ЛК СДММ Демир Капија

ЛК СДММ Демир Капија Млади. Активни. Одлучни.
Градиме поправедно, еднакво и напредно општество

16/05/2026

😎👋Ако имаш од 18 до 29 години и сакаш да бидеш дел од промените во општеството? Имаш став, идеи и желба да направиш нешто повеќе? Тогаш ова е твојата можност! 👇

⛺📚 Летен камп „Трајче Нешковски“ 2026
🗓️ 2 – 5 јули 2026
🏨 Хотел „Десарет“, Охрид

💡 Ќе работиш на теми како:
✔️ социо-економска правда
✔️ еднаквост и заштита од насилство
✔️ добро управување и борба против корупција

🎤 Те очекуваат и Summer Talks со раководството на СДСМ, како и дискусии со претставници од Фондацијата „Макс ван дер Штул“ за младински активизам, демократија и европска перспектива.

📅 Рок за пријавување: 15 јуни 2026

✊Заедно посилни. Заедно погласни.

📲 Повеќе информации: https://progres.org.mk/leten-kamp-2026/

01/05/2026

Започнуваме со нов серијал авторски колумни - Progressive Pulse.

Во наредниот период, Прогрес Институт ќе објавува колумни посветени на важни општествени теми кои нè засегаат сите, со цел да поттикнеме размислување, јавна дискусија и поголема свесност за предизвиците на нашето време.

Првата колумна е посветена на 1 Мај и достоинствениот труд, а ја пишува Трајче Стојчевски, претседател на СДММ.

Прочитајте ја целата колумна на следниот линк:
https://progres.org.mk/blogs/1maj/

05/04/2026
27/03/2026
10/03/2026
✊🌹
06/03/2026

✊🌹

ИМА ДА НЕ ИМА! НЕМА ДА МОЛЧИМЕ! ✊

08.03 | БОГДАНЦИ | 12:00 ✊

23/02/2026

И оваа година Форумот на жени на СДСМ го организира традиционалниот осмомартовски марш! Се гледаме наши храбри другарки!

🗓️ 08.03 (недела)
⏰ 12 часот
📍 Богданци

По повод празникот на лозарите и винарите – Свети Трифун, СДММ Демир Капија упатува искрени честитки до сите лозари, вин...
14/02/2026

По повод празникот на лозарите и винарите – Свети Трифун, СДММ Демир Капија упатува искрени честитки до сите лозари, винари и граѓани кои со љубов и посветеност ја негуваат вековната традиција на нашиот крај.

Демир Капија е синоним за сонце, лозја и квалитетно вино. Вашиот труд, истрајност и знаење се двигател на локалната економија и гордост на целата заедница. Ние како млади социјалдемократи веруваме во поддршка на домашното производство, во развој на модерно и одржливо лозарство и во создавање услови младите да останат и да ја градат својата иднина токму тука.

Нека Св. Трифун донесе бериќетна година, полни визби и многу успеси.

На здравје и честит празник! 🍷

СДММ Демир Капија им посакува на сите граѓани многу здравје, мир и лична среќа во новата година.Нека 2026 биде година на...
01/01/2026

СДММ Демир Капија им посакува на сите граѓани многу здравје, мир и лична среќа во новата година.

Нека 2026 биде година на нови можности, на солидарност, меѓусебна почит и храброст за позитивни промени.

Со верба во младите, во заедништвото и во подобра иднина за нашата општина и држава, ви посакуваме среќна и успешна Нова Година ✨️

Address

Улица „11ти Октомври“
Demir Kapija
1442

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ЛК СДММ Демир Капија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share