23/07/2026
Веќе 5 години Центар за поддршка на згрижувачки семејства- Битола расте заедно со згрижувачите и децата згрижени во нивните домови!
Не беше секогаш лесно... Патот на згрижувањето носи секојдневни предизвици. Сепак, низ сиве овие години, успеавме да изградиме цврст систем на поддршка, професионално водство и меѓусебна доверба.
Овој петгодишен јубилеј е доказ за нашата заедничка издржливост и посветеност. Благодарение на неуморната работа на нашиот тим, несебичноста на згрижувачките семејства, нашите партнери и соработници создававме безбедна, топла и поддржувачка средина за секое дете на кое му е потребна љубов и грижа!
И понатаму остануваме посветени на нашата мисија — да бидеме сигурен и посветен партнер и столб на поддршка за секое семејство, унапредувајќи го квалитетот на грижата и градејќи посветла иднина за сите деца!