СДСМ Дојран

СДСМ Дојран Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from СДСМ Дојран, Public & Government Service, Маршал Тито, Dojran.

31/10/2025

Претседателот Филипче побара поддршка за кандидатите на СДСМ: Гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и после изборите!

🎙️ Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната завршна прес-конференција пред изборниот молк и денот на гласањето, испрати порака до граѓаните да го поддржат СДСМ и кандидатите кои покажаа дека знаат да работат искрено, чесно и посветено за интересите на своите сограѓани.

„Денеска е практично последен ден од кампањата за овие локални избори почнува изборниот молк, и би сакал да сумирам неколку работи и да упатам неколку пораки. Прво, упатувам честитки за сите наши кандидати кои се бореа за вториот круг, вкупно 17 општини. Покажаа што значи искрена борба, чесна борба, покажаа што значи директен контакт со граѓаните, покажаа што значи да се направат програми врз основа на сугестии, предлозите на граѓаните од своите средини и навистина истрчаа, би рекол, една добра кампања,“ истакна Филипче.

▫️Тој додаде дека кандидатите на СДСМ се луѓе кои не ветуваат само пред избори, туку секојдневно се со своите сограѓани и ги слушаат нивните потреби.

„Овие кандидати се избор за сигурност, стабилност и одговорност за градоначалници кои ќе им служат на граѓаните, а не на партијата. Тие нема да одговараат пред мене, туку пред луѓето кои ги избрале,“ нагласи Филипче.

▫️Претседателот на СДСМ Филипче исто така потсети на сите кандидати кои утре ќе се борат за довербата на граѓаните. Александар Трајановски во Аеродром, Перо Костадинов во Валандово, Гоце Милевски во Виница, Лазар Петров во Демир Капија, Ристо Џинев во Дојран, Ванчо Митев во Зрновци, Благој Илиев во Конче, Томе Христоски во Крушево, Ацо Велковски во Лозово, Соња Стаменкова во Македонска Каменица, Петар Мантев во Неготино, Драган Анастасов во Пробиштип, Даниел Крстевски во Ранковце, Стојан Николов во Росоман, Горанчо Крстев во Чешиново Облешево, Сашко Комненовиќ во Чучер Сандево и Горан Герасимовски во Центар.

„Утре граѓаните имаат шанса да изберат градоначалници кои ќе бидат со нив и после изборите. Луѓе кои работат за сите, кои ги знаат вистинските проблеми и имаат сила да ги решаваат. Затоа, мојата порака е јасна, гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и по 2 ноември, кои ќе работат во интерес на народот, а не на партиските централи,“ порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Директорот на ИПАРД Агенцијата ги крши изборните правила - во тек на работно време води партиска кампања на социјалните ...
31/10/2025

Директорот на ИПАРД Агенцијата ги крши изборните правила - во тек на работно време води партиска кампања на социјалните мрежи злоупотребувајќи службени канцеларии и вработени во Агенцијата !

Во текот на вчерашниот ден директорот на ИПАРД Агенцијата Илија Стоилев придружуван од кандидатот на ВМРО - ДПМНЕ Иле Тентов направија флагрантен прекршок на изборниот процес.

Имено истиот директор Илија Стоилев оддржува партиски состаноци и испраќа партиски пораки ВО ТЕК на работно време користејќи (читај : злоупотребувајќи) ги просториите на општина Дојран кои во знак на добра соработка беа отстапени на користење на ИПАРД Агенцијата и нејзините вработени од општина Дојран и градоначалникот Анго Ангов.

Освен што е тешка повреда врз изборните законски прописи - ова е и тешка бламажа за самата институција и човекот на кој му е доверено да ја води Агенцијата која имплементира европски фондови со поддршка на Европската Унија.

За ова прекршување на изборните правила и партиски состаноци и притисоци врз земјоделците и вработените во ИПАРД Агенцијата ќе бидат известени сите релевантни домашни институции но и Европската комисија која треба да се биде загрижена за начинот на кој се злоупотребува ИПАРД Агенцијата и нејзините ресурси.

5️⃣✊️
30/10/2025

5️⃣✊️

СДСМ, Избори, Локални избори, СЕ БОРИМЕ ЗА НАШИОТ ДОМ, за нашиот дом, Изборна програма

27/10/2025
13/10/2025

СДСМ, Избори, Локални избори, СЕ БОРИМЕ ЗА НАШИОТ ДОМ, за нашиот дом

Address

Маршал Тито
Dojran
1485

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when СДСМ Дојран posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to СДСМ Дојран:

Share