19/12/2025
Денес во Битола свечено беше отворен Австрискиот почесен конзулат.
За почесен конзул на Република Австрија во Република Северна Македонија е именуван Игор Божиновски.
На свеченото отворање се обратија Амбасадорот на Република Австрија во Северна Македонија, г. Мартин Памер, Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, г. Тимчо Муцунски и Градоначалникот на општина Битола, г. Тони Коњановски.
Почесниот конзул Игор Божиновски во своето обраќање ги поздрави присутните и ја истакна важноста на отворањето на Конзулатот како придонес кон унапредување на билатералните односи, економската и културната соработка меѓу Австрија и Северна Македонија, како и поддршката на австриските државјани во регионот.
Отворањето на Австрискиот почесен конзулат во Битола претставува значаен чекор за јакнење на меѓународната соработка и дипломатското присуство во југозападниот дел на државата.
🇦🇹🇲🇰
📸 Aleksandar Kotevski
Österreichische Botschaft Skopje/Austrian Embassy Skopje