11/09/2026
📍 Утрово имавме прекрасна средба со претставници од Порака Нова од Битола (Association New Generations Social Innovators for Inclusion) и гости од DRUSTVO STUDENTSKI KULTURNI Center - Škuc, од Љубљана, партнери од Словенија кои деновиве се на студиска посета во Битола, во рамки на проект кој го спроведуваат- Инклузивна културна едукција-размена на нови практики за креирање нови пристапи во културната едукација.
На гостите им презентиравме дел од нашите проекти за пристапност и инклузија, методологија, пристап и резултати и видови на едукативни и инклузивни работилници.
🤝 Претставниците од двете организации остварија средба со директорката Маргарета Спасов при што доделија благодарница за соработката.
Гостите имаа можност да ја посетат постојаната поставка, Спомен собата на Мустафа Кемал Ататурк, Спомен собата на Кирил Македонски и да добијат повеќе информации за културното наследство во Битола.
PORAKA NOVA
Margareta Spasov
Irena Ruzin
Jove Pargovski
Biljana Stefanovska