се води со разум, одговорност и јасна визија за иднината.

Македонија предолго губи време. А со изгубеното време губиме и генерации – најскапото нешто што една држава може да го загуби.

🇪🇺 Затоа европската и социјалната агенда се едно исто прашање – прашање за иднината на Македонија и за иднината на нашите деца.

Наша обврска е да ја продолжиме државотворната линија и да ја движиме Македонија напред кон европското семејство.

🇲🇰 Македонија е сè што имаме.

Address

Gevgelia

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when СДММ Гевгелија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share