Стефан Андоновски

Стефан Андоновски Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Стефан Андоновски, Government Official, Vilnius.

Министер за дигитална трансформација / Minister of Digital Transformation

Член на Извршен комитет,
Секретар за меѓународна соработка ВМРО-ДПМНЕ / Member of Executive Committee, International Secretary VMRO-DPMNE

Целта е да оставиме проекти по кои што ќе нè паметат граѓанитеВо вчерашното гостување во емисијата „За или против“ на Ал...
19/06/2026

Целта е да оставиме проекти по кои што ќе нè паметат граѓаните

Во вчерашното гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија разговаравме за тоа што е направено во изминатите две години во Министерството за дигитална трансформација, но и за предизвиците што се пред нас.

Кога го започнавме овој процес, нашата цел беше едноставна – да им го олесниме секојдневието на граѓаните преку побрзи, подостапни и поефикасни јавни услуги. Денес сè почесто слушаме примери од луѓе кои завршуваат административни постапки за неколку минути, наместо да трошат денови во редици и по шалтери. Токму тоа е најголемата потврда дека се движиме во вистинска насока.

Дигиталната трансформација не се гледа во нови згради или инфраструктурни објекти. Таа се гледа во времето што граѓаните го заштедуваат, во поедноставните процедури и во поефикасната работа на институциите.

Горд сум на сработеното досега, но уште повеќе сум мотивиран од тоа што останува да се реализира. Продолжуваме со истата посветеност – да создаваме решенија кои носат конкретна вредност за граѓаните и оставаат траен белег во модернизацијата на државата.

Во коментар е линк до целото интервју 🔴

133 години идеја. 133 години истрајност. 133 години борба за Македонија. 36 години ВМРО-ДПМНЕ 🔴⚫️Од историското ВМРО до ...
17/06/2026

133 години идеја. 133 години истрајност. 133 години борба за Македонија. 36 години ВМРО-ДПМНЕ 🔴⚫️

Од историското ВМРО до денешното ВМРО-ДПМНЕ, нишката што нѐ поврзува останува иста – љубовта кон татковината, вербата во сопствениот народ и стремежот кон слободна, силна и просперитетна Македонија.

Веќе 36 години ВМРО-ДПМНЕ исправено, достоинствено и одговорно ги брани вредностите во кои веруваат генерации Македонци. Низ предизвици, победи и тешки моменти, останавме верни на идејата дека Македонија секогаш мора да биде на прво место.

Со почит кон оние кои се вградија во оваа борба, со благодарност кон секој член, симпатизер и поддржувач, и со одговорност кон идните генерации, продолжуваме да работиме уште посилно, уште поодлучно и уште попосветено.

Среќен 36-ти роденден на ВМРО-ДПМНЕ!

За Македонија. За иднината.

🇲🇰 Македонија забрзува!

Дигиталниот простор денес е продолжение на реалниот живот. Најдобрата заштита на младите не е забраната, туку едукацијат...
16/06/2026

Дигиталниот простор денес е продолжение на реалниот живот. Најдобрата заштита на младите не е забраната, туку едукацијата.

Од денешниот настан, организиран со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, посветен на превенцијата на насилството кај младите.

Темата за младите за мене не започнува со функцијата министер. Таа започна многу порано, како младински активист и како дел од процесот на креирање на Законот за младинско учество и младински политики. И тогаш, и денес, верувам дека младите не треба да бидат само предмет на политики, туку нивни активни креатори.

Како Министерство за дигитална трансформација, нашата обврска е дигиталната трансформација да биде безбедна, одговорна и насочена кон граѓаните. Токму затоа работиме на механизми кои ќе придонесат за поголема заштита, едукација и подигнување на свеста кај младите, родителите и наставниците.

Еден од најзначајните чекори во таа насока е Центарот за побезбеден интернет – МКСафеНет, национална платформа за едукација, информирање и поддршка во областа на дигиталната безбедност.

Не можеме да ги отстраниме сите ризици од интернетот, но можеме да ги подготвиме младите да ги препознаат, да реагираат соодветно и да знаат каде да побараат помош.

15/06/2026

🔴 ВО ЖИВО: Следете го моето гостување во „Топ Тема“

Убави вести денеска од САД - силна потврда за напредокот на Македонија во сајбер безбедностаВладиниот Центар за одговор ...
14/06/2026

Убави вести денеска од САД - силна потврда за напредокот на Македонија во сајбер безбедноста

Владиниот Центар за одговор на сајбер инциденти (MKD-GOV-CSIRT) е примен како полноправна членка на FIRST – Forum of Incident Response and Security Teams, глобална мрежа на тимови за одговор на компјутерски безбедносни инциденти.

Особено е важно дека овој чекор се прави со домашни човечки и инфраструктурни ресурси од Министерството за дигитална трансформација и Секторот за сајбер безбедност, со стручна и техничка поддршка од нашите пријатели од САД и ЕУ. За Македонија ова е важен чекор во градењето посилен, професионален и европски систем за сајбер отпорност.
Ова членство значи поголема меѓународна доверба, побрза размена на информации, пристап до експертиза и подобра координација при справување со сајбер закани. Со ова, завршуваме уште еден чекор од Реформската агенда со рок 30 јуни 2026 година и отклучуваме нови средства од Планот за раст.

Продолжуваме да инвестираме во капацитетите на службите за одговор на сајбер инциденти, во заштитата на институциите и во безбедноста на дигиталните услуги за граѓаните и компаниите.

Роаминг како дома со ЕУ — реални придобивки за граѓаните 🇲🇰🇪🇺На денешниот министерски состанок со Европската комисија и ...
12/06/2026

Роаминг како дома со ЕУ — реални придобивки за граѓаните 🇲🇰🇪🇺

На денешниот министерски состанок со Европската комисија и министрите од Западен Балкан, посветен на иницијативата „Roam Like at Home“ — „Роаминг како дома“, истакнав дека за нас ова не е само усогласување на регулативата туку конкретна и видлива придобивка за граѓаните, компаниите, студентите, туристите и целата економија. Исти услови за повици, смс пораки и интернет во цела Европа.

Во изминатиот период
✅ подготвивме Акционен план
✅ подготвивме законодавен и регулаторен пакет
✅ спроведовме јавни консултации со релевантните телеком оператори и други засегнати страни
✅ го доставивме пакетот закони на мислење до Европската комисија

Ова покажува дека сме подготвени, посветени и институционално организирани да го движиме процесот напред. Продолжуваме со преговори со Европската комисија и со сите партнери, со јасна цел — „Роаминг како дома“ да стане реалност за нашите граѓани.

Скопје е домаќин на Western Balkans Digital Transformation Accelerator — важен регионален бизнис настан организиран од а...
11/06/2026

Скопје е домаќин на Western Balkans Digital Transformation Accelerator — важен регионален бизнис настан организиран од американскиот Стејт Департмент, во соработка со CLDP и со поддршка од Digital Connectivity and Cybersecurity Partnership.

Вчера имав можност да ја отворам регионалната бизнис конференција која трае два дена во Скопје. Во фокусот на дискусиите се дигиталната трансформација, доверлива ИКТ инфраструктура, сајбер безбедноста, облак технологиите, вештачката интелигенција и финансирањето на идните дигитални проекти.

Мојата порака е јасна: дигиталната трансформација не е само модернизација на услугите. Таа е прашање на економска конкурентност, национална безбедност, институционална отпорност и доверба на граѓаните.

За Македонија, но и за целиот Западен Балкан, клучно е да градиме безбедни, доверливи и одржливи дигитални системи, во партнерство со демократски сојузници и доверливи технолошки компании.

Нашата цел е граѓаните и компаниите директно да ги почувствуваат резултатите: помалку бирократија, побрзи услуги, поголема транспарентност и посигурни дигитални решенија.

Благодарност до U.S. Embassy Skopje, U.S. Department of State, CLDP и DCCP за организацијата и за континуираната поддршка на дигиталниот развој на регионот.

Прекрасен крај на учебната година во Брвеница. Денес со убав настан го започнавме проектот „Училишта на 21 век“ — инвест...
10/06/2026

Прекрасен крај на учебната година во Брвеница. Денес со убав настан го започнавме проектот „Училишта на 21 век“ — инвестиција во дигитални вештини, критичко размислување и практично учење за најмладите.

Проектот се реализира во партнерство со Британскиот совет и Британската амбасада, Македонски Телеком и Министерството за дигитална трансформација, со заедничка поддршка од над 350.000 евра.

Во оваа фаза ќе бидат опфатени 100 училишта, со фокус на учениците од 9 и 10 години. Ќе се обучат 1.000 наставници, а училиштата ќе добијат micro:bit уреди и потребна опрема за практична настава. Нашата цел е јасна: учениците да не бидат само корисници на технологија, туку да учат како да создаваат, размислуваат логички, решаваат проблеми и работат со современи дигитални алатки.

Проектот предвидува и онлајн консултации, онлајн micro:bit курс, како и два Coding Challenge настани, преку кои учениците ќе можат да ги покажат своите идеи, креативност и знаење.

Ова е вистинската дигитална трансформација во образованието — кога технологијата влегува во училницата, но со јасна цел: подобро знаење, повеќе вештини и поголема самодоверба кај секое дете.

Продолжуваме да инвестираме во генерации кои ќе бидат подготвени за економијата и општеството на 21 век.

09/06/2026

СМАРТ-лиценците значат повеќе транспарентност, помалку бирократија и поголема доверба во институциите.
Со новиот електронски систем, лиценците што ги издава државата ќе можат да се издаваат, следат и проверуваат електронски — преку регистар и QR код.

Граѓаните ќе можат веднаш да проверат дали една лиценца е важечка, а компаниите полесно да аплицираат и да го следат својот предмет, без непотребно доставување документи кои институциите веќе ги имаат.

Системот веќе функционира во Министерството за дигитална трансформација, а следниот чекор е негово проширување и во други институции.
Дигитализацијата мора да значи едноставни процедури, помалку простор за субјективност и поефикасна држава.

#дигиталнатрансформација #македонија

09/06/2026

🔴 ВО ЖИВО: Следете го моето гостување во „Тема на денот“ на Сител ТВ

Address

Vilnius
1216

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Стефан Андоновски posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Стефан Андоновски:

Share