04/06/2026
📢 Потпишан договор за реконструкција на улица „8 Март“ во Демир Капија
Денес во просториите на Општина Демир Капија беше потпишан договор за соработка помеѓу Центарот за развој на Вардарскиот плански регион и Општина Демир Капија за реализација на проектот „Унапредување на животниот стандард во Вардарскиот плански регион преку подобрување на патната инфраструктура“.
Со проектот е предвидена реконструкција на улица „8 Март“, за која се обезбедени средства во вкупен износ од 2.512.987,00 денари со ДДВ, додека Општина Демир Капија учествува со кофинансирање во износ од 282.731,00 денари.
Реализацијата на овој проект ќе придонесе за:
✅ Подобрена патна инфраструктура
✅ Поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот
✅ Подобри услови за живот на граѓаните
Проектот е поднесен до Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој за 2026 година и претставува значајна инвестиција во подобрувањето на локалната патна инфраструктура.