Владини проекти-Законска регулатива

  • Home
  • Macedonia
  • Debar
  • Владини проекти-Законска регулатива

Владини проекти-Законска регулатива ЗА ТАТКОВИНАТА!!!!ПРОДОЛЖУВАМЕ

Едновековното постоење и опстојување на ВМРО е директен одраз на борбата на македонскиот народ и на сите граѓани за национално ослободување и желбата за создавање на самостојна и суверена македонска држава.

ВМРО се појави како самостојна револуционерна организација, со цел да го организира, подготви и поведе македонскиот народ за национално ослободување.

Името ВМРО е трајно врежано во меморијата

на македонскиот народ и со неговиот идеал се водела битката до победоносниот крај за создавање на денешна самостојна и суверена Македонија.

Првиот чекор во создавањето на ВМРО, го направија група македонски интелектуалци, во есента, далечната 1893 година. Илинденското востание и Крушевската Република претставуваат круна на револуционерниот и ослободителниот стремеж на членовите на ВМРО за извојување на своја државност. ВМРО директно и индиректно зеде учество и во Младотурската револуција, во двете балкански и во Првата светска војна. По завршувањето на Втората светска војна и ослободувањето на Македонија, членовите и симпатизерите на ВМРО повторно ги воскреснаа историските идеи на Организацијата. Незадоволни и крајно разочарани, членовите на ВМРО беа главни носители на политичката опозиција во комунистичка Македонија. Неприфаќајќи го статусот на Македонија во рамките на југословенската федерација, членовите и симпатизерите на ВМРО организираа бројни тајни политички групи и организации. Најголемиот број од нив го носеа името ВМРО, а главна цел им беше: создавање на самостојна, независна и демократска македонска држава, со воспоставен систем на слободна и пазарна економија.

Борбата за самостојна Македонија продолжи и во периодот на стекнувањето на независност во деведесеттите години на 20. век. Тогаш, по основањето на 17 јуни 1990 година, новосоздадената партија ВМРО-ДПМНЕ беше единствената политичка сила која отворено се залагаше за одделување на Македонија од југословенската федерација, воскреснувајќи ја идејата за самостојна и суверена македонска држава, за заокружување на македонската државност и за меѓународно признавање на македонската држава, што денес во Република Македонија стана реалност.

ВМРО-ДПМНЕ, како наследник на историското ВМРО, секогаш беше на првата линија во борбата за демократско етаблирање на Република Македонија. Под закрила на оваа идеја, беше промовирана македонската валута, константно беше афирмирана политичката ориентација за членство на Македонија во Северноатланската договорна алијанса (НАТО) и за продлабочување на стратешкото партнерство со Соединетите американски држави (САД), беше поднесена првата декларација за членство на Македонија во Европската унија (ЕУ), беше подготвена и започна реализацијата на првата сеопфатна програма за економски препород и развој на Македонија...

Денес, ВМРО-ДПМНЕ е истрајна во намерата да ја извојува политичката битка за крај на транзицијата и за поскорешно етаблирање на Македонија во меѓународните односи, како полноправна членка на НАТО и на ЕУ.

10/10/2017

Најпрво проверете ја етикетата на облеката којашто сакате да ја “санирате”. Секако дека воопшто не е тешко да залута темно парче облека во морето од бела облека, а потоа и истото тоа парче облека да ги обои сите останати светли парчиња!

27/03/2015

Уште на самиот почеток од аферите „Пуч“ и „Бомби“ беше јасно дека и власта и…

www.fakulteti.mk/news/14-09-03/vrabotuvanje_vo_human_rights_watch_sad.aspx
15/09/2014

www.fakulteti.mk/news/14-09-03/vrabotuvanje_vo_human_rights_watch_sad.aspx

„Human rights watch“ е непрофитна невладина организација за човекови права која е составена од 400 членови од целиот свет. Помеѓу членовите има адвокати, новинари и академици со различни искуства. Организацијата вработува луѓе кои ќе започнат со работа во септември наредната година. Кандидатите мора…

Address

Ulica , 8-mi Septemvri, Debar
Debar
1250

Telephone

+38946834101

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Владини проекти-Законска регулатива posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share